Автор: Мишел Наумоски
Post Views: 196 Спортски викенд за пензионерите од Охрид и Дебрца. Загреани за спортот, тие се натпреваруваа во неколку дисциплини. Фрлаа пикадо, стрелаа со воздушни пушки, а удрија и по некоја партија шах и табла. Овие натпревари на охридските пензионери се дел од седумнаесетите по ред спортски пензионерски натпревари. А нашите пензионери добро се покажале и на регионалните, но и на републичките натпревари.„Ова е согласно програмата на Здружението на пензионери од Македонија на овие натпревари кои што се изборни за регионалните, а потоа и за републичките, се присутни околу 140 до...
Прекрасен хепенинг на Црвениот крст од Охрид
Post Views: 189 Продолжуваат целонеделните активности на Црвениот крст од Охрид. Неделата на Црвениот крст и Црвената полумесечна започнаа токму на роденденот на основоположникот на оваа организација, Анри Динан, 8ми Мај, а завршуваат на 15ти Мај. Бројни волонтери на Црвениот крст беа присутни на овој хепенинг и се погрижија за тој да помине во најдобар ред.„Денеска се одвива и традиционалната крводарителска акција под покровителство, помош и подршка на спортската обложувалница премиер голем број на крводарители се одзваа на нашиот повик, навистина им благодарам на хуманоста а и благодарам...
Со арбитража до пократки правни спорови
Post Views: 201 Што е тоа арбитража? Ова е поим кој навистина е малку познат помеѓу граѓаните. Ако ве асоцираше на фудбалски меч, па и не сте премногу далеку од вистината. Арбитражата или арбитражното решавање на споровите е всушност еден алтернативен начин на решавање на споровите каде двете странки си бираат по еден арбитар, а еден арбитар назначува и претседателот на арбитражата. Арбитражната постапка се поведува се со цел да се избегнат некогаш и бесконечните судски постапки кои ви го трошат и вашето време и вашите пари. За жал овој начин на решавање на споровите сеуште не е доволно...
Денот на Европа на Охридски начин
Post Views: 201 За Европа да не биде само пуста желба потребна е активна вклученост на граѓанинот во сите демократски процеси. А само едуциран граѓанин може да биде столб на европската иднина на земјава. Додека Европа слави 62 години постоење, кај нас сеуште се дебатира на тема нашите перспективи за членство во големото европско семејство. Младинскиот Совет од Охрид во соработка со Работничкиот универзитет „Кузман Шапкарев“, и локалната иницијативна група на граѓани, организираше средба на која се разгледуваа Европските перспективи на Македонија и улогата на локалната заедница кон...
Колку се одржуваат спомениците во Охрид?
Post Views: 210 Богатата историја си го прави своето. Охрид, културниот и световниот балкански Ерусалим, изобилува со споменици почнувајќи од словенскиот период, па се до НОБ. Просветители, писатели, преродбеници и револуционери, добар дел од важните историски личности добиле свој монумент кој говори за нивното значење. Сепак се поставува прашањето колку внимание се посветува на нивното одржување. Охриѓани со поделени мислења.„Сметам дека доволно се посветува внимание. Прилично добро. Заинтересирани се поголем број на институции, поединци. Во Охридов посебно е прилично добро.“ „Не...
Конечно електронски катастар во Охрид
Post Views: 244 Двојно повеќе шалтери во Катастар , за барем се надеваме, двојно побрза работа. Охридското подрачно одделение за катастар на недвижности денес ги промовираше новите работни простории. Покрај трите стари, сега и три нови шалтери во Катастар. Со пуштањето на реновираните простории во употреба, подрачното одделение во Охрид добива една репрезентативна шалтерска сала-вели портпаролот на Агенцијата за катастар на недвижности, Валентина Христова-Стефановска. Заедно со новите шалтери, во Охрид започна со работа и електронскиот катастар кој треба да ја олесни работата и на...
Охридскиот Црвен крст го слави роденденот на Динан
Post Views: 214 Со положување на цвеќе пред неговата биста, кон одбележувањето се приклучи и општинската организација на Црвениот крст од Охрид. Инаку мотото на Црвениот крст на Македонија годинава е „Младите се на потег“ па во тој дух како дел од денешните свечености, Охридскиот црвен крст организираше и отворен, Инфо-ден наменет за најмладите, децата од охридските градинки.„Активностите кои што денеска ги спроведовме со најмладите беа токму подготвени за нивно ниво, значи тоа беше интересна приказна тие беа многу љубопитни, поставуваа многу прашања, беа воодушевени од потегот на...
Секое задоволство чини пари или?
Post Views: 202 Обично не ни помислуваме на нив во остатокот од годината, но штом се приближи летото е дури тогаш јавните градски чешми стануваат поинтересни. Со порастот на температурите, жедта настапува многу побрзо, па се што сакате е само да се напиете од ладната течност која живот значи. Ама каде? Можеби ќе ја побарате најблиската јавна чешма. Кога ќе стигнете таму, што гледате? Редица луѓе од тука па до Струга. Ете ваквите сцени не натераа да се запрашаме дали имаме доволно јавни чешми низ градов. Еве што Охриѓани мислат за тоа.„Многу бедно, многу малку чешми. Овој народ па...
Велосипедски празничен викенд во Охрид
Post Views: 205 Сончевото време околу 1ви Мај го донесе до совршенство велосипедскиот празничен викенд во Охрид. Патешествијата започнаа на 28ми Април со Велокамп 2012, каде учесниците имаа организирано ноќевање, за да продолжи наредниот ден со државниот друмски натпревар кој носи бодови на ранг листата на Македонија. Натпреварот се одржа на релацијата Охрид-Струга-Дебар, односно по течението на реката Црн Дрим. Инаку оваа патека се вози за прв пат по 20 години. На 30ти Април се одржа и рекреативен маратон низ неколку струшки села, за на 1ви Мај да се одржи веќе познатиот натпревар...
Што празник беше денес?
Post Views: 211 Пролетери од целиот свет обединете се!!! Вака гласи најпознатиот слоган на Карл Маркс, но не верувам дека мислел на првомајските скари и прослави, а ако мислел на тоа, богами буквално сме го сфатиле. Но еве не сега, 20 години после осамостојувањето на државава, живееме во еден друг систем, со други вредности. А од прославите се помалку останува. Не толку како Ден на трудот, туку повеќе како Ден за оддишка на обичниот граѓанин, ден за бегство во високите планини и шуми каде не допираат секојдневните проблеми. 1Ви Мај се повеќе го губи и ова значење, и станува урбанизирана...
Портокалово, портокалово и пак портокалово
Post Views: 188 Познато сценарио, познати актери. Насмеани, ведри, облечени во карактеристичната портокалова боја, холандските туристи денес имаа можност далеку од дома да го прослават денот на холандската кралица. Плажата Куба Либре и овој пат беше домаќин и организатор на најважниот празник во холандската култура. На прославата беше присутна и првата дама на холандската дипломатија во Македонија, Мариет Шурман.„Не ми е прв пат тука во Охрид, но точно ова ми е прв пат да сум во Охрид за денот на кралицата. И денес е денот Д, 30 Април па ние го прославуваме нашиот национален празник...
Ниту турски, ниту грчки, туку oхридски варен ѓеврек
Post Views: 369 Веројатно сте запознаени со најновите несогласувања помеѓу Грција и Турција околу тоа каде е татковината на ѓеврекот. И додека Грција тврди дека кулурито како што тие го викаат потекнува од византиски период, турците тврдат дека нивниот симит е она вистинското. Оваа навидум бесмислена препирка не заинтересира и нас па надевајќи се дека ќе ни помогнат во оваа дилема, решивме да ги запрашаме нашите граѓани кој ѓеврек нив им е најпознат. Еве што ни одговорија.„За мене само охридскиот, варениот ѓеврек.“„Јас варениот го сакам.“„Па во Охрид сум, ќе речам охридскиот варен...