Skip to main content

Автор: Мишел Наумоски

crven krst paketi

Доделени дел од хуманитарните пакети собрани за време неделата на гладта

Post Views: 57150 пакети со прехранбени продукти и средства за лична хигиена денес и утре ќе добијат социјално најзагрозените семејства од Охрид. Доделувањето на хуманитарните пакети е завршна активност од акцијата по повод неделата во борба против гладта од 16ти до 22 Октомври. Дел од пакетите денес беа доделени на социјално загрозени граѓани кои се наоѓаат на списокот на Црвениот крст од Охрид. Остатокот од пакетите ќе се додели до крајот на оваа недела.„Овие хуманитарни пакети, дел од хуманитарните пакети ќе бидат донирани во Здружението на лица со пречки во развојот-„Зраци“,...

Продолжи со читање

droga

113 паковки хероин и 2 најлон кеси марихуана пронајде СВР-Охрид

Post Views: 77СВР-Охрид со нова акција за сузбивање на наркокриминалитетот. Во текот на вчерашниот ден полициските службеници како резултат на претходно спроведени активности, пронашле вкупно 113 паковки со опојна дрога хероин како и две најлон кеси со опојна дрога марихуана. Дрогата била пронајдена на подрачјето околу Самоиловите тврдини.„Оваа акција резултираше со приведување на три лица наркозависници од Охрид и Струга кои во текот на вчерашниот ден се приведени во СВР-Охрид. Против две од нив е поднесена кривична пријава. Од она што натамошниот тек на работењето на ова казнено дело...

Продолжи со читање

star grad

Партиципативно тело ќе ги решава проблемите од сферата на урбанизмот

Post Views: 81Партиципативно тело од областа на урбанизмот ќе го планира урбанистичкиот развој на градот. Советниците уште на дванаесеттата седница на Советот на општина Охрид го изгласаа создавањето на ова тело кое треба да има советодавна улога. Според секретарот на општината, Димитар Спасески, телото е формирано поради искрената намера на оваа локална самоуправа да ги реши проблемите од областа на урбанизмот. За таа цел, биле избрани и соодветни членови на телото.„Членови на партиципативното тело се советници во Советот на општина Охрид и стручни луѓе од областа на урбанизмот и докажани...

Продолжи со читање

maslo

Хотелиерите и угостителите за 4 години создале 53 тони отпадно масло-за среќа, адекватно го одлагаат

Post Views: 47Хотелиерите и угостителските работници од Охрид уредно го одлагаат отпадното масло. Само во изминатите 4 години, на ниво на општина Охрид биле собрани околу 53 тони отпадно масло кое потоа било соодветно складирано од страна на фирма овластена од Министерството за животна средина. Поведени од ваквите бројки, Одделението за урбанизам и заштита на животната средина при локалната самоуправа го изработи пилот проектот за собирање на отпадно масло кое се генерира при подготвување на храна во домаќинствата. За таа цел, тие уште во Декември минатата година поделија 100 кантички од...

Продолжи со читање

sednica

Сојузот за иднината, демонстративно ја напушти денешната седница на Совет

Post Views: 64Опозиционата коалиција Сојуз за иднината ја бојкотираше денешната седница на Советот на општина Охрид. Во знак на револт за притворањето на советникот од општина Центар, Мирослав Шиповиќ, коалиционите партнери од охридската опозиција демонстративно ја напуштија денешната седница на советот на општина Охрид. Координаторот на советничката група на СДСМ, Томислав Тунтев рече дека на овој начин го искажуваат револтот против институционалното насилство кое се вршело за да се замолчи Шиповиќ. Тунтев апелираше до одговорните од власта да го пуштат советникот Шиповиќ да се брани од...

Продолжи со читање

avtopat

Автопатот од Охрид до Кичево доби амин од народните избраници

Post Views: 71Со 66 гласа за, еден против и ниту еден воздржан, синоќа народните избраници го изгласаа Законот за изградба на автопатското решение Кичево-Охрид. Долгонајавуваното автопатско решение земјава ќе ја чини 374 милиони евра, со додатни 10 проценти на оваа сума предвидени за дополнителни работи. Пратеникот од Охрид, од редовите на владеачката гарнитура, Александар Николовски, го оцени овој автопат како најважната инфраструктурна работа која се случила на Охрид во последните 50 години. Со вчерашното изгласување во Собранието, компанијата изведувач има рок од 28 дена за обезбедување...

Продолжи со читање

dalekovodi

Зголемување на енергетската ефикасност со европски пари

Post Views: 55Само 55 проценти од вкупното производство на енергија во земјава се задоволува од домашни извори, додека 45 проценти се увезуваат од странство. Ова е само еден од интересните факти кои неоспорно говорат дека енергетската ефикасност и употребата на обновливи извори на енергија не се приоритет во нашата држава. Ова ќе се обиде да го промени Македонскиот центар за енергетска ефикасност кој е лидер на проектот за прекугранична соработка со Албанија токму во областа на енергетската ефикасност. Тие сметаат дека и двете земји се соочуваат со истите предизвици. Целна група на нивниот...

Продолжи со читање

gradinka

Лиценците за воспитувачки во градинките ќе се добиваат бесплатно

Post Views: 145Негувателките, воспитувачките и сиот персонал во градинките нема да плаќаат за добивање на лиценца за вршење на својата дејност. Најпрво беше најавено дека издавањето на лиценците ќе чини 450 денари, односно 6000 денари за обуката која директорите на градинките треба да ја посетуваат, но сега министерот за труд и социјална политика, Диме Спасов уверува дека вработените во градинките не треба воопшто да се грижат ниту за трошоците, ниту пак за тежината на испитите кои треба да се полагаат. За целите на овој процес, Спасов вели дека била формирана и Комисија за лиценцирање...

Продолжи со читање