Skip to main content

Автор: Мишел Наумоски

Од концерти право на интерно

Post Views: 9 Забавите и концертите кои се карактеристични за Охрид во овој период, стануваат меч со две острици. Се почесто она што започнува како добра забава, знае да стане најголем кошмар. За жал, главна улога во оваа приказна имаат се поголем број на млади луѓе. Токму ова е причината, интерното одделение при Општата болница, овие денови да има полни раце работа. Оттаму ни велат дека младите се почесто си ги продолжуваат ваквите забави во своја режија, и за жал завршуваат токму на интерното одделение. Причина-предозираноста со алкохол. Д-р Сашо Василевски, специјалист...

Продолжи со читање

Охриѓанец добитник на Рено Твинго од Државна лотарија на Македонија

Post Views: 12 Охриѓанецот, Дејан Петрески е среќниот добитник на еден од автомобилите од наградната игра на Државна лотарија на Македонија, „Твинго манија“. Петрески денес и официјално ги доби клучевите од својот нов автомобил, Рено Твинго. И Дејан и неговото семејство пресреќни со добиената награда за која велат дека било вистинско изненадување за нив.„Автомобилот го изгребив минатиот четврток во Together салонот во охридската чаршија и таму ми кажаа дека сум добитник на Рено Твинго. Секој што греби треба да се надева дека ќе добие некаква награда. На охриѓани би им порачал:...

Продолжи со читање

Работното лето на СДСМ ќе има и второ полувреме

Post Views: 8 Продолжува работното лето на СДСМ во Охрид. По вчерашните посети на општина Дебрца и населените места во охридско, денес градоначалникот Петрески и највисокото раководство на СДСМ стационирани пред Чинарот. Оттаму ги повикаа охриѓани да го кренат гласот на изборите во 2013 година. Потретседателот на СДСМ, Зоран Јовановски, рече дека поради успешноста на нивниот проект „Работно лето“, донеле одлука да одиграат и второ полувреме кое ќе го спроведуваат во текот на Август, Септември и Октомври. Јовановски истакна дека посетата на Охрид е исклучително значаен дел од...

Продолжи со читање

ВМРО-ДПМНЕ: Охриѓани ќе го казнат Петрески на локалните

Post Views: 5 Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ со прес конференција контра нивните лути ривали градоначалникот Петрески и лидерот на СДСМ, Бранко Црвенкоски. Тие велат дека денес повторно се воспоставува коалицијата Петрески-Црвенкоски. „Коалицијата Бранко Црвенкоски и Александар Петрески го жртвува Охрид за да ги задоволи интересите само на сопствената тајфа.“-рече претседателот на ОК на ВМРО-ДПМНЕ, Атанаско Михаилов. Со оваа коалиција од ВМРО-ДПМНЕ велат дека Охрид го доби најголемото понижување. Обвинија дека ова е коалиција која 8 години го истоштува Охрид и финансиски и...

Продолжи со читање

ВМРО-ДПМНЕ: Имаме решение за проблемот со водата во Лескоец

Post Views: 6 Проблемот со немањето на вода никако да ги напушти лесковчани. Уште едно лето велат во најтоплите денови од годината немаме вода за пиење. Со цел решавање на нивниот долгогодишен проблем формирале и иницијативен одбор за довршување на водоводната но и на канализационата мрежа. Тие ни покажаа и барање кое го доставиле до Министерството за транспорт и врски во кое бараат решавање на нивниот проблем.„Село Лескоец е некаде од 4 до 5000 граѓани меѓутоа вода сеуште немаме. Да не навлегуваме во политика, еден дел од селово има вода, во Скребатска маала, таму се прави,...

Продолжи со читање

Традиционална полска вечер на Охридско лето

Post Views: 5 Црквата Света Софија по кој знае кој пат ќе ја понуди својата совршена акустика за уште едно музичко доживување на Охридско лето. Овој пат, на репертоарот е полската вечер која веќе традиционално претставува дел од нашиот најреномиран фестивал. Соработката помеѓу Охридско лето и полската амбасада изминативе години се покажа како цврста врска и мост помеѓу нашата и полската култура. За нераскинливата алка помеѓу Охридско лето и Полска проговори претставникот од полската амбасада во Македонија, Марта Пжемиосло.„Благодарам на овој настан. Ова е трета година како имаме...

Продолжи со читање

Осветени конаците на манастирот Свети Стефан во Охрид

Post Views: 12 Оваа пештерска црква нуди прекрасен поглед на езерото, со што им нуди одлична можност за одмор, на сите кои сакаат да го посетат.„Камен-темелникот го осветивме во Октомври месец, па за брзо време, со Божја помош го изградивме. Внатре имаме сместување за 16 лица со заедничка кујна. Тие се апартмански опремени, може да доаѓа секој наш македонец или било кој што живее овде, да престојува во летниот период.“-рече Отец Сашо.Отец Сашо вели дека сеуште не е точно дефинирана цената на престој во конаците, но сега засега ќе изнесува 400 денари, што вели е поефтино од...

Продолжи со читање

Графиките од „Светлина на Цар Самоил 46“-во куќата на Робевци

Post Views: 8 Куќата на Робевци понуди одличен амбиент за првата и веројатно најзначајната охридска изложба во творештвото на магистер Маја Рауник Кирков. Графиките се изработени во две техники и тоа техника на висок печат кој се карактеризира со линиски третман и техника на дигитални графики кои авторката вели се посебна провокација и инспирација за неа. „Оваа изложба ја подготвував скоро цел живот затоа што инспирација за оваа изложба е сликата која што ја видовме „Пенџерето на мојата куќа“, а тоа е мајка ми осветлена од една преубава светлина и таа слика нема само историско...

Продолжи со читање