Автор: Мишел Наумоски
Post Views: 59Некои од најзначајните културно-историски споменици и цркви во градов немаат соодветно осветлување, а дел од нив и воопшто не се осветлени. Според директорката на НУ „Завод и музеј“ од Охрид, Тања Паскали-Бунташеска, вели дека досега, од нивна страна било извршено осветлување на два археолошки локалитети и објекти и тоа црквата „Свети Климент и Пантелејмон“ и Античкиот театар во времето кога се вршела неговата реконструкција и реставрација. Освен нив, осветлување имаат уште и Самоиловите тврдини и црквата Свети Јован Богослов-Канео, но според директорката Бунташеска, треба да...
Дебрца, Вевчани, Охрид, Струга, Корча и Поградец тргнуваат кон алтернативен туризам
Post Views: 71Неколку рурални и неколку урбани општини од Македонија и Албанија буквално тргнуваат кон алтернативниот туризам. Водилка ќе им биде проектот кој го носи токму тој наслов, „Кон алтернативен туризам“, а го спроведуваат Македонската развојна фондација за претпријатија и невладината Партнерс Албанија. Денес ја имаа почетната работилница на која учество зедоа туристички работници и претставници од општините Дебрца, Вевчани, Охрид, Струга, Корча и Поградец. На работилницата ќе се идентификуваат неколку туристички потенцијали во регионот поврзани со алтернативниот туризам, а ќе се...
Охридските средни училишта договорија практична настава кај занаетчиите
Post Views: 68Трите средни училишта од Охрид, денес потпишаа меморандум за соработка со Занаетчиската комора на Македонија и нејзиниот регионален огранок. Меморандумот е донесен по заклучок на Владата на Република Македонија, а освен во Охрид, ваков документ комората потпишала и со училишта во Скопје, Куманово, Тетово, Гостивар и Штип. „Секако со овој меморандум може да се допринесе многу за подобар кадар на занаетчиската структура. Учениците да посетуваат практична настава кај занаетчиите и на тој начин да соработуваме за доброто на сите.“-рече Весна Симова, претседател на Занаетчиската...
Локалната самоуправа ќе става поголем акцент на руралниот туризам
Post Views: 61Локалната самоуправа преку Секторот за туризам и локален еконоски развој ќе посветува поголемо внимание на развојот на руралниот туризам. Во таа насока тие аплицирале со три конкретни проекти до Агенцијата за подршка на руралниот развој, за кои изразија надеж дека ќе им бидат одобрени. Сепак со повеќе детали околу содржината на проектите велат дека ќе излезат откако ќе добијат зелено светло од Агенцијата. Раководителот на секторот за туризам и локален економски развој, Ѓоко Апостолоски вели дека како дел од активностите за развој на руралниот туризам веќе пристапиле кон...
Годинава за прв пат „Бело лето“ во Охрид
Post Views: 53Оваа сабота ќе биде првата „бела ноќ“ во Охрид. Локалната самоуправа заедно со секторот за туризам и локален економски развој „Белото лето“ ќе го искористат за да го означат и официјалниот почеток на летната туристичка сезона. Од локалната велат дека од објективни причини оваа манифестација годинава се одржува на 6ти јули. За од наредната година најавуваат дека таа ќе се одржува или на крајот од мај или на почекот на јуни како би се пролонгирала летната туристичка сезона. Главна ѕвезда на саботната „бела ноќ“ која ќе се одржи на градскиот плоштад, ќе биде македонското...
Градоначалникот Бакрачески денес се сретна со претставници од „Сахара Груп“
Post Views: 63Претставници од индиската компанија „Сахара Груп“ на инвеститорот Субрата Рој, денес оствариле кратка средба со градоначалникот Никола Бакрачески. На оваа средба, градоначалникот ги информирал до каде се активностите околу изградбата на туристичкиот комплекс во Љубаништа. Претставниците на „Сахара Груп“ пак го информирале градоначалникот дека на 11ти и 12ти Јули во Охрид ќе престојува и претседателот на „Сахара Груп“, индискиот инвеститор, Субрата Рој. Во текот на овие два дена ќе се одржи и работна средба на која учество ќе земат самите инвеститори, претставници од локалната...
Санирани дефектите во градскиот базен-наскоро се става во функција
Post Views: 58Градскиот базен за брзо време ќе биде ставен во функција. Од ЈП „Билјанини извори“ информираат дека при првата комплетна проверка на базенот, тие откриле многу лоша слика. Проблеми со мембраната, вентилите, функционирањето на моторите, каналите на базенот. Ова се само дел од проблемите на кои во изминативе неколку денови работеле од ЈП „Билјанини извори“,со цел што е можно побрзо ставање во функција на градскиот базен.„Ние веќе тоа го отстранивме. Има уште некои ситни работи кои што треба да се отстранат во денешниот и утрешниот ден. Се надевам дека нема да имаме покрупни...
Годинешното издание на Канео фест, со хумана мисија
Post Views: 59Познатиот охридски музички фестивал, Канео 2013 ќе се одржи по дванаесетти пат. Организаторите велат дека годинава се многу позадоволни од минатата. На фестивалот ќе настапат вкупно 18 новокомпонирани песни, со добро познати музички имиња од македонската сцена. За разлика од минатите изданија на фестивалот, годинава ќе има и втора, ревијална вечер.„Се работи за новокомпонирани композиции, ќе има доста имиња и доста млади кои за првпат ќе се појават. Ќе се направи еден добар микс на една добра музика и едно уживање и прекрасна вечер. Оваа година се одлучивме да имаме и втора...







