Skip to main content

Автор: Мишел Наумоски

Сојузот на спортови од Охрид бира „Спортист на годината“

Post Views: 1 Сојузот на спортови од Охрид и годинава ќе бира спортист на годината. Овие престижни спортски признанија може да се добијат во повеќе категории и тоа најуспешен спортист поединечно, најуспешен млад спортист поединечно машки и женски, најуспешна спортска екипа, спортски тренер, спортски работник и признанија за животно дело, најмасовен клуб, фер плеј, како и спортски презентер. Изборот на најдобрите ќе го прави комисија избрана од Управниот одбор на Сојузот на спортови, а составена од познати спортски активисти, спортски новинари и членови на Сојузот. Спортистите...

Продолжи со читање

„Волкот и седумте јариња“, детски балет за предпразнично расположение

Post Views: 10 Празничниот период Центарот за култура „Григор Прличев“ ќе се посвети на најмалите. Започнуваат со детската балетска претстава „Волкот и седумте јариња“ во изведба на балетското студио „Визави“ под кореографската палка на Јулија Милевски. Претставата е работена според истоимената бајка за деца и секако наменета токму за најмладата публика.„Ќе трае неполн час, значи самиот термин, 12 часот во недела, токму со тоа сакаме да ги привлечиме помладите, да дојдат, да поминат убаво време со балетската претстава „Волкот и седумте јариња“ како што кажав, наменета токму на...

Продолжи со читање

„Култура 365“ ги израдува охриѓани со нова книга на подарок

Post Views: 8 „Култура 365“ повторно им подарува на охриѓани. Оваа недела тие по втор пат ја организираа акцијата „Недела на книгата“ во која сите нивни посетители добиваат книга. Оваа недела „Култура 365“ на охриѓани им ја претставува книгата „Филозофскиот клуч за македонскиот идентитет“ на Стефан Влахов-Мицов. Интересот кај охриѓани за акцијата се поголем.„Има задоволителен број на посетители кои си зедоа книга. Дури не изненади фактот што еве само преку медиумите, преку интернет порталите беа известени нашите сограѓани за оваа акција и не изненади фактот што и многу повозрасни...

Продолжи со читање

Во свечена атмосфера доделени дипломите на ФТУ

Post Views: 9 Во свечена атмосфера, како надоврзување на чествувањето на патронот на градот и Факултетот за туризам и угостителство, денес околу 200 студенти ги добија своите дипломи. На традиционалната свеченост за доделување на дипломите, деканот на факултетот, проф. Д-р Сашо Коруноски, на веќе завршените студенти им кажа дека Факултетот за туризам и угостителство со реномето кое секојдневно го надоградува им дава квалификации со кои секаде би можеле да пронајдат вработување.„Она што можам да им препорачам на дипломираните веќе студенти, тоа ќе биде и еден од главните...

Продолжи со читање

Охриѓани и туристите за новогодишните празници ќе се лизгаат на монтажно лизгалиште на плоштад

Post Views: 5 Освен стандардната новогодишна понуда, годинава охриѓани и туристите ќе имаат можност да уживаат и во нова атракција, монтажно лизгалиште пред споменикот на „Свети Климент“. Од денес започна монтирањето на ова лизгалиште, кое според зборовите на раководителот на Секторот за ТЛЕР, Ѓоко Апостолов, ќе биде пуштено во употреба во наредните неколку дена. „Активно се работи, вклучени се сите јавни претпријатија и покрај самото украсување на градот, сметаме дека ова ќе биде една вистинска атракција за охриѓани и за гостите кои што ќе дојдат во Охрид, затоа што за прв пат...

Продолжи со читање

Граѓаните ги изложија проблемите пред Агенцијата за стопанисување со станбен и деловен простор

Post Views: 6 Агенцијата за изградба и стопанисување со станбен и деловен простор денес беше отворена за граѓаните. Решение за својата мака најчесто бараа граѓаните од социјално-ранливата категорија кои се сместени или во некој од становите од социјалната зграда, или пак во времени објекти од таква намена. Таму одговор на нивните прашања побараа и седумте семејства кои живеат во бараките на улица „Сирма Војвода“ веднаш до градската болница. Тие побараа решавање на нивниот статус. „Ни рекоа бараките се подарок, седете како дома додека не ви ги продолжат договорите. Не сакаа средба...

Продолжи со читање

Охридскиот форум на жени од СДСМ донираше топла облека и обувки во Црвениот крст

Post Views: 8 Жените од општинската организација на СДСМ даруваа топла облека и обувки во Црвениот крст од Охрид. Својата хуманост тие ја покажаа преку нивната веќе традиционална хуманитарна акција „Дарувај од срце“ која покрај во нашиот град, во исто време се случуваше и во повеќе градови во републиката. „Се прибира топла облека, се прибираат обувки и истите се донираат во Црвениот крст кој понатаму ги дистрибуира онаму каде што е најпотребно. Целта на оваа хуманитарна акција е ако не можеме многу да го смениме животот на нашите сограѓани, барем малку да внесеме топлина во...

Продолжи со читање

Алијанса за позитивна Македонија: „Развојот на туризмот во Охрид да биде државен приоритет“

Post Views: 6 Туризам во текот на целата година, осовременување на хотелите, инвестиции во туризмот, развој на конгресен, саемски туризам. Ова се само дел од плановите за економски развој на Охрид од програмата на новата политичка опција „Алијанса за позитивна Македонија“. Претседателот на оваа партија, Љупчо Зиков, сопственикот на економскиот магазин, „Капитал“ смета дека во Охрид, во изминатите 60 години се води погрешна туристичка политика. Според него, Охрид треба да биде врвен приоритет за државата.„Државата треба да го прогласи овој проект за државен проект. Секоја влада во...

Продолжи со читање