Skip to main content

Автор: Мишел Наумоски

Финишираше проектот за зајакнување на меѓукултурниот дијалог

Post Views: 227 Низ забава, игра, организирање работилници, на еден спонтан начин, полека но сигурно меѓуетничкиот дијалог застанува на нозе. Ова барем според резултатите од петмесечниот проект на Локалната агенција за развој од Струга за зајакнување на меѓукултурниот дијалог помеѓу младите. Учениците од средните општински училишта „Д-р Ибраим Темо“ и „Нико Нестор“ од Струга, кои зедоа свое учество во овој проект, не само што слушаа, туку и самите беа ставени во улога да предаваат на своите врсници.„Стекнавме многу знаења. Сето тоа знаење потоа се потрудивме да го пренесеме на нашите...

Продолжи со читање

ЈП „Билјанини извори“ конечно ги доби паркинзите во градов

Post Views: 288 Бидна и тоа. Јавното претпријатие „Билјанини извори“ ги доби паркинзите во Охрид. Ваквата одлука денес беше едногласно изгласана од Советот на општина Охрид. Со тоа, ова јавно претпријатие, по стапувањето на сила на оваа одлука, ќе биде носител на правото на располагање со 12 стари паркинзи низ градот, но и со четири нови од кои два лоцирани во Лагадин, и по еден кај Горица 3 и хотелот Бетон. Сепак директорот на ЈП „Билјанини извори“, Боро Шајн вели дека ќе ги задржат само најпрофитабилните паркинзи.„Ако ние ги задржиме сите паркинзи, тогаш по нашите проценки ќе ни...

Продолжи со читање

„Скопје ремикс“-девет филмови една целина

Post Views: 222 Секој мозаик има повеќе мали составни делчиња кои ја даваат целата слика. Така и „Скопје ремикс“ филмот за културниот ритам на градот под Калето преку девет кратки филма се обидува да го дофати духот на една генерација. „Скопје ремикс“ е сложувалка на чие составување во изминативе две и пол години работеа десет млади македонски режисери меѓу кои Борјан Зафировски, Дарјан Пејовски, Огнен Димитровски Срѓан Јанакиевиќ, Ѓорѓе Ставрески, Саша Станишиќ, Јане Алтипармаков, Вардан Тозија, Бојан Трифуновски и Синиша Ефтимов. Водечка сила на филмот е музиката, музиката создавана...

Продолжи со читање

Матичен лекар кога ќе ти притреба

Post Views: 249 Или двосменско работење или работење во различни смени со замената. Од сега вака би требало да функционира примарната здравствена заштита во градов, но и во земјава. На овој начин Фондот за здравство се обидува да обезбеди континуирана здравствена заштита за пациентите. Ова особено добро ќе им помогне на интернистите при Општата болница во Охрид кои велат дека имаат прекумерна работа, но и дека непотребно трошат скапоцени ресурси. Причина: Голем дел од пациентите кои доаѓаат кај нив всушност требало да отидат кај својот матичен. „Тоа ќе биде задача на Фондот да ги...

Продолжи со читање

Охриѓани доминираа на регионалните хорски смотри

Post Views: 200 И основните и средните училишта од Охрид одлично се покажаа. Овие смотри секоја година се одржуваат во рамките на основното училиште „Христо Узунов“. Учествуваа 16 хорови и 11 оркестри од основните и средните училишта од Охрид, Струга и Кичево. Првото место кај средните училишта убедливо го освои младинскиот мешан хор при ОСУ „Свети Климент Охридски“, додека кај основните првото место им припадна на хористите од основното училиште „Христо Узунов“, а со прво место, но во категоријата оркестри се закити оркестарот од ОУ „Свети Климент Охридски“-Охрид. Двата прво пласирани...

Продолжи со читање

Работничките права-најподложни на непочитување

Post Views: 203 Светот денес го одбележува меѓународниот ден на човековите права. „Мојот глас одлучува“ е мотото под кое денес се обединуваат државите во светот со цел да покажат дека битката за почитување на човековите права е постојана и никогаш не запира. Со ова се согласува и Драгица Попоска од невладината организација „Езерка“ од Струга. Но, од она што како искуство го има оваа невладина организација, Попоска вели дека барем на територијата на Струга, граѓаните доколку им било прекршено некое право, помош бараат во невладините организации, а не во институциите. Додава дека невладините...

Продолжи со читање

ФТУ со американски искуства до подобри предавања

Post Views: 231 Културниот диверзитет, различните народи и култури од големо значење за развојот на туризмот и угостителството. Ова е хајлајтот од четиридневниот семинар на кој учествуваа професори од Факултетот за туризам и угостителство и претставниците од Комјунити колеџите од САД. Целта е да се разменат искуства и во теоретските знаења, но посебно во практичното работење на наставниот кадар.„Тие добиваат знаења за начинот на пренос на знаењата во САД, пренос на практичниот начин на работење она што ние се обидуваме да го воведуваме што повеќе во нашите предавања. Контакт со нашите...

Продолжи со читање

Одржана манифестацијата „Детски семафор 2012“

Post Views: 199 Во последно време се подолу се спушта границата од која може активно да се учествува во сообраќајот.“ Оттука одржувањето на ваквите манифестации е особено важно за всадување на сообраќајните правила во младите детски глави. „Се она што не е дел од редовната настава секогаш повеќе ги привлекува децата а згора на тоа и самиот факт што децата уште од млади години стануваат реални учесници во сообраќајот, значи не теоретски дел или некаде настрана одвоени туку точно учесници како велосипедисти, како мопедисти, пешаци па и мотористи од млади години во реалниот сообраќај...

Продолжи со читање

Започна Охрид Опен 2012

Post Views: 186 Конечно Охрид Опен навистина е опен односно отворен. Ова е прв теквондо турнир во градов после цели 14 години, а згора на тоа и по повод прекрасен јубилеј. Македонската теквондо федерација слави свои 20 години постоење или 20 години поминале откако овој спорт за прв пат бил практикуван во Македонија. За овој турнир беше најавено учество на преку 200 натпреварувачи, но дел од нив го откажале своето присуство поради актуелните случувања во Скопје. Сепак тоа не ги спречило останатите 1200-тина учесници да ги покажат своите вештини во теквондото. Меѓу нив и теквондо клубот...

Продолжи со читање

Петкратниот светски шампион во теквондо, Сајан Бат, ѕвезда на Охрид Опен 2012

Post Views: 209 20те години постоење на Македонската теквондо федерација ќе бидат одбележани на фантастичен начин. Ѕвезда на турнирот кој се организира по повод овој јубилеј ќе биде рускиот теквондо борец Сајан Бат. Она што е најинтересно за Бат е дека тој во земјава доаѓа без ниту еден единствен пораз во својата кариера. Со овој спорт почнал да се занимава уште во детството, а борец е веќе 12 години. Ексклузивно за нашата телевизија, Бат открива како успеал да остане непоразен сите овие години.„Па не знам како сум успеал да останам непоразен. Не знам, тоа е нешто што го имаш во себе,...

Продолжи со читање

Само пет охридски плажи добија концесионери

Post Views: 442 Само третина од охридските плажи добија свои концесионери. Многуте препукувања и несогласувања помеѓу досегашните концесионери и Министерството за транспорт и врски денес добија епилог. Наместо 15, само 5 плажи добија свои концесионери на  електронското наддавање кое го организираше Министерствотото за транспорт и врски. Куба Либре, Кадмо, Бела Виста, Канео-Извори и Канео-Потпеш добија свои најповолни понудувачи. Физичкото лице Венко Мостров, потоа правните лица Фаланга Алфа Тим, ТД Бела Виста, Диокан ДООЕЛ Охрид и физичкото лице Томе Тримчев соодветно се концесионерите...

Продолжи со читање

Охриѓани мераклии на јагнешко и велигденски јајца

Post Views: 246 Полни раце работа за интернистите во Општата болница. Продолжениот празничен викенд се покажа и тоа како работен за нив. Се чини Охриѓани баш си го сакаат јагнешкото и велигденските јајца бидејќи добар дел и претерале со ваквата храна. Ова особено станува проблем поради долгиот период на велигденски пости. Според лекарите, токму наглото консумирање на мрсна храна по постот е главната причина за јавување на тегобите. Во Интерното одделение при Општата болница само за овие неколку дена регистрирале преку 180 случаи на пациенти кои прекумерно консумирале мрсна храна викендов.„Ние...

Продолжи со читање