Автор: Мишел Наумоски
Post Views: 5 Автомобилите на тротоар, пешаците на улица. Ваква е сликата на голем број од охридските улици особено во летниот период кога и фреквенцијата на возила е далеку поголема. Колони на возила паркирани на места кои што не се предвидени за тоа, а уште полошо, места кои се наменети за движење само на пешаците. Тие пак се приморани да се снаоѓаат како знаат и умеат. Револтирани се од ваквата состојба, но најголемиот дел од граѓаните кои ги сретнавме, сметаат дека причината за блокираните тротоари пренатрупани со автомобили, лежи во немањето доволно паркинзи.„Пречат, секако...
Завршува 40 дневната дружба со фестивалот Охридско лето
Post Views: 9 52 реализирани термини, 10 театарски претстави од кои 6 премиери, 30 музички настани. Нови инструменти, промоција на недвиќно културно наследство, изложби на современ накит, графики и минијатури. Богата и професионална соработка со медиумите, нови сцени…Според директорката на Охридско лето, Елизабета Јанкуловска, ова се само дел од успесите кои ги постигнале на годинешното издание на Охридско лето. „На сцените во црквата Света Софија, Антички театар, предворје, дворот на училиштето Свети Климент, Куќата на Уранија, предворјето на хотел Палас, настапија 770...
„Браќа Карамазови“ за драмско финале на годинешното Охридско лето
Post Views: 7 Вечниот текст на Достоевски, „Браќа Карамазови“ ќе биде јагодата на шлагот во драмската програма на годинешното издание на Охридско лето. Претставата која е во изведба на театарот „Марин Држиќ“ од Хрватска, после цели 35 години го носи театарот од Дубровник повторно на Охридско лето. Нивната врска со фестивалот е секако македонскиот режисер, Дејан Пројковски.„Соработката со Дејан Пројковски е извонредна. Мислам дека го имаме од една страна Александар Македонски кој освојувал со меч, а Дејан Пројковски освојува со својот талент и големата љубов кон театарот и сите...
Отворена четвртата школа за млади лидери во Охрид
Post Views: 5 Школата за млади лидери, по четврти пат отворена во Охрид. И оваа година, нови 40 студенти ќе ги развиваат своите лидерски вештини во најразлични области. Денес, претседателот на Република Македонија, Ѓорѓе Иванов, на чија иницијатива е создадена оваа школа ја пречека четвртата генерација на студенти која започнува со работа, но и учесници од претходните генерации на Школата за млади лидери. Ова се нивните очекувања и импресии. „Очекувам најпрво да ги проширам своите познавања, теоретски, со искуства од некои експерти во практичен дел. Очекувам да ги прошириме...
Расказот „Трансакција“ победник на конкурсот за наградата „Живко Чинго“
Post Views: 9 Познат овогодинешниот добитник на престижната награда „Живко Чинго“. Најзабележителен, според жири комисијата предводена од познатиот охридски поет Славе Ѓорго Димоски, бил расказот „Трансакција“ доставен под шифрата „Нула“. Според Димоски кој е претседател на оваа жири комисија, наградата за краток расказ „Живко Чинго“ го има највисокиот примат за литературен жанр од овој вид. Еве зошто комисијата се одлучила токму за овој расказ.„Расказот „Трансакција“ обработува современа урбана тема во која на некој начин сите ние сме заробени и може да се препознаеме. Двата...
Туристите ќе го запознаваат Охрид преку андроид апликација
Post Views: 16 Престојот на туристите во Охрид штотуку стана далеку полесен. Тие до најпознатите и најпосетуваните културно-историски споменици во градов ќе можат лесно да стигнуваат благодарение на андроид апликацијата за паметни телефони наречена МK Guide. Оваа апликација може да се симне од веб страната на Гугл Плеј и е целосно бесплатна. MK Guide е дело на програмерите од Факултетот за информатички науки и компјутерски инженеринг од Скопје во соработка со Факултетот за туризам и угостителство од Охрид и локалната самоуправа од нашиот град.„Апликацијата откако корисникот ќе ја...
Прва изложба по 17 години на Јордан Манасијески во родниот Охрид
Post Views: 4 „Апстинирањето јас би го нарекол како созревање. Исто тоа се моменти како овошјето и плодовите од природата, така и сликарот ги чека вистинските денови кога ќе созрее и кога ќе може да се претстави со полно задоволство, со полна доверба пред светот и гледачите, и јас мислам дека бев трпелив.“ Со оваа филозовска мисла, доајенот на македонското сликарство, Јордан Манасијески после долга пауза ја најави својата прва изложба во родниот Охрид. Изложбата насловена како „Приказна за светите простори“ е контраст од две различни фази во творештвото на Манасијески.„Очигледно...
Охриѓани се информираа за сидата на ХИВ караванот
Post Views: 6 ХИВ караванот кој вчера се одржуваше на плоштадот „Крушевска Република“ вистинска атракција за охриѓани. Од музички хепенинг со познати ѕвезди од македонската музичка сцена, до делење на информативни флаери за СИДА-та и драмска изведба на волонтерите од Црвениот крст од Охрид. Целта на овој караван е да се запознае заедницата, охриѓани со она што невладината организација „Опција“ од Охрид го спроведува како превентивни програми поврзани со ХИВ Сидата и хепатитисот, како и нивната работа со целните групи на сексуални работници и нивните семејства и корисниците на...