Skip to main content

Автор: Мишел Наумоски

Лесковчани до крајот на 2014та ќе добијат фекална канализација-уверуваат од локалната

Post Views: 9 Лесковчани добиваат фекална канализација до крајот на годинава. Локалната самоуправа најави конечно решавање на овој горлив проблем со кој лесковчани се соочуваат долги години наназад. Портпаролот на општина Охрид, Томе Џамтоски вели дека веќе е завршена првата фаза од проектот за изградба на канализацијата која се однесувала на трасирање на канализационата мрежа и решавање на имотно-правните односи, а Министерството за транспорт и врски веќе го објавило тендерот за спроведување на клучните втора и трета фаза, односно самата изградба на мрежата.„Се надеваме дека по...

Продолжи со читање

Локалната ќе спасува колку може повеќе од Студенчишкото блато

Post Views: 7 Локалната прави напори за придвижување на процесот за ревитализација на Студенчишкото блато. Според градоначалникот Никола Бакрачески, ова природно богатство уште пред триесетина години го загубило својот вистински лик, а во моментот претставува во најголем дел една депонија за градежен отпад. Бакрачески вели дека просторот кој ќе биде опфатен со проектот за ревитализација на блатото е направен во консултација со сите надлежни институции од областа на екологијата како и со претставници од Германската агенција за соработка која ја изработила студијата и проектот за...

Продолжи со читање

Српската заедница во Охрид денес го чествуваше својот светец-заштитник, Свети Сава

Post Views: 6 Со црковна молитва, запалени свеќи и традиционалното сечење на светисавскиот колач, денес, припадниците на заедницата на србите во Охрид и Македонија го одбележаа својот светец-заштитник, Свети Сава. За организацијата и одбележувањето на овој најголем празник за српската заедница се погрижи српско-македонското друштво „Коштана“ од Охрид.„Во различни градови различно го празнуваат, на пример во Скопје го одбележаа вчера, во Битола го прават неколку дена однапред како „Светисавски бал“, а ние со традиција, сите седум години го славиме како слава, Свети Сава, ние...

Продолжи со читање

Македонија дел од европската елита во мешани боречки вештини

Post Views: 4 Македонскиот ММА тим избори место во елитната професионална Европска ММА лига. Ова големо европско натпреварување за прв пат се формира годинава, а дел од него ќе бидат и нашите борци. Според координаторот на Македонскиот ММА тим, Марјанчо Лазарески, оваа европска лига ќе значи и огромна можност за анонимни борци да дојдат до израз и да добијат соодветно признание.„Ние успеавме да влеземе во првите 16 земји. Учествуваат само 16 земји, а не влегоа земји како Русија, Грција, Бугарија. Ние успеавме да влеземе под нашето уставно име, Република Македонија. Тоа е...

Продолжи со читање

„Децата на Марија“, нова книга која Култура 365 ја подарува на охридските читатели

Post Views: 10 Култура 365 во акцијата „Недела на книгата“ на охриѓани им го подарува романот „Децата на Марија“. Оваа книга е дел од творечкиот опус на познатиот струшки писател, Петко Шипинкаровски. Овој роман е второ четиво кое Шипинкаровски го напишал од областа на историјата. Романот го обработува периодот околу Првата светска војна, а дејствието е сместено во Мариово, за време на протерувањето на македонското население од селата и неговиот егзодус во Мегленско, Тиквешко и Битолските краишта.„Децата на Марија е вистинска приказна за едно семејство, конкретно од едно од тие...

Продолжи со читање

Голем интерес за бесплатната обука за идните мајки

Post Views: 9 Охриѓанките кои очекуваат принова но и оние кои планираат проширување на семејството, покажале голема заинтересираност за бесплатниот курс на Црвениот крст за правилна грижа за новороденчињата. Ваков курс Црвениот крст организирал и пред три години, но велат дека курсот кој што сега го нудат е проширен и опфаќа повеќе области, а не само делот за правилно доење и правилна исхрана кај децата. „Овој пат го прошируваме, акцентот го ставаме повеќе на мајките и тоа како треба да се подготвуваат за време на нивната бременост. Понатаму сите оние фази кои што следуваат во...

Продолжи со читање

Двојна среќа за фаќачот на крстот, Петар Рупески-денес го фати и бурето со црвено вино

Post Views: 23 Традиционално како и изминативе години, денес на „Денот на рибарите“ се фрлаа петте буриња со вино. Од нив, само едно е полно со црвено вино, а оној кој ќе го фати ова буре, добива Божји благослов и дарови од здружението за целосна афирмација на Македонската православна црква „Богојавление“. Оние кои ќе скокаат по бурињата, најпрво палат свеќи за здравје, а од црква заедно со црковните симболи се упатуваат на пристаниште. Денешниот ден донесе двојна радост за фаќачот на светиот крст, Петар Рупески.„Многу сум познат овие два дена на телевизија. Оваа година ми е...

Продолжи со читање

Заедничка хуманитарна акција на локалната самоуправа со кумот на Водици 2012, Ванчо Чифлиганец

Post Views: 4 Во очи големиот христијански празник Богојавление-Водици, локалната самоуправа на чело со градоначалникот Никола Бакрачески, во соработка со поранешниот кум на Водици, Ванчо Чифлиганец, денес поделија хуманитарни пакети на социјално загрозените семејства во Охрид. Со доделените пакети, градоначалникот Бакрачески вели дека ќе се обидат да дадат мал допринос во помагањето на оваа категорија на граѓани.„Ние како локална самоуправа неколку пати напоменавме дека еден од приоритетите на оваа локална самоуправа ќе биде континуирано помагање на социјално загрозените...

Продолжи со читање