Автор: Мишел Наумоски
Post Views: 6 Охридската СДСМ со обвинувања до градоначалникот Никола Бакрачески дека го довел во прашање угледот на гимназијата „Свети Климент Охридски“ со поништувањето на изборот за директор. Од СДСМ велат дека ваквата одлука одговарала на репресивниот стил на владеење на ВМРО-ДПМНЕ. Портпаролот на општинската организација на СДСМ, Александар Кузески рече дека постапката за избор на директор на гимназијата од страна на училишниот одбор била легитимна и дека поради тоа, Бакрачески треба да одговори на нивните прашања.„Како ќе ја смените волјата на членовите на училишниот...
Револтирани родители на средношколци се жалат на пропусти во бесплатниот превоз на децата
Post Views: 6 Револтирани родители на средношколци се жалат од начинот на кој се спроведува бесплатниот превоз за учениците. Велат дека на почетокот од учебната година важеле едни правила, а од пред некоја недела, сосема други. Еден родител кој сакаше да остане анонимен се пожали до Телевизија ТВМ, дека учениците мора да користат точно определени термини за да одат и за да се враќаат од училиште и тоа по еден термин претпладне и еден попладне. Доколку од објективни причини имаат помалку од предвидените часови, тогаш се соочени со изборот или да чекаат на минусни температури, или...
Еден нов регистриран случај на ХИВ СИДА во Охрид во пресрет на неделата за борба против сидата
Post Views: 8 194 регистрирани лица заболени од ХИВ СИДА во Република Македонија од почетокот на епидемијата од 1987та година па се до денес. Од оваа бројка, 143 лица се болни од СИДА, а 51 лице инфицирани од вирусот. Страшните бројки говорат и за 71 починато лице од оваа болест. За жал, само во оваа 2013та година биле регистрирани 25 нови случаи на ХИВ СИДА во државава.„Во Охрид од 1987 година до денес се регистрирани седум лица како СИДА, од кои шест се заболени од СИДА и починати, а во 2013 година, во последниов период имаме регистрирано едно ХИВ позитивно лице, машка...
Охриѓани засадија здравје и здрава иднина
Post Views: 6 Охриѓани денес ја засадија својата здрава иднина. Поголем број на граѓани, претставници од јавни претпријатија, професори и ученици денес го збогатија и облагородија местото викано „Мазатар“ во Горно Лакочереј, во непосредна близина на прекрасниот манастир „Свети Спас“. „Денеска садиме на местото кај манастирот „Свети Спас“ на површина од околу 3 хектари со садници од кедар и албиција. Овие услови се добри моментално, одговараат, има влага, не е проблем никаков за прифаќање на садниците.“-вели Зоран Жилески од ЈП „Македонски шуми“.На „Мазатар“ садеше и државниот...
О.О на СДСМ со обвинувања до локалната дека не направила никакви зафати во образованието
Post Views: 10 Охридската СДСМ со обвинувања до локалната самоуправа дека по преземањето на власта не направила никакви зафати во образованието. Според Оливија Пирузева-Јанева, изјавите на градоначалникот Бакрачески дека состојбите во образованието претходно биле катастрофални била нехумана и некоректна кон образовниот кадар. Таа го запраша Бакрачески според кои критериуми била извршена промената на претходните директори како и дел од наставниот кадар.„Дали решавајќи ја животната судбина на сите шеесетина наставници, жртви на политичката борба, се реши невработеноста во...
„Култура 365“ ги носи охриѓани поблиску до книгата
Post Views: 7 Културно информативниот центар „Култура 365“ со подарок книга ќе ги мотивира охриѓани да читаат повеќе. Од денес започна акцијата насловена како „Недела на книгата“ во која на секој нивни посетител ќе му подаруваат по една книга. Оваа недела, на подарок ќе го добиваат романот на охридскиот писател Мише Јузмески, „Премин во маглата“, роман кој веќе го доживеа своето второ издание во земјава, а е преведувано и на други јазици. Книга подарок читателите можат да добијат и доколку контактираат со културно информативниот центар на нивната и-мејл адреса itvo@t-home.mk....
Еко, културен, спортски, селски и вински туризам во понудата на македонските туристички агенции
Post Views: 7 Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот се вклучи во проектот на УСАИД за поддршка на мали бизниси од областа на туризмот. Тие потпишаа меморандум за соработка со директорот на проектот Карл Ларкинс. Целта на оваа соработка е македонските туристички агенции да создадат нови туристички производи кои понатаму ќе ги пласираат на меѓународниот пазар. Во рамките на оваа соработка, стопанствениците од туристичкиот сектор ќе имаат и обука за креирање на производ кој би го пласирале во меѓународната асоцијација за алтернативен туризам. Со проектот се опфатени токму...
Младите охриѓани се запознаваа со можностите за отворање на сопствен бизнис
Post Views: 7 Младите охриѓани се запознаваа со можностите и поволностите за започнување на сопствен бизнис. Денешната обука која ја спроведуваше фондацијата „Бизнис Старт Ап Центар“ од Битола, заедно со Секторот за туризам и локален економски развој од Охрид и Агенцијата за вработување произлегла како резултат на реалните потреби на младите од Охрид за нивно самовработување и отпочнување на некој бизнис. „Бизнис Старт Ап Центарот“ од Битола е фондацијата која во рамките на оваа обука им нуди реална поддршка на микро и малите претпријатија. Од битолската фондација велат дека...