Skip to main content

Автор: Мишел Наумоски

Охридските фирми „заборавиле“ да си ги подигнат електронските здравствени картички

Post Views: 10 Фирмите во Охрид доцнат со подигнувањето на електронските здравствени картички за своите вработени. Вака велат анализите кои ги направил Фондот за здравствено осигурување. Советникот на директорот на Фондот, Бранко Аџигогов, вели дека за разлика од фирмите, во подрачната единица во Охрид, далеку поажурни биле невработените и пензионерите иако според Аџигогов тоа е нелогично со оглед на фактот дека фирмите можат да подигнуваат поголем број на електронски здравствени картички одеднаш.„Во подрачната служба Охрид, 25000 охриѓани веќе ги имаат подигнато своите...

Продолжи со читање

Познати годинешните победници на меѓународниот атлетски маратон Охрид 2013

Post Views: 4   Познати победниците на 27от традиционален, меѓународен атлетски маратон, Охрид 2013. Лајош Берец од Унгарија беше најдобар помеѓу 29те атлетичари од повеќе земји. Тој, триесеткилометарската патека од граничната караула кај Свети Наум до Охрид, ја истрача за време од 1 час, 42 минути и 37 секунди. Македонија имаше свој атлетичар на пиедесталот. Со време од 2 часа, 3 минути и четири секунди, Зоран Саздов се пласираше на третото место. Во женска конкуренција пак, првото место и припадна на атлетичарката од Црна Гора, Слаѓана Перуновиќ. Таа, со време од 1 час, 58...

Продолжи со читање

Нема веќе рефус мелено месо по месарниците

Post Views: 10 Нема веќе рефус мелено месо по месарниците. Со донесувањето на новиот правилник за квалитетот на меленото месо, од почетокот на месецов, во месарите веќе не може да се купи мелено месо кое било претходно сомелено, освен ако тоа не е вакумирано, со соодветна декларација и подготвено од овластен преработувач. Правилникот вели дека ако некој сака да купи мелено месо, најпрво во месарата ќе си избере парче удина, кое потоа пред нив ќе биде сомелено од страна на продавачот. Еве што Охриѓани мислат за оваа новина. „Сега се веќе 100 проценти приватни продавници, тој не...

Продолжи со читање

Исклучително успешна 46та отворена Балканијада во едрење, Охрид 2013

Post Views: 7 Денеска е последниот ден од серијата трки на 46то Балканско Првенство во едрење кое се одржува во Охрид од 2ри до 8ми Септември. 200 едриличари од 6 балкански држави за првпат во историјата на Република Македонија ги одмеруваат силите на Охридското Езеро. Според прелиминарните резултати од 4 извозени трки до денес, доминираат турските натпреварувачи во сите класи. Од македонските натпреварувачи до овој момент најдобар резултат има едриличарот од ЕК Снегар-Струга, Ердал Лушо. „Планирани се две трки, во зависност од временските улсови, чекаме да видиме дали ќе биде...

Продолжи со читање

Човекот-амфибија, Јане Петков, со врзани раце и нозе ќе плива во Охридското езеро

Post Views: 13 Пливачкиот инструктор, спасувач и авантурист, Јане Петков од Сандански, соседна Бугарија во водите на Охридското езеро ќе се обиде да направи еден несекојдневен, необичен и пред се екстремно опасен подвиг. Петков ќе се обиде со врзани раце и нозе, а потоа вовлечен и повторно врзан во вреќа да преплива цели три километри почнувајќи од плажата Горица 1 до градското пристаниште. Ваквиот подвиг не е новина за Петков, бидејќи тој веќе има пливано со врзани раце и нозе. Тој ни раскажа како тоа за прв пат се случило, но и која е тајната за да се успее во еден ваков...

Продолжи со читање

Среќен крај на заложничката драма што попладнево се случуваше во водите на Охридското Eзеро

Post Views: 9 Заврши едночасовната заложничка драма која попладнево се случуваше во водите на Охридското Eзеро, во непосредна близина на хотелот Горица. Драмата се случуваше на бродот Александрија кој во моментот превезувал странски туристи, учесници на безбедносна конференција. Грабнувањето го извршиле припадници на терористичка организација кои како џихадисти учествувале во вооружениот конфликт во Сирија. Со координирана акција на поголем дел од организационите единици при МВР, беше извршен упад од вода и воздух кој заврши кобно за тројца од грабнувачите, додека петмина од нив...

Продолжи со читање

Успешен старт на 46та Балканијада во пловење на отворени води, Охрид 2013

Post Views: 12 Денес успешно стартуваше 46та Балканијада во пловидба на отворени води, Охрид 2013. Едриличари од Македонија, Србија, Црна Гора, Романија, Турција и Бугарија денес запловија во водите на Охридското Eзеро во шесте поголеми класи, ласер стандард, ласер радиал, ласер 4.7, фин и рсх како и најбројната класа на едриличари, класата оптимист.„Се едри на две регатни полиња, поле А и поле Б. На полето А или Алфа кое се наоѓа над градското пристаниште, едрат поголемите класи, класа 470, класа ласер стандард, ласер радиал, класа 4.7 и класата фин. На полето Браво едри...

Продолжи со читање

Секторот за ТЛЕР повторно ќе ги става во употреба инфо-пунктовите

Post Views: 10 Инфо-пунктовите поставени за подобро информирање на туристите веќе подолго време не функционираат. Овие инфо-пунктови со екрани на допир, првично беа поставени уште во 2011та година, и тоа на пет локации. Еден пункт беше поставен на градскиот плоштад, еден пред општината, еден кај новата автобуска, и по еден кај стариот чинар и на влезот од градот пред инфо-центарот. За жал во моментот, ниту еден од нив не е во функција. Сегашниот раководител на секторот за ТЛЕР, Ѓоко Апостолоски вели дека нивните служби во моментот прават анализи во каква состојба биле наследени...

Продолжи со читање