Skip to main content

Автор: Мишел Наумоски

izlozba

Ликовната одисеја на Мајкл и Менка Клоус тргнува од Трпејца

Post Views: 63После неколку изложби во Рим, Сплит и Задар, македонскиот брачен пар Мајкл и Менка Клоус со своите дела доаѓаат и во земјата од која потекнуваат. Новниот ликовен проект е насловен „Сликарството на патот до хуманоста“ и сосема адекватно на насловот, сите нивни изложби се добротворни и најголемиот дел од сликите се подаруваат. Нивната македонска ликовна одисеја започнува од Трпејца.„Денес се отвори изложбата во Трпејца. Тоа ќе ни е првата изложба во Македонија, па потоа следуваат неколку изложби, едната е во Скопје, во кафе „Галерија“, и ќе се отвори во Понеделник, потоа имаме...

Продолжи со читање

hamlet

Пикантно издание на Шекспировиот „Хамлет“ утревечер на Охридско лето

Post Views: 55Урнебесно комична верзија на Шекспировата класика „Хамлет“ утревечер на програмата на Охридско лето. „Хамлет во пикантен сос“ е комедијата со која за прв пат на Охридско лето ќе настапат и театарот „Комедија“ од Скопје, но и режисерката на оваа претстава, Александра Кардалевска. Според неа, „Хамлет во пикантен сос“ е претстава која создава амбивалентен однос кон животот, храната и смртта.„Истата таа приказна е ставена во други околности. Имено дејството се случува во кујната на дворецот, мрачниот дворец „Елсинор“ каде што главниот готвач Фроги, ги прави сите сплетки на некој...

Продолжи со читање

primopredavanje

Локалната ја презеде обврската да се грижи за специјалното возило за лица со хендикеп

Post Views: 69Специјалното возило за лицата со хендикеп кое беше набавено со средства од големата хуманитарна акција „Декември-месец на отворено срце“, конечно предадено во владение на општината. Раководителот на здружението за лица со интелектуална попреченост „Зраци“, Зоран Костадиноски, вели дека првичната идеја била токму таа, ова специјално возило да биде наменето за сите лица со било каков хендикеп од градов.„Полезноста на ова возило е во секој случај многу голема. Не можеме со зборови да ја опишеме. Самите лица, самите семејства знаат колку им е оневозможено нивното излегување, и...

Продолжи со читање

leten soobrakjaj

Летниот сообраќаен режим во стариот дел на градот со неколку измени

Post Views: 57Летниот сообраќаен режим во стариот дел на градот со неколку измени. Според секретарот на општина Охрид, Димитар Спасески вели дека во овогодинешниот летен сообраќаен режим, тие ги вметнале сите барања на жителите од стариот дел на градот. Спасески вели дека во комуникација со граѓаните од овој дел на Охрид, добиле сознанија дека тие се задоволни од тоа како функционира сообраќајот во овој период од летото. Спасески информира дека биле направени неколку измени.„Улицата која води од Горна порта до маркетот ДОН, согласно новиот сообраќаен режим е двонасочна улица. Тоа беше...

Продолжи со читање

sovet

Советниците прашуваа, градоначалникот одговараше

Post Views: 50Осмата седница на советот на општина Охрид со единствена точка, советнички прашања. Се прашуваше за се од тоа до каде се зафатите на Плаошник и што таму се прави, па се до тоа какви капитални инвестиции планира да реализира локалната. Токму прашањето за тоа што се прави во рамките на Плаошник повторно го актуелизираше советникот од СДСМ, Томислав Тунтев, кој изрази сомнеж дека дел од зафатите таму се незаконски.„До мене не стигнала никаква забелешка од страна на граѓаните околу локалитетот Плаошник, ниту наоѓам што е она на што треба да реагираме, која е вашата забелешка, ако...

Продолжи со читање

sredba sportisti

Дали Охрид ќе прерасне во главен спортски центар во земјава?

Post Views: 51Градоначалникот Никола Бакрачески на иницијатива на првите луѓе на СРЦ „Билјанини извори“ организираше работна средба со спортските федерации од државава, Агенцијата за млади и спорт како и истакнатите спортски работници од градов. Крајната цел според Бакрачески е развој на спортските клубови во Охрид преку една ваква координирана акција.„Она што е наша цел како локална самоуправа и секако цел на спортско-рекреативниот центар „Билјанини извори“, е да ја дадеме максималната логистичка подршка за организација на масовни настани во спортот кои што би се одржувале во Охрид....

Продолжи со читање

pretstava

„Кога бев мртов“-бурлеската без текст го отвора драмскиот дел на Охридско лето

Post Views: 58Драмскиот дел од 53то издание на Охридско лето ќе добие немо но нималку тивко отворање. Несекојдневната претстава „Кога бев мртов“ работена според немиот филм на Ернст Љубич, ќе ја има задачата да ја насмее присутната публика. Претставата нема текст, па актерите своите улоги ќе ги одиграат со изразување преку телото. Поради тоа, според режисерот Диего де Бреа оваа претстава отвора нови полиња на изразување во театарот.„Приказната не е некоја драмска класика. Тоа е приказна за еден обичен, но невозможен однос помеѓу машко и женско кои на секој начин се одвојуваат за после во...

Продолжи со читање

vmro np

ВМРО НП: Се вршат притисоци врз доверителите за да се откажат од побарувањата кон општината

Post Views: 65ВМРО Народна партија даде своја оценка на досегашното работење на новата локална самоуправа. Тие сметаат дека во изминатите 100 дена се правеле само куртоазни средби со одредени групи на граѓани, се асфалтирале некои помали улици, и одржувале манифестации кои години наназад биле одржувани. Од ВМРО Народна прашаа што е различно во поставувањето на урбаната опрема, освен новата давачка за угостителите за закуп на просторот. Од Народна сметаат дека најавуваните изградби на нова автобуска, затворен пазар и катна гаража веќе требало да се започнати, бидејќи за сите нив има...

Продолжи со читање