Автор: Мишел Наумоски
Post Views: 68Велгошти конечно ја доби долго посакуваната градинка за своите најмали. Денес беше официјалното отворање на прилагодената и приспособена градинка во други просторни услови, а во рамки на основното училиште „Живко Чинго“. Според министерот за труд и социјална политика, Диме Спасов, со отворањето на градинките во Лескоец и Велгошти, општина Охрид станува пример за општина која работи во насока на подобрување на постоечките капацитети.„За помалку од две недели, ова е втора градинка во други просторни услови која што ја отвораме во општина Охрид и јас би сакал да се заблагодарам...
Со заеднички искуства до поквалитетни ЕУ проекти
Post Views: 62Невладини организации од Македонија и соседна Албанија заеднички ќе ги зајакнуваат капацитетите за изработување на проекти по стандардите на Европската унија. Овој проект е дел од ИПА програмата на ЕУ за прекугранична соработка помеѓу Македонија и Албанија. Зоран Илиевски од коалицијата на младински организации-СЕГА вели дека има се помалку капацитет кај институциите за подготвување на квалитетни предлог проекти, и токму тоа е мотив за работилниците кои тие ги организираат како дел од овој проект.„Овој проект се однесува суштински на давање на поддршка на невладините...
Локалната ќе ја реконструира поплавената „Илија Смически“ во Лескоец
Post Views: 65Локалната самоуправа ќе го решава горливиот проблем на жителите на улицата „Илија Смически“ во Лескоец. Оваа улица веќе дваесет години целосно се поплавува при пообилни врнежи. За жал токму такви беа временските прилики изминативе неколку денови. Дел од жителите на оваа улица се обратија до нашата телевизија како би алармирале за проблемот. Ситуацијата беше токму онака како што ја опишаа а ја регистрира нашата камера. Одговор за проблемот кој го имаат жителите на „Илија Смически“, побаравме во локалната самоуправа. Од таму ни рекоа дека веќе неколку дена работат на решавање...
Витезите на слепите со нова донација за своите штитеници
Post Views: 57 Лајонистите од лајонс клубот „Охрид“ со донација за нивните штитеници. По повод Денот на белиот стап, тие се одлучија за уште една донација до Здружението на слепи лица од Охрид. Претседателот на лајонс клубот „Охрид“, Ѓоко Апостолов вели дека се надева дека со нивните хумани заложби ја потврдуваат целта и мисијата поради која постојат.„Лајонистите се познати како витези на слепите. Ние оваа година од лајонс клубот „Охрид“ четврта година по ред вршиме донација на здружението на слепи лица. Како и минатите години, така и оваа година се потрудивме во соработка со ова здружени...
Со какви проблеми се соочуваат приватните станоиздавачи?
Post Views: 59Зад нас е уште една туристичка сезона. Резултатите од неа сите различно ги толкуваат, но она што е јасно за сите, е дека постојат проблеми кај туристичките работници во градов. Токму затоа на иницијатива на градоначалникот Никола Бакрачески приватните станоиздавачи, туристичките агенции и останатите туристички чинители седнаа на заедничка маса да ги кажат своите маки, своите проблеми, но и конструктивно да предложат. Она што како најгорлив проблем го истакнаа приватните станоиздавачи беше нелојалната и нелегална конкуренција која според нив го спушта нивото на квалитет кој се...
Членките и партнерите на НАТО, учат заеднички да се справуваат со природните катастрофи
Post Views: 56И земјите членки, и партнерите на НАТО пактот ќе учат како да преземаат координирани акции и заеднички да се справуваат со природните катастрофи. Научените лекции од акциите организирани од Евроатлантскиот координативен центар за одговор во кризи на НАТО, се базата од која сите земји, вклучително и нашата ќе влечат искуства за тоа како најефективно да придонесат во справување со природните катастрофи. Според министерот за одбрана на Република Македонија, Талат Џафери, Балканот не е имун на ваквите ситуации. Тој потенцираше дека Македонија има со што да се пофали од аспект на...
Поголем број на вкупни ноќевања, поголема наплата на туристичка такса
Post Views: 64Локалната самоуправа ги обелодени бројките од изминатава туристичка сезона. Во периодот од Јануари, до Септември годинава, во Охрид привремено престојувале 136.725 домашни туристи што претставува намалување во однос на минатата година за 12.2 проценти. За истиот период пак во нашиот град престојувале 208.301 странски туристи што е зголемување за 15.9 проценти. Имајќи ги предвид вкупниот број на ноќевања, споредено со минатата година, бројките говорат за 2,8 проценти поголем број на ноќевања за периодот од Јануари до Септември. Иако порастот е релативно мал, градоначалникот...
Дали годинешната средношколска екскурзија беше поинаква од претходните?
Post Views: 58Секоја учебна година средношколските екскурзии се мета на критики имајќи ги предвид случувањата во изминатите години, со кои јавноста е добро запознаена. Од тепачки, откриени опојни дроги кај ученици,па се до контроверзните избори на туристичките агенции за спроведување на екскурзиите. За годинешнава екскурзија, вршителот на должност директор на гимназијата „Свети Климент Охридски“, Никола Тренески, вели дека биле направени одредени промени во начинот на кој се спроведуваат истите, а како најважно било потенцирано- на турата да не присуствуваат надворешни лица, односно лица...






