Автор: Мишел Наумоски
Post Views: 8 Драматуршката класика на Жан Батист Молиер, „Тартиф“ вечерва на програмата на Охридско лето. Оваа приказна за лицемерието добива многу поширок контекст благодарение на Битолскиот народен театар кои при работењето на „Тартиф“ најпрво тргнале од сите моди кои се случуваат во религијата, за потоа да ја опфатат и политиката и да дојдат до концептот „лицемерие и наивност“.„Тартиф е една од најновите продукции на битолскиот народен театар. Ја направивме некаде на почетокот на оваа година, се разбира од националната програма за култура на Министерството за култура и...
Атрактивниот женски гудачки квартет „Бонд“ на Охридско лето
Post Views: 6 Главната музичка атракција на фестивалот Охридско лето, фантастичниот гудачки квартет „Бонд“ за прв пат со свој настап во Охрид. Тања Дејвис, Иос Чатер, Геј-Ји Вестерхоф и Елспет Хенсон во музичкиот свет се познати по тоа што ги рушат бариерите и концептите за музички стилови и жанровски концепти. Четирите Бонд девојки рекоа дека се воодушевени од Охрид, и дека со нетрпение го чекаат својот вечерашен настап.„Ќе свириме многу, многу песни од сите наши албуми, особено нешто од нашиот нов албум. Исто така ќе свириме и едно посебно дело за овде, за Македонија. Тоа е...
11 медали за охридските карате мајстори од „Шидокан“
Post Views: 8 Високи почести и огромен успех на карате мајсторите од охридскиот карате-до клуб „Шидокан“. Овие супер-талентирани момци буквално собраа повеќе од половината медали доделени на светското првенство во карате на интернационалната јапонска карате асоцијација. На ова првенство кое се одржуваше во соседна Бугарија од 18 до 21 јули, нашите момци беа вистински хит.„Напорно се подготвувавме за ова првенство, темелно се подготвивме, очекувавме 5-6 медали, но ете децата од клубот ги надминаа очекувањата и успеавме да освоиме 11 медали. Еден светски шампион, три вицешампиони и...
Брзата помош со превентивна акција против топлотниот бран
Post Views: 10 Најавите за топлотен бран и наглиот пораст на температурите ги алармираа надлежните. По препорака на Министерството за здравство, од денес па се до завршувањето на препораката, во периодот од 18 до 21 часот на плоштадот „Крушевска Република“ кај градската кружна фонтана, екипа на Брзата помош од Охрид ќе ја спроведува акцијата „Здравје за сите“.„Секој ден од денеснатаму ќе има акција „Здравје за сите“ во која што ќе бидат мерени притисоци, и евентуални прегледи по потреба, гликемија и други совети за граѓаните, за пациентите кои што ќе бидат на лице место за совети...
Второ издание на фестивалот „Песна на летото“
Post Views: 5 Фестивалот „Песна на летото“ ја гради својата традиција. Годинава се одржува по втор пат, а на него ќе настапуваат некои од најпознатите имиња на македонската фолк сцена. За разлика од минатата година, второто издание на фестивалот, далеку побогато, со песни и изведувачи. „Оваа година организираме три вечери, поточно две вечери кои што ќе бидат како организација „Песна на летото“ и третата ќе биде ревијална вечер. За неа повеќе ќе каже колегата Пеце Здравковски, директорот на „Гоце фест“. Првата вечер која ќе биде вечерва, ќе биде вечер на народни препеани...
„Спортс плеј“-претстава за врската помеѓу спортот и насилството
Post Views: 0 Новата сцена на Охридско лето, во дворот на ОУ „Климент Охридски“ утревечер ќе го нагости Just a must театарот од Лондон. Овој брилијантен независен театар од Велика Британија пред публиката ќе се претстави со добро позната тема на нашите простори, југословенските војни во деведесетите години на минатиот век. Претставата „Спортс плеј“ на австриската нобеловка Елфриде Јелинек е едно временско истражување на темната страна на животните игри, но и претстава која говори за нераскинливата врска помеѓу спортот, национализмот и насилството.„Онаа идеја за војната во...
Манастирот „Свети Спас“ во Горно Лакочереј, мало парче рај на земјата
Post Views: 44 Сместен во планинскиот дел на Горно Лакочереј, манастирот „Свети Спас“ е вистинска оаза, со целосно хортикултурно уреден двор, цвеќиња, тревници, дванаесеттина конаци, кујна за готвење. „Свети Спас“ на сите намерници им нуди место за одмор, со сите можни удобности. Таму го најдовме Александар Крстев, член на црковниот одбор на манастирот „Свети Спас“. Тој ни раскажа дека овој манастир според големината на имотот и сето она што го поседува, е вториот најбогат манастир во нашата епархија, но до пред некое време стоел заборавен и запуштен. Од минатата година, по...
„Изгубени Германци“, претстава за вечните теми, животот, смртта и општеството
Post Views: 7 Утревечер во драмскиот дел на Охридско лето, публиката ќе може да ужива во целовечерната драма „Изгубени Германци“ на Дејан Дуковски. Оваа престава која обработува современи идеи, се базира на амбиент кој се базира на периодот од Втората светска војна. Приказната е сместена при крајот на војната, во 1944 година кога одредена група германци се затворени во еден рудник барајќи некаква руда. „Така заробени во тој простор, би рекол Дуковски со својот најнов текст, асоцира по начинот на пишување на она што го прави Јонеску во „Затворениот круг“, на неможноста да се...