Автор: Мишел Наумоски
Post Views: 12 Отворени денови на Централниот регистар и во охридската канцеларија. Денес стручниот тим од оваа институција одговараше на прашањата на заинтересираните граѓани кои ја посетија канцеларијата. Еве што најмногу ги интересира физичките и правни лица од Охрид.„Голем број на граѓани ја искористија можноста, ја посетија канцеларијата. Денес сме во Охрид од 9 до 12 часот. Најголем број од прашањата кои што беа поставени на стручниот тим од централата беа во врска со бришењето на трговски друштва, а во тек е и акцијата за бришење на трговски друштва. Имаше прашања...
Програмата за спорт за 2014та година не нуди напредок во спортот во Охрид смета опозицијата во градскиот совет
Post Views: 6 Средствата кои локалната самоуправа ги предвидела, за спорт за 2014та година се премалку за да има било каков напредок во спортот во нашиот град, смета опозицијата во градскиот совет. Според советникот Јоне Станкоски спортските работници оваа година имајќи ја предвид предложената програма, не можат да се надеваат на некаква помош од локалната самоуправа.„Како може за одредени ставки во буџетот предвидувате за некакви расходи кои не се ни наведени за што се, тие се многу повеќе средства отколку за целокупно гледано спортот во градот, 8.750.000 денари. Активностите...
Нови простории, побогата програма најави Центарот за култура во 2014та
Post Views: 6 Успешна 2013 година за Центарот за култура „Григор Прличев“. Директорката Драгана Боцеска, вели дека во годината што измина успеале да реализираат бројни проекти, дел со поддршка од Министерството за култура, а дел со сопствени сили. Балканскиот фестивал, Охридските староградски средби, нови соработки на полето на хорската музика, нови театарски претстави, нов филмски проектор. Сепак според Боцеска, еден проект се издвојува повеќе од останатите.„Ќе го кажам обновувањето на киното „Бавча“ и неговото повторно активирање со УФО фестивалот кој го отворивме летото и...
Поскромно или побогато, охриѓани се подготвуваат за Божиќните празници
Post Views: 10 Градскиот пазар е раздвижен со граѓани кои шетаат од тезга до тезга и ги споредуваат цените на костените, бонбоните, овошјето и зеленчукот, во обид да купат поевтино намирници за прослава на Бадник и Божиќ. Купувачите забележуваат дека цените на производите по некое непишано правило во очи на празник растат. Па така, килограм костени чини околу 120 денари, мандарините чинат околу шеесетина, портокалите 3 килограми за 100, краставиците од 100 до 120 денари. Ги запрашавме граѓаните дали ќе потрошат нешто повеќе во очи Божиќ. „Ако имаш, ќе потрошиш, фала на Бога ќе...
Се роди првото бебенце во Охрид во новата година
Post Views: 5 Првиот ден од новата година весел, плоден и бериќетен. На гинеколошкото одделение при Општата болница се роди првото бебенце во Охрид. Радоста да биде уште поголема, во одделението на свет дојдоа уште две нови бебенца како и уште едно бебенце родено на истекот од 2013та година. Денес, градоначалникот Никола Бакрачески ги посети четирите среќни мајки и им ја честита Новата година и им подари цвеќе, како и награда од 10.000 денари за првороденото бебе.„Јас сакам да им честитам на мајките, да им посакам бебињата да бидат здрави, живи, весели, радоста да ги следи во тек...
Што очекуваме од Новата 2014 година?
Post Views: 3 Изминуваат последните часови од 2013та година, година која кај сите ќе остави различен впечаток, година која некои ќе сакаат вечно да ја паметат, но некои и веднаш да ја заборават. Часовникот несопирливо отчукува и ги брои последните минути од годинава, а оние кои досега не помислиле што сакаат од оваа новата, ова е вистинскиот миг тоа да го сторат. Еве што нашите сограѓани очекуваат и колку се оптимисти дека Новата 2014 година ќе биде подобра од оваа во заминување.„Очекувања? Да биде побогата од оваа година, народот да биде позадоволен, и да оди вака како што е, да...
Празнична донаторска еуфорија во Охрид
Post Views: 6 Вистинска празнична донаторска еуфорија го зафати нашиот град. И денес продолжија хуманите активности, а тоа искрено го почувствуваа најмалите охриѓанчиња. Охридскиот бизнисмен, Љупчо Настоски, уште еднаш ја покажа својата хуманост. Овој пат донираше во детското одделение при Општата болница во Охрид.„Донираме за детското одделение, тоа што им е потребно. Не ми е прва донација, детсково одделение имаше потреба од пижами и од постелнини. Хуманоста е доблест за секој човек, а оваа идеја се роди баш на христијанскиот празник Свети Никола каде бев со дел од вработените...
Локалната со пакетчиња ги израдува дечињата во Општата болница и болницата „Свети Еразмо“
Post Views: 11 Градоначалникот Никола Бакрачески заедно со претставниците од локалната самоуправа денес го ширеа празничниот дух. Тие ги посетија детските одделенија при Општата болница од Охрид и специјалната болница за ортопедија и трауматологија „Свети Еразмо“. Во двете детски одделенија тие поделија околу триесетина новогодишни пакетчиња. Градоначалникот Бакрачески рече дека ова е само мал придонес во подигнување на нивото на среќа кај најмалите.„Нашите активности во поглед на доделување на новогодишните пакетчиња ќе продолжат во наредниве неколку денови, во неколку...