Автор: Мишел Наумоски
Post Views: 81Младите охриѓанчиња ја развиваат креативноста и меморијата преку оригами работилници. Од неодамна во просториите на Црвениот крст од Охрид дечињата почнаа да се запознаваат со оваа древна јапонска вештина. За нив, ништо не е тешко да се изработи доколу се сака, но секоја фигура велат дека си има своја специфика. Покрај дружбата, работилниците воедно ја поттикнуваат и всадуваат хуманоста како човечка вредност кај најмалите. „Интересно е, се забавуваме, се релаксираме, изработуваме различни фигури кои понатака ќе ги продаваме за да помогнеме на децата кои се беспомошни,...
„Ние припаѓаме тука“-убавините на прекуграничните региони заробени на фотографии
Post Views: 62Отворена изложбата на фотографии „Ние припаѓаме тука“. Денес во изложбениот салон на центарот за култура „Григор Прличев“ беа претставени 160 фотографии од автори од Македонија и Грција, а како дел од проектот за прекугранична соработка помеѓу двете земји. Оваа изложба воедно има и натпреварувачки карактер.„Аматери, професионални фотографи беа поканети да испратат фотографии од прекуграничните области од нашата програма. Тоа се четири во Република Македонија, југоисточниот, вардарскиот, пелагонискиот и југозападниот плански регион. Преку 160 фотографии, избрани се најдобрите...
И Охриѓани чистеа за „Македонија без отпад 2013“
Post Views: 60И Охрид дел од големата еколошка акција „Македонија без отпад 2013“. Охридската акција се спроведе на калето, почнувајќи од паркингот пред Горна порта до месноста Лабино, потоа околу Самоиловите тврдини, локалитетот Плаошник па се до црквата Свети Јован Канео. Од рано изутринава екипи од ЈП „Охридски Комуналец“, го собраа сметот на овие неколку локации, а потоа истиот беше подигнат од вработени во претпријатието. Годинешната акција беше поддржана и од општина Охрид. Главен организатор на големата акција е Министерството за животна средина и просторно планирање, од каде велат...
1150 години Моравска мисија- духовен мост помеѓу Македонија и Русија
Post Views: 68Мисијата на сесловенските браќа Кирил и Методиј и по 1150 години сјае со истиот сјај, и по 1150 години ја чува нераскинливо врската помеѓу словенските народи. Оваа врска денес ја продлабочуваа академици, професори, декани и свештени лица од двете културно и духовно поврзани земји, Македонија и Русија. Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ денес во лулката на словенската писменост, нашиот Охрид, ги собра на едно место, со една цел, да се потсетиме на делото на светите Кирил и Методиј.„Ја организиравме оваа манифестација, односно симпозиум посветен на 1150 години од Моравската...
Во холивудска потера, полицијата заплени 86 килограми марихуана кај Ботун
Post Views: 60Полицијата успеа да заплени 86 килограми висококвалитетна марихуана кај селото Ботун. Акцијата, полициските службеници ја спроведоа околу 1 часот утринава, во близина на превојот Пресека. При обид за контрола на патничко моторно возило АУДИ А4 со охридски регистарски таблички, возачот (С.А) 34 годишен, не ги почитувал наредбите на полицијата, свртел полукружно и се упатил во правец на Охрид. Поради неприлагодена брзина, во близина на селото Ботун неговото возило излетало од патот, по што лицето се дало во бегство. Филмската потера завршила за кратко време, откако полициските...
Годинава трактори и приклучна механизација преку ИПАРД програмата
Post Views: 117Недоволната искористеност на средствата од ИПАРД програмата, благослов за земјоделците. Овој инструмент на Европската унија за претпристапна помош насочен за развој на земјоделството и руралните средини, во земјава стана достапна за нашите земјоделци во 2007та, а завршува токму оваа година. Сепак од работната единица на Агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделството од Охрид, велат дека искористеноста на средствата од оваа програма е доста под очекувањата. Токму поради тоа, како дел од ИПАРД програмата, годинава е додадена и набавката на тракторите и приклучната...
Нуркачи го чистеа Охридското езеро од цврст отпад
Post Views: 65Околу четириесеттина нуркачи од цела Македонија, со заеднички сили го чистеа Охридското Езеро од цврст отпад. Нивната тридневна акција опфати три локации долж брегот на езерото и тоа, зоната кај Лагадин, Десарет и пред градското пристаниште. Нивната акција е воедно дел и од вториот глобален подводен ден на заштита и чистење. Годинава, акцијата која е во организација на Глобалната подводна асоцијација, и со дополнителна цел, обид да се влезе во Гинисовата книга на рекорди со истовремено учество на нуркачи од 80 земји во светот во чистење на водите. „Ние се трудиме постојано да...
Бесплатни превентивни прегледи за светскиот ден на срцето
Post Views: 72Со бесплатни превентивни прегледи на крвен притисок, ЕКГ слика и ризик за кардиоваскуларни заболувања, на градскиот плоштад беше одбележан Светскиот ден на срцето. Годинава под мотото „Тргни кон здраво срце“, светскиот ден на срцето беше организиран од страна на Институтот за јавно здравје, а поддржан од локалната самоуправа во Охрид и секако Заводот за кардиоваскуларни заболувања „Свети Стефан“ од Охрид чии екипи ги спроведуваа превентивните прегледи. Граѓаните воодушевени од акцијата и можноста да добијат бесплатен совет за здраво срце.„Јас секој месец одам на прегледи,...







