Автор: Мишел Наумоски
Post Views: 5 Градоначалникот Бакрачески стави крај на шпекулациите околу директорската функција во гимназијата „Свети Климент Охридски“. На местото од досегашниот вршител на должноста, Никола Тренески, од денес назначен нов в.д директор. Секретарот на општината, Димитар Спасески рече дека во иднина ќе следи донесување на решение за објавување на нов оглас за директор кога ќе се смират страстите во охридската гимназија. „Денес е именуван нов в.д директор, тоа е професорката Вера Јовческа, професор по математика. Со тоа практично завршуваат сите комбинаторики кои во јавноста...
Дали старите охридски чинари се потенцијална опасност за граѓаните?
Post Views: 11 Дали и колку охридските чинари претставуваат потенцијална опасност за граѓаните? Состојбата во која се наоѓаат, барем овие кои се заштитени како споменици на природата донекаде дава право за сомнеж. Овие дрва кои се стари со векови имаат трули гранки надвиснати над приватни објекти кои доколку паднат ако ништо друго би направиле некоја материјална штета, а не дај боже и да повредат некого. Ги запрашавме охриѓани дали ти мислат дека чинарите во состојбата во која се наоѓаат претставуваат ваква потенцијална опасност.„Јас мислам дека претставуваат, ете сега најново...
Исполнета сала, волшебни музички ноти, рецитали-синоќа се одржа свечената академија по повод „Св. Климент Охридски“
Post Views: 6 Со свечените звуци на „Денес над Македонија“, нашата химна, хорот при охридската гимназија „Свети Климент Охридски“ синоќа го означи почетокот на свечената академија по повод празникот на светителот „Климент Охридски“, патронот на нашиот град. Културни дејци, политичари од локалната политичка сцена, пратеници во Собранието на Македонија, уметници, спортски работници, градоначалници на градовите-пријатели на Охрид, граѓани, синоќа ја проследија академијата по повод „Свети Климент Охридски“. Градоначалникот Бакрачески во својот поздравен говор рече дека безвременото...
Прв турнир во фудбал за деца „Климент Колески 2013“
Post Views: 8 Прв турнир во фудбал за деца „Климент Колески 2013“ во Охрид. Натпреварите во овој дводневен турнир ќе се случуваат во двете спортски сали „Билјанини извори“ и салата „Климент Колески“. Учество земаат голем број на дечиња од неколку фудбалски школи од целата држава.„На турнирот учество ќе земат шест екипи, ФК Металург и „Работнички“ од Скопје, ЛГ од Битола, Победа од Прилеп, Караорман од Струга и фудбалската академија „Пандев 10 Јуниор“ од Охрид. Екипите ќе настапат со по две генерации играчи и тоа од генерацијата 2002 и помлади и од генерацијата 2004 и помлади. Тие...
СВР Охрид го одбележа Денот на превенцијата
Post Views: 6 Секторот за внатрешни работи од Охрид, денес го одбележа Денот на превенцијата. Според началникот на СВР-Охрид, Зоран Серафилоски, одделенијата за превенција се значајна форма на поврзување на полицијата со граѓаните. Додава дека уште од 2008 година полицијата во Република Македонија декларирајќи се како сервис на граѓаните заедно со ОБСЕ ги формирале одделенијата за превенција со што била декларирана основната ориентираност на полицијата кон превентивно работење.„Превентивната функција на полициското работење претставува обид на современата полиција да ги пресретне...
Здруженијата на пензионери од повеќе градови потпишаа меморандум за соработка и играа шах
Post Views: 7 Пензионерите од Охрид, Дебрца, Струга, Кичево, Ресен и Демир Хисар денес одржаа еден турнир во шах за мажи и жени. Тие си ги одмеруваа силите во овој древен спорт во чест на големиот христијански празник, „Свети Климент Охридски-Чудотворец“. Учесниците на турнирот добија признанија, како и благодарници за здруженијата на пензионери за учество во турнирот, додека екипите за освоени први, втори и трети места ќе добијат дипломи и пофалници. Воедно здруженијата на пензионери потпишаа и меморандум за меѓусебна соработка. Пензионерите денес беа посетени и од страна на...
Власта и опозицијата ги кршеа копјата околу извештајот на Државниот ревизор за работењето на локалната во 2012та
Post Views: 2 Власта и опозицијата ги кршеа копјата околу извештајот на Државниот ревизор за работењето на локалната во 2012та година. На денешната седница на советот на општина Охрид, прва на дневниот ред беше токму точката извештај на градоначалникот за извршената ревизија на Државниот завод за ревизија. Градоначалникот Бакрачески рече дека граѓаните на Охрид имаат право да бидат запознаени со вистината за финансиското работење на локалната во претходниот период. „Во овој извештај ги елаборирав основните елементи и заклучоци кои Државниот завод за ревизија ги спроведува. Сакам...
Предлогот за нов директор на гимназија одбиен поради незапазување на законоската постапка-реагираат од Локалната
Post Views: 4 Локалната самоуправа со реакција на пресот на СДСМ околу изборот на нов директор на охридската гимназија. Од локалната велат дека градоначалникот ја поништил постапката бидејќи не биле испочитувани законските прописи. Во нивната реакција стои: „Очигледно е дека СДСМ нема ниту намера, а ниту цел да го прифати работење на Општина Охрид и градоначалникот Бакрачески согласно законите и во краен случај, согласно нормалните процедури за работа на менаџер кој треба да раководи со образовна институција каква што е ОСУ”Св.Климент Охридски”. Нивната...