Skip to main content

Автор: Мишел Наумоски

Недостигот на вода-светски проблем

Post Views: 209 Во Македонија има добар хидролошки режим, но сеедно се дава придонес во насока на справување со климатските промени-вели министерот за животна средина и просторно планирање, Абдулаќим Адеми.Проблемот со климатските промени ги засега сите држави во светот, па оттука и справувањето со нив е задача и обврска на сите. Петтата BALWOIS меѓународна конференција за води, клима и животна средина се занимава токму со овие прашања. Неа ја отвори министерот за животна средина и просторно планирање на Република Македонија, Абдулаќим Адеми кој изрази надеж дека оваа конференција...

Продолжи со читање

Каде оди мојот град-на трибина запраша ВМРО-ДПМНЕ

Post Views: 183 Каде оди мојот град? Ова е краткото прашање кое го поставија членовите на ВМРО-ДПМНЕ од Охрид. Одговорите кои ги понудија на денешната трибина  беа далеку побројни и пообемни. Се дискутираше за културата, туризмот, функционирањето на локалната самоуправа, урбанизмот. „На Охрид му требаат промени, кадровски, промени на менталниот склоп, му треба младина која сака да дава, а не да зема од градот.“ -вели Дејан Паноски-советникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ. Како клучен проблем во функционирањето на општината тој ги наведе јавните претпријатија.„Стоиме на ставот дека јавните...

Продолжи со читање

Безбедноста-императив за Западен Балкан

Post Views: 203 Нато и Европската унија се иднината на Западен Балкан пред се од безбедносен аспект. Ова е една од поентите истакнати на денешната меѓународна конференција. За „Безбедноста и евроатлантските перспективи на Балканот“ со свој говор се обрати министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска. Таа потенцираше дека делувањето на безбедносните институции на Република Македонија истовремено делува и на сопствената, но и на регионалната безбедност.„Во изминатиот период во Македонија беше конституирана една мошне солидна регулативна и институционална основа за натамошна...

Продолжи со читање

Германски искуства: Охрид да тежнее кон одржлив туризам

Post Views: 197 Културно-историската вредност на Охрид е непроценлива и мора да се чува. Одржливиот туризам е насоката во која градов треба да се движи, барем според советите на германците од универзитетот за одржлив развој од Еберсвалде и фондацијата за заштита на природата. „Во Охрид доаѓаат многу туристи кои ја менуваат и и наштетуваат на природната средина, затоа ние сакаме да реализираме проекти кои ќе го поддржат развивањето на одржливиот туризам во Охридскиот регион.“-смета д-р Улрих Вите, генерален секретар на германската фондација за заштита на природата.  „Јас не можам да...

Продолжи со читање

Европски и Крив слатководен рак-наши малку познати соседи

Post Views: 532 Astacus astacus и Potamon fluviatile, изгледаат чудно исто како што звучат. Ова се двата видови на слатководни ракови кои што живеат кај нас. Првиот,  Astacus astacus или Европски слатководен рак се среќава почесто, додека  Potamon fluviatile или Кривиот слатководен рак е далеку поредок. Европскиот рак може да се сретне низ целото Охридско Езеро, додека Кривиот се среќава исклучиво на територијата помеѓу Калишта и Радожда, а го има и во целиот албански дел. Овој рак пред околу 25 години го имало во многу поголеми количини, но отприлика во тој период во скоро сите води...

Продолжи со читање

Охриѓани без вода-ПРОАКВА чистеше резервоари

Post Views: 198 Охриѓани денес во најголемиот дел од денот останаа без вода. Причина: најавената акција на меѓуопштинското јавно претпријатие „ПРОАКВА“ за чистење од талог на градските резервоари. Службите на претпријатието пред се ги сервисираа главните резервоари на локалитетот „Студенчишта“ преку кој, околу 70 проценти од градот се снабдува со вода за пиење, а има капацитет од над 3000 метри кубни. „Денес во Проаква презедовме една поширока акција која е неминовна еднаш во годината мора да ја извршиме. Се работи на неколку сегменти, прво и основно се чистат главните резервоари,...

Продолжи со читање

Фондот за пензиско очи в очи со Охриѓани

Post Views: 301 Само дваесетина пријавени граѓани за средбата со претставниците од Фондот за пензиско и инвалидско осигурување. Заинтересираните граѓани, оние кои имаат реални проблеми поврзани со Фондот, имаа рок до 18ти овој месец да ги достават своите прашања со што Фондот би добил време да го разгледа нивниот проблем. Или Охриѓани немаат никакви проблеми околу своите пензиски права или се слабо информирани или пак се незаинтересирани. Од оние присутните, најмногу прашања имаше околу непризнаените години работен стаж и неостварените права од странски пензии.„Бидејќи се ова регионални...

Продолжи со читање

Спортски празник за пензионерите од југозападниот регион

Post Views: 337 Над 130 пензионери во 11 спортски дисциплини си ги одмерија силите. 17тите по ред регионални спортски пензионерски натпревари ги опфатија здруженијата на пензионери од Охрид и Дебрца, Струга и Вевчани, Дебар и Центар Жупа, Кичево и Македонски брод. Се трчаше на 60 и 80 метри, се фрлаше ѓуле, се тегнеше јаже и уште многу други дисциплини. Фаворити на овој регионален натпревар, се разбира домаќините.„Во претходните 16, Здружението на пензионери на Охрид и Дебрца ги освојуваше првите места екипно и се надевам и оваа година тоа ќе се случи бидејќи без скромност сме припремени...

Продолжи со читање

Охридски матурски „квадрил“

Post Views: 255 Охридскиот плоштад денес зрачеше со позитивна енергија. Точно на пладне, буквално сите охридски матуранти го изиграа матурскиот танц. 400 деца во сини и црвени маички заедно со нивните врсници од неколку европски земји го играа „квадрилот“, а и добро се забавуваа. Оваа година помасовно од било кога матурантите од нашиот град, потоа од Струга, Ресен, Струмица, Гевгелија и Скопје, тргнаа во поход кон Гинисовиот рекорд во групно танцување. Еве дел од нивните импресии.„Супер беше, прекрасно. Малку беше напорно, ама сепак одлично. Се надевам и дека ќе го срушиме рекордот.“„Не...

Продолжи со читање

Трошоци за живот или трошоци за преживување?

Post Views: 188 Цените растат, буџетот на обичниот граѓанин закован за дното. За жал се поплитки стануваат џебовите на македонецот, па се повеќе основните потреби стануваат луксуз. Ако некогаш се знаеше кои се основни, а кои луксузни потреби, сега и таа граница како полека да се брише. Од месец во месец трошоците на живот се зголемуваат, а платите не мрдаат од место. Овој период не зафатија и матури, а токму цените на облеката и обувките најмногу скокнале во споредба со претходниот месец и тоа за 2,3 проценти. Ех да беше само тоа, ама не е. И храната и пијалоците скокнале за 1,6 насто,...

Продолжи со читање

Очните болести веќе не се болест на постарите

Post Views: 332 Дијабетичната ретинопатија, глаукомот и сенилната дегенерација се трите најчести причини за појава на слепило во Република Македонија. Но ако некогаш очните болести биле сметани за најчесто старечки болести, сега таа граница скоро и да не постои. Кај младата генерација намалувањето на видот е најчесто како последица на вродени рефракциски аномалии односно кратковидост, далекувидост и кривење на очите. Зголемените сончеви и космички зрачења, седењето во зачадени, климатизирани простории како и минување многу време пред компјутер или телевизор се само дел од мноштвото...

Продолжи со читање

Предновогодишна музичка магија во струшката чаршија

Post Views: 201 Онаму каде што допира музиката, не успева да допре ништо друго. Музика, ноти, хармонии кои ја загреваат душата и празничната атмосфера ја прават да биде токму празнична. Втора година со ред, за празничниот дух, се погрижија талентираните средношколци од државното средно музичко училиште „Тодор Скаловски-Тетоец“ од Струга.„Лани овој концерт помина добро, народот дојде и не слушна, виде дека постоиме, па се одлучивме и оваа година да го направиме истиот концерт во близина на новогодишните празници и се надевам дека ова ќе ни прерасне во традиција, да создадеме еден концерт...

Продолжи со читање