Автор: Мишел Наумоски
Post Views: 6 Не стивнуваат реакциите околу зголемените цени за паркинг. Нова прес конференција на оваа тема одржа општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ. Тие обвинија дека со новите цени се удира не само по џебот на охриѓани, туку и на домашните и странските туристи. Велат со наметнатата цена на паркинг просторите низ Охрид, само се усложнува неповолната состојба во која се наоѓаат граѓаните на Охрид.„Зголемувањето на цената за паркинг простор како и поставување на паркинг простор на места каде што никогаш претходно не постоеле како и недозволувањето на граѓаните кои живеат во област...
Петрески повторно побара поставување на капетан на Охридската капетанија
Post Views: 12 Уште една прес конференција на градоначалникот Петрески одржана пред Капетанија. Повторно побара од Владата што поскоро да биде поставувањето на новиот капетан на Охридската капетанија. Петрески вели дека за жал и покрај редовните апели до централната власт, ја добивме и првата жртва на дивеењето на скутерџиите, а капетанија и натаму нема прв човек. Момчето кое во неделата се здоби со тешки телесни повреди е само потврда за незавидната безбедносна состојба во Охридското езеро-рече Петрески.„Токму за состојбите во Капетанијата, која е задолжена за езерскиот...
Вечерни концерти на плажи-законски или противзаконски?
Post Views: 8 Ако не ни е јасно дали започнала летната туристичка сезона, тогаш треба само да фрлиме поглед кон некои од плакатите низ градов. На нив ќе видиме најави за концерти, за свирки и настапи. Штом има концерти, сигурни сме, дојде лето. Во последно време се почесто ваквите свирки или концерти се одржуваат на охридските плажи, и тоа во термини од доцните вечерни до раните утрински часови. А дали се плажи, кафе барови или ноќни клубови, е тоа е веќе некое друго прашање. Со законски норми кои го одредуваат работното време како и степенот на дозволена бучавост, се наметнува...
Турски фирми најавуваат инвестиции во Охрид
Post Views: 8 Охрид денес домаќин на стопанската комора од Менемен-Турција. Заедно со регионалната стопанска комора од Охрид, претставниците од Менемен потпишаа меморандум за соработка. Крајната цел се разбира е економски бенефит и развој и на Охрид, но и на Менемен. Потпретседателот на регионалната стопанска комора од Охрид, Ружди Муфти, смета дека големи се можностите за соработка во областа на туризмот за кој Муфти вели дека е фабрика без оџак.„Разговаравме за соработката, наши фирми во еден убав број беа присутни на овој состанок. Сега се во тек заеднички Би-Ту-Би средби....
Охридската чаршија-културна институција на генерациите
Post Views: 14 „Само оној кој работи на долгата патека, полека и трпеливо може да постигне успех.“ Нема поголем доказ за оваа убава мисла од генерацијата гимназијалци од 52та. 60 години матура за дел од охриѓани кои дадоа исклучителен придонес за Охрид на сите полиња на општественото живеење. За нив ни говори човекот кој и самиот е дел од неа, човекот кој врз себе го понел товарот да биде хроничар на културолошкото издигнување на Охрид, Томислав Стефоски. „Мојата генерација беше природно надарена, генерација која зрачеше во секој поглед. Беа луѓе кои носеа со себе една добрина,...
Петрески: Законот за Охрид го кочи централната власт
Post Views: 6 Градоначалникот Петрески не остана покусо. Тој денеска на прес конференција, порача дека деталните урбанистички планови за старото градско јадро и за контактната зона , се наоѓаат во фиока во Завод и музеј и доколку таму си ја завршат работата до следната седница на совет, тој истите уште во петок ќе ги стави на дневен ред. Со тоа Петрески ги отфрли обвинувањата на министерката за култура Канческа-Милевска, дека локалната е кочницата за неспроведувањето на Законот за Охрид. Петрески посочи дека работата кочи бидејќи веќе година дена предложените решенија за...
Изложбата на облека „Ала Турка“ не врати во минатото
Post Views: 23 Македонија е земја во која се вкрстувале безброј цивилизации, безброј религии и народи. Нема поголем доказ за тоа од секојдневниот говор, полн со примеси од некое друго време, од модата која пред многу години охриѓани ја терале, а која на Охрид му дала еден ориентален шмек. Вчеравечер имавме можност да се запознаеме баш со ова одамна минато време, преку изложбата на градска облека „Ала Турка“ во реставрираниот Воска Амам. Воедно Воска амамот за прв пат ги отвори своите врати за посетителите откако беше извршена неговата реставрација. Црвената лента ја пресекоа...
Вечер на филмот во Центарот за култура „Григор Прличев“
Post Views: 13 Филмска вечер во Охрид. Во центарот за култура „Григор Прличев“ вечерва ќе се прикажуваат два документарни филмови и еден краткометражен игран филм. Трите се режирани од младиот македонски режисер, Гоце Димовски. Првиот документарен филм, насловен „Трендафил и кунатка“ е снимен во 2006та година и претставува етнолошки документарен филм, а ја обработува темата пустошот на македонското село. „Бисерот од небото“, вториот документарец всушност претставува портрет на познатиот музичар Јане Ангелевски и е посветен на годишнината од неговото упокојување. Покрај овие два...