Автор: Мишел Наумоски
Post Views: 7 Националната установа Библиотека „Григор Прличев“, денес, со еден свој несекојдневен проект, му укажа достојна почит на големиот великан на охридската, македонската и светската литература, Григор Прличев. Во рамките на одбележувањето на 6ти Февруари, беше промовирано аудио ЦД на кое се запишани досега малку познати детали од животот на Прличев се до објавувањето на неговата монументална поема „Сердарот“.„Цеде-то е многу квалитетно изработено, изработувач беше Славчо Спростран и веднаш штом прифати да го направи, да го изработи, јас бев сигурна дека ќе добиеме...
Со положување на цвеќе на бистата на Прличев продолжи чествувањето на големиот поет
Post Views: 9 Денес беше положено цвеќе на бистата на големиот македонски и охридски поет, Григор Прличев. Претставници од локалната самоуправа, институции, уметници и почитувачи на делото на Прличев му оддадоа почит на охридскиот великан. Пред неговата биста беше одржана и литературна беседа од страна на претставници од охридското Друштво на писатели. Чествувањата на Прличев продолжуваат во текот на целиот ден, со презентација на ЦД-то „Сердарот“ во рамките на НУ Библиотека „Григор Прличев“, како и Прличевите беседи и славењето на патронатот на ОУ „Григор Прличев“. {loadposition...
Наставниот кадар од охридските основи училишта се обучува за укажување прва помош
Post Views: 10 Наставниците од основните училишта од градов се обучуваат за укажување на прва помош. Обуките ги спроведува општинската организација на Црвениот крст од Охрид, а самите курсеви се организираат на иницијатива токму на наставниците. Освен теоретската обука, тие имаат можност и практично да укажуваат прва помош, но и да ги погледнат едукативните видеа изработени од страна на Црвениот крст од Охрид. Наставниците, на овие обуки имаат можност да се запознаат со најчестите повреди и здравствени состојби кои може да се појават, од срцеви, мозочни удари, ангина пекторис,...
Василевски: „Со наградата Григор Прличев го заокружувам моето четири децениско творештво“
Post Views: 4 Со уметничка изведба на поемата „Азбукословецот“, денес во свечена атмосфера беше доделена наградата „Григор Прличев“. Претставници од културниот, политичкиот живот, гости, уживаа во звуците на хорот при Центарот за култура „Григор Прличев“. Добитникот на наградата „Григор Прличев“, Иван Василевски, годинешниот лауреат, ја потенцираше врската помеѓу светиот Климент и ловороносецот, Прличев како и животното мото на Прличев „Совршенство или смрт“. „Ова високо признание за мене претставува огромна чест и мотив повеќе да го заокружам моето четири децениско творештво со...
Лауреатот Василевски ја доби наградата „Григор Прличев“
Post Views: 8 Со уметничка изведба на поемата „Азбукословецот“, најдобрата поема за 2013та година, денес во свечена атмосфера беше доделена наградата „Григор Прличев“. Претставници од културниот, политичкиот живот, гости, уживаа во звуците на хорот при Центарот за култура „Григор Прличев“. Пригодна реч за големиот охридски поет, Прличев кажаа и директорката на Центарот за култура, Драгана Боцеска, како и претседателката на советот на општина Охрид, Гордана Коњановска. Добитникот на наградата „Григор Прличев“, Иван Василевски, годинешниот лауреат, ја потенцираше врската помеѓу...
Пререгистрација за невработените охриѓани во ФЗОМ
Post Views: 8 Невработените лица и лицата со ниски примања треба да се пререгистрираат во подрачните одделенија на Фондот за здравствено осигурување на Македонија. Сите невработени охриѓани кои во текот на изминатата година не оствариле приходи или пак оствариле приход кој не ја надминува законската рамка, треба лично да ги посетат подрачните одделенија на Фондот и да извршат пререгистрација, а за таа цел потребна им е само лична карта и изјава за остварени приходи која ќе ја добијат на шалтерите во Фондот.„Во текот на оваа пререгистрација се потребни само пополнување на...
Осигурените лица на товар на државата да се пререгистрираат
Post Views: 10 Невработените лица и лицата со ниски примања треба да се пререгистрираат во подрачните одделенија на Фондот за здравствено осигурување на Македонија. Оваа редовна процедура за осигурениците кои се осигурени на товар на државата, се врши со пополнување на изјава на осигурениците дека не оствариле приходи во текот на изминатата година или пак дека приходот кој го оствариле не надминува 96.600 денари. Пререгистрацијата на невработените лица започнува од денес, а рокот за пријавување на шалтерите на Фондот за здравствено осигурување трае до 31 Март 2014 година. Доколку...
Охриѓани ќе се смеат до солзи со комедијата „Ах, жени, жени“
Post Views: 6 Денес охриѓани ќе се смеат до солзи со комичната монодрама „Ах, жени, жени“.Оваа претстава ќе биде во изведба на познатиот охридски актер Ташко Лабровски. Тој вели дека во претставата се зборува за недостатоците на жените, гледани од машка страна, прикажани на еден комичен начин. Во шега Лабровски вели дека жените се перфектни и немаат никакви недостатоци, па дека тоа само по себе и дава комичен израз на претставата. Еве зошто ја избрал токму оваа претстава.„Од досегашното искуство, охриѓани најмногу сакаат комедии, доаѓаат на комедии. Затоа ја користам можноста да...