Skip to main content

Автор: Мишел Наумоски

Локалната за недела дена ќе ја обелодени програмата за Новогодишните празници

Post Views: 6 Локалната самоуправа ја подготвува програмата за и околу новогодишните празници. Со креирање на побогата програма, со креирање на подобра понуда, сметаат дека во голема мера можат да ја продолжат туристичката сезона во Охрид. Градоначалникот Никола Бакрачески вели дека програмата која тие ќе ја подготват нема да биде само за 31 Декември, туку ќе настојуваат да обезбедат туристичка понуда еден до два дена пред и еден до два дена од новата година. Потенцира дека секторот за туризам и локален економски развој активно работи на утврдување на агендата, а побара и активна...

Продолжи со читање

Немањето правен статус според месните заедници најголема сопирачка на руралниот развој

Post Views: 8 Претставниците на месните заедници од руралните средини, претставници од секторот за ТЛЕР, бизнис и невладиниот сектор, денес ги утврдуваа развојните приоритети за руралните средини. Заеднички заклучок е дека без да бидат утврдени поединечните и заеднички развојни приоритети во овие подрачја, руралниот развој нема да може да се случи. Од инфраструктура, туризам и локален економски развој, здравство и социјала, земјоделство и сточарство. Ова се неколку од подрачјата во кои биле идентификувани предностите и слабостите, но претставниците од месните заедници најмногу...

Продолжи со читање

Обнова на право на социјална помош со минимална документација

Post Views: 7 Повеќе од триста и седумдесет барања за продолжување на правото на социјална парична помош пристигнати во Центарот за социјални работи во Охрид. На крајот од месецов истекува законскиот рок за годишна обнова на документацијата на корисниците на право на социјална парична помош. Од центарот за социјални работи велат дека со цел да им се излезе во пресрет на корисниците на социјална помош, оваа обнова на документацијата со последните законски измени е доста поедноставена, пред се во обемот на документација која корисниците треба да ја носат со себе. „По новиов систем...

Продолжи со читање

Четиринаесет апликации за Климентовата награда и повелбите

Post Views: 9 Вкупно четиринаесет поднесени апликации за конкурсот за доделување на најпрестижното општинско признание, наградата „Свети Климент Охридски“ и повелбата. Крајниот рок за поднесување на апликациите истече вчера. Шест од пристигнатите апликации конкурираат за „Светиклиментовата награда“, а осум за повелбата. Се чека до локалната да пристигнат апликациите кои во предвидениот рок биле испратени по пошта. Годинава, во донесувањето на одлуката кој ќе биде добитник на највисокото општинско признание на градоначалникот Никола Бакрачески ќе му помага посебна комисија...

Продолжи со читање

Жителите на Речица бараат санирање на ископувањата на патот кој води до селото

Post Views: 7 Трикилометарскиот пат кој води до селото Речица ископан на неколку места и оставен несаниран. Жителите на ова охридско село информираат дека прекопите на патот биле направени од страна на службите на А.Д ЕМО од Охрид при поправка на службениот водовод на охридската фабрика кој во најголемиот дел минува точно под патот кој води до селото. Речани бараат што поскоро санирање на асфалтниот пат, за кој велат дека жестоко се бореле да го добијат пред повеќе од 15 години.„Да го санираат патот, да го донесат во првобитна состојба со крпење на дупките со асфалт, нормално тоа...

Продолжи со читање

Село Речица-вистински рај за туристи ама без никаква инфраструктура

Post Views: 20 Денес е голема слава во охридското планинско село Речица. Се слават светите Врачи Кузман и Дамјан. По малото, тесно патче кое води до селото, денес поминуваат многу автомобили, автомобили со кои назад, во родното место, па макар и на еден ден се враќаат сите речани кои некогаш го напуштиле селото во потрага по некој подобар живот. Црквата свети Врачи Кузман и Дамјан, денес ги прима сите верници.  Малечка, но бескрајно живописна, а денес особено полна со живост. Овој празник, оваа селска слава е единствениот ден во годината кога Речица барем за момент добива дел од...

Продолжи со читање

Спомен обележјето за Водици-ќе биде поставено во првата половина на 2014та

Post Views: 8 Конкретизирани деталите околу изработката и поставувањето на спомен обележјето за Богојавление-Водици. Кумот на оваа манифестација од 2012та година, проф.д-р Ванчо Чифлиганец кој е донатор на споменикот, остварил работна средба со градоначалникот на Охрид, Никола Бакрачески на која се разговарало токму за спомен обележјето. Чифлиганец вели дека она што го ветил, за скоро ќе биде и реализирано.„Беше конкретизирано да го отпочнеме споменичното обележје. Еве утре ќе го добиеме одобрението за градба и фундаментот ќе биде готов за десетина дена. А скулптурата треба да се...

Продолжи со читање

Филантропите од Охрид и Струга добија празнанија за нивните несебични залагања

Post Views: 8 Радоста на давањето, примањето и споделувањето помеѓу луѓето е можеби најголемата придобивка на филантропијата. Четириесет и двајца филантропи, и тоа фирми, здруженија и поединци, ја имаа таа привилегија и доблест да помогнат некому. Освен искреното „благодарам“ од оние на кои им помогнале, тие добија и признанија за своите несебични залагања. Локалната агенција за развој од Струга, на пригодна свеченост им се заблагодари за нивните филантропски активности. Како дел од проектот „Филантропија-Човекољубие на дело“ беше изработен и промовиран и каталог во кој се...

Продолжи со читање