Skip to main content

Автор: Мишел Наумоски

naucen sobir

Македонија и Хрватска ги продлабочуваат културолошките врски

Post Views: 49Во организација на Институтот за македонска литература во Конгресниот центар на УКИМ во Охрид се одржува меѓународниот научен собир на македонско-хрватски книжевни, културни и јазични врски. Станува збор за четврти по ред научен собир, кој има своја традиција и континуитет и се реализира во соработка со Филозофскиот факултет при Универзитетот во Риека. На овогодинешниот собир, учество земаат поголем број професори и истражувачи од Универзитетот „Јосип Јурај Штросмаер“ од Осијек, особено од Одделот за културологија, со кој Институтот за македонска литература има склучено...

Продолжи со читање

droga

Во атарот на Љубаништа запленети 15 килограми марихуана

Post Views: 71Акцијата на граничната полиција, синоќа околу 21 часот се реализира со поставување на полициска заседа во приграничното планинско подрачје на илегална патека која од албанска територија води кон територијата на Република Македонија и излегува на регионалниот пат Св.Наум-Охрид. Девет паковања марихуана завиткани во црна најлонска кеса, граничните полициски службеници пронајдоа синоќа додека седум паковања се пронајдени денес сокриени во автомобилска гума оставена во близина на лозјата на илегалната патека. Одземената марихуана ќе биде доставена на вештачење во Министерството...

Продолжи со читање

aronija

Расте интересот кај охридските земјоделци за подигнување на насади со аронија

Post Views: 78Се поголем интересот кај охридските земјоделци за подигнување на овошни насади со аронија. Ова растение кое е познато по своите лековити својства, во нашата држава стана вистински хит во последниве неколку години. Од работната единица на Агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделството, велат дека и охриѓани го следат трендот на подигнување на нови овошни насади со овој специфичен вид на овошје.„Во охридскиот реон и во општина Дебрца има зголемен интерес за пријавување на тој овошен насад од аронија, но исто така нашите индивидуални земјоделски производители се...

Продолжи со читање

wireless

Иднината на интернетот ни носи бежична поврзаност помеѓу објекти во движење

Post Views: 59Некои од најреномираните научници од областа на комуникациите, бежичните мрежи и мобилните системи, деновиве во Охрид ги разгледуваат најновите истражувања од областа на интернетот и бежичното поврзување на објекти во движење. Се работи за ВИНАМО проектот на Европската комисија кој ги поврзува научниците и нивните истражувања за една заедничка цел. „Работиме со летечки роботи, куадкоптери кои меѓусебно комуницираат и разменуваат податоци и дистрибуираат видео податоци. Така да тоа беше еден вид мотив за овој предлог. Вчера дискутирав за едно поново истражување, проекти и...

Продолжи со читање

sredbi

Охридските староградски средби годинава со сребрен јубилеј

Post Views: 63Сребрено, јубилејно издание на традиционалниот фестивал на староградска песна, „Охридски староградски средби“. Ова е фестивал кој со години ја негува македонската староградска песна, песна која се создавала во периодот кога во градовите цутело занаетчиството и кога се создавало градското јадро. Креирана во различни градови, од различни музички тајфи, староградската песна изобилува со варијации карактеристични за местото од кое потекнува.„Оние стари убави трубадурски песни и градски серенади кои што секој град, секое поднебје си има карактеристика. Токму тоа е поентата на овој...

Продолжи со читање

diskriminacija

Институциите во борба против дискриминацијата

Post Views: 62Претставници од полицијата, локалната самоуправа, училиштата како и институции од здравството, преку работилница на Министерството за труд и социјална политика, ќе ги зајакнуваат институционалните капацитети за борба против дискриминацијата. Министерот за труд и социјала, Диме Спасов истакна дека на патот на Република Македонија кон ЕУ, клучно е обезбедувањето на еднакви можности за сите и недискриминација по било кој основ. Тој рече дека токму за таа цел се спроведува и работилницата насловена како „Зајакнување на капацитетите на институциите во борбата против...

Продолжи со читање

Kuratica

Курајчани конечно ќе бидат снабдени со доволни количини вода

Post Views: 60Се реконструира и рехабилитира постојниот каптажен систем во село Куратица. Проектот е на Секторот за туризам и локален економски развој, а средствата се обезбедени со грант од германската амбасада во Република Македонија. Жителите на ова охридско село последниве години, се насочени кон развој на руралниот туризам. Снабденоста со вода, кој е еден од основните услови за развој, досега беше голем проблем за курајчани.„Тоа беа каптажни системи на водоводот кои што првично беа изградени пред 30-35 години, и истите не беа во функција повеќе во смисла на задржување на целокупното...

Продолжи со читање

seksualno obrazovanie

НВО „ХЕРА“ со петиција бара сеопфатно сексуално образование во училиштата

Post Views: 49Невладината организација „ХЕРА“ ја бара подршката од граѓаните за воведување на сеопфатно сексуално образование како предмет во училиштата ширум земјава. Насловена „За последен 1ви Септември без сеопфатно сексуално образование“ нивната кампања деновиве е фокусирана на привлекување на вниманието на ресорното министерство за образование околу потребата од воведување на ваков предмет во образованието. Претставниците од „ХЕРА“ велат дека според нивното истражување „Љубов после часови“, и кај родителите, и кај професорите и особено кај децата постои подготвеност па дури и желба за...

Продолжи со читање