Skip to main content

Автор: Мишел Наумоски

odbojka na plaza

Сите на одбојка на плажа!

Post Views: 69После една година пауза, од утре па се до 29 јули, по шести пат, турнир во одбојка на плажа. Местото е познато, како и во изминатите години тоа е плажата Бафало каде натреварувачите се поделени во четири категории и тоа: Компании, аматери, јуниори и професионалци. Први ќе го скршат мразот екипите од  компаниите, а доколку и вие сакате да учествувате, пријавувањето и натаму трае.„Секоја година правилото е дека ќе дојде некој сабајле и ќе каже и ние сакаме да играме, така да генерално очекуваме некоја груба бројка од 200 екипи во сите категории. Значи први се компаниите, па...

Продолжи со читање

ldp pres

ЛДП Охрид со предлог: Фонд за подршка на младите таленти

Post Views: 80Изминатава година Охрид особено се истакнува со бројот на млади талентирани деца во најразлични области кои постигнуваат големи успеси. Од научници, одлични стрелачи, кајакари, велосипедисти преку талентирани пејачи и млади уметници. Ова го забележаа од О.О на ЛДП од Охрид кои на прес конференција јавно им се заблагодарија и им изразија подршка на сите млади таленти кои се закитија со награди и кои одлично го промовираа Охрид. Но искажаа и доза на загриженост.„ЛДП сака да ја поздрави големата ангажираност на младите во невладините организации и волонтерска работа. Истовремено...

Продолжи со читање

obvinet za obljuba

Зголемен број на полициски службеници за мирно лето

Post Views: 90Поучени од горчливите искуства од минатото, ова лето зголемен број на полициски службеници ќе се грижат за општата безбедност во градов. Деноноќно, полициските службеници ќе патролираат со цел зачувување на јавниот ред и мир. Портпаролот на СВР-Охрид, Стефан Димоски вели дека во најголем број од случаите полициските службеници интервенираат превентивно, но доколку има опасност од ескалирање на ситуацијата, тие ќе ги искористат своите овластувања и ќе делуваат и репресивно. Најголема концентрација на полициски службеници ќе има на неколку условно речено „жешки точки“ низ...

Продолжи со читање

festival ora

Фолклорниот фестивал „Александар Македонски“ по седми пат

Post Views: 84Годинава по седми пат од 20 до 24 јули ќе се одржи веќе традиционалниот меѓународен фолклорен фестивал „Александар Македонски“.  И ова издание на фестивалот во Охрид ќе донесе поголем број на учесници од најразлични земји кои пред охриѓани, но и пред туристите во текот на двете фестивалски вечери ќе ги презентираат своите традиции и фолклор.„Оваа година имаме специјални гости од Белгија, потоа имаме учесници од Мексико, Хрватска, Србија, Турција, Естонија, Словенија, Литванија и секако од Македонија. Имаме некаде околу 14 учесници на овој фестивал.“-вели директорот на...

Продолжи со читање

Nikoloski UIST

Универзитетот „Свети Апостол Павле“ го прослави својот патрон

Post Views: 71Најмладиот универзитет во земјава, Универзитетот за информатички науки и технологии, „Свети Апостол Павле“- го прослави својот прв патронен празник. Денот на големиот светец и учител, на едно место успеа да собере професори, политичари, студенти како и претставници од Министерството за образование, наука и култура. „Само за неколку години од своето постоење овој универзитет успешно се етаблира во високообразовниот простор на Република Македонија.“-рече проректорот на Универзитетот Свети Климент Охридски од Битола, Професор д-р Пере Аслимоски. Тој во својот поздравен говор,...

Продолжи со читање

Celebi

Џамијата Мустафа Челеби во Струга ќе добие нов сјај

Post Views: 84Џамијата Мустафа Челеби во Струга ќе добие нов сјај. Националната установа „Завод за заштита на спомениците на културата и музеј“ од Охрид, до крајот на оваа година ќе ја изврши конзервацијата и реставрацијата на овој верски објект кој во текот на минатата година беше делумно срушен. Проектот за нејзината реставрација, Завод и музеј ќе го реализира со помош на турската агенција за соработка и координација-ТИКА. Директорката на Завод и музеј, Тања Паскали-Бунташеска, вели дека до 10 Март, проектите за конзервацијата би требало да бидат завршени.„Интензивно се работи на...

Продолжи со читање

sertifikati genius

Сеуште средношколци, а веќе научници-генијалци

Post Views: 70Дали вие познавате некој научник-генијалец? Јас запознав дури двајца, а ако мислите дека нема ништо невообичаено за нив, доволно е да ви кажам дека станува збор за двајца средношколци. Бранка Бунташеска и Никола Таштаноски се двете деца кои буквално од ништо успеаа да создадат нешто или во случајов, да создадат електрична енергија од органско обоени соларни клетки. Не чудете се, и јас немам поим што значи тоа, па ги замолив да ми објаснат.„Значи тоа е иновативност, не е оној стар начин на добивање на соларна клетка преку силикон, туку еден нов начин, начин кој што нема да ја...

Продолжи со читање

protesti posta

Охриѓани со протест против поскапениот паркинг

Post Views: 81Зголемените цени на паркингот како и новиот режим на сообраќај собираат се повеќе противници. Денес поголема група на граѓани, преку мирен протест го искажа своето незадоволство по овие две прашања. Особено ревносни беа коментарите на жителите од урбаната заедница 1-Стар град. Тие револтирано изјавија дека буквално се чувствуваат како заложници и туристи во сопствениот град.„Цела година сме туристи, плаќаме енормни цени. Гледаме како е тоа решено во Скопје, дека може да се плаќа месечно или годишно. Кај нас тоа не функционира. На крајот на краиштата, овде имаме архитектонски...

Продолжи со читање