Автор: Мишел Наумоски
Post Views: 11 Во фантастична атмосфера, преполнетата сала во Билјанини извори не можеше да ги собере сите кои сакаат да бидат дел од концертот на една од најголемите музички ѕвезди на Балканот, неповторливиот Жељко Јоксимовиќ. Нешто повеќе од два часа траеше мега концертот на кој охриѓани едногласно ги пееја песните на Јоксимовиќ. Нашата екипа имаше екслузивна можност да поразговара со познатата ѕвезда.„Патувавме едно шест и пол часа и воопшто не е проблем. Кога публиката е онака позитивна, јас уживам во концертот и не само јас, туку и целиот мој бенд, потполно сме подготвени за...
Охриѓани уште триесетина дена ќе можат да уживаат во лизгалиштето
Post Views: 12 Изминува половина од предвиденото време во кое охриѓани ќе можат да уживаат во градското лизгалиште, новата забавна содржина на градскиот плоштад. Уште од неговото поставување на 24ти Декември, во јавноста провејуваа различни мислења, од тоа дали е потребно, потоа дали е одбрана вистинската локација до тоа дека лизгалиштето е вистински погодок и атракција и за домашните, и за туристите. Екипата на ТВМ излезе на лице место па ги запраша што за него мислат оние кои лизгалиштето го користат единствено за тоа…за лизгање. Еве што ни кажаа децата кои ги затекнавме...
Институтот за социо-културна антропологија ќе става научен печат на христијанскиот празник Водици
Post Views: 11 Научната и светата јавност од регионот, Европа, но и светот, за Водици доаѓа во Охрид. Причина е втората по ред меѓународна конференција за културно наследство, медиуми и туризам на која учество и свој придонес ќе дадат околу шеесетина научници од областа на културното наследство.„Ќе ги согледуваме најновите истражувања и резултати од областа на затштитата на културното наследство и валоризација на сето тоа во туристички цели и нормално тука може да помогнат медиумите заради подобра афирмација, презентација и истражување. Јасно е дека и Македонија, и регионот...
До крајот на месецов, ќе се објави тендерот за изградба на затворениот пазар
Post Views: 5 Новото раководство на Јавното претпријатие „Градски пазар“ најави дека за скоро време ќе се објави тендерот за јавно-приватно партнерство за изградба на долгоочекуваниот нов, модерен, затворен пазар во градов. Директорот на јавното претпријатие, Тони Коталески, информира дека е веќе разрешена и ситуацијата со нерешените имотно-правни односи на земјиштето на кое ќе се гради пазарот, и дека веќе испратиле барање до Владата на Република Македонија за добивање на право на користење на тоа градежно земјиште.„Потребната планска документација за изградба на пазарот е веќе...
Започна шестнаесеттиот Курајчки карневал под маски
Post Views: 10 Започна Курајчкиот карневал под маски. Забава со диџеи уште синоќа го означи почетокот на тридневната програма по повод Стара Нова година или Василица, додека официјалниот дел од карневалот започнува денес. Претседателот на месната заедница од Куратица, Горан Ангелоски, вели дека „Со или без маска, традицијата треба да продолжи.“„Традиционалниот дел на маскенбалот, карневалот, започнува вечерва во 18 часот со збирање на групата околу василичарскиот оган. Таа брои секогаш околу 200 до 300 луѓе кои во 19 часот стартуваат од курајчкото сретсело и буквално ја...
Густата магла, причина за зголемен број на пациенти во Општата болница
Post Views: 8 Густата магла која го обви и нашиот град, покрај техничките потешкотии кои ги создаде околу функционирањето на воздушниот и патничкиот сообраќај, деновиве причина и за зголемениот број на пациенти во пулмо-алерголошкото одделение при Општата болница од Охрид. Началникот на интерното одделение, д-р Сашо Василески, вели дека во изминативе десетина дена, бројот на пациенти во Центарот за респираторни болести при Општата болница е зголемен за околу 20 % како последица на густата магла. Особено на удар, д-р Василески вели дека се пациентите со хробнични белодробни...
Почина познатиот македонски резбар Димче Јанко
Post Views: 14 На 94 годишна возраст почина познатиот македонски резбар Димче Јанко. Јанко е роден во Охрид, на 21 октомври 1919 година. Тој е еден од најплодните мајстори на полето на копаничарството во Македонија. Потекнува од повеќечлено семејство, од татко Јане и мајка Лојза. Во 1934 година ја напушта гимназијата и се запишува во Резбарското училиште во Охрид, оддел резбарство. Во 1947 година завршува мајсторски испит по резбарство во Пловдив, Бугарија. Од 1947 до 1962 година Димче Јанко работи во фондацијата на Св. Богородица (Перивлепта), потоа во ателјето за уметничка...
Директорот на ЈП „Градски гробишта“ со отчет за сработеното во 2013та година
Post Views: 8 Директорот на јавното претпријатие „Градски гробишта“, Зоран Симоноски, даде отчет за сработеното во изминатата година. Тој уште еднаш ја потенцираше тешката финансиска состојба во која го затекнал ова јавно претпријатие, како и финансиските неправилности кои според Симоноски довеле до таквата ситуација во претпријатието.„Заради намалување на негативните ефекти од ваквото работење бевме принудени да воведиме сериозни реформи, како од аспект на кадровски и структурни прераспределби, така и од аспект на начинот на кој се извршувале работните активности. Изработени се...