Автор: Мишел Наумоски
Post Views: 9 Заврши првиот уписен рок во трите охридски средни училишта. Сумираните резултати по завршувањето на првиот уписен рок носат изразито спротивни бројки. Најголем интерес, полуматурантите повторно покажале за општинското средно училиште „Свети Климент Охридски“. Таму вкупно се пријавиле 356 деца од кои биле примени 309. Од нив, 189 запишале гимназиско образование, 101 економско и 19 деца се запишале на медицинската паралелка. За вториот уписен рок, вкупно остануваат 161 слободно место, од кои 83 во гимназија, 63 во економски и 15 во медицинската паралелка. Во...
Поставувањето на маси и столови пред угостителските објекти ќе се наплаќа по зони
Post Views: 6 Од ова лето, угостителите, за поставување на маси и столови пред нивните објекти ќе плаќаат според посебно одредени зони од страна на Секторот за урбанизам при локалната самоуправа. Ова е одлука која беше изгласана на последната седница на Советот на општина Охрид, а се однесува утврдувањето на зоните, но и висината на цените кои ќе ги плаќаат угостителите за краткотраен закуп на уредено градежно земјиште за поставување урбана опрема, односно маси и столови. „Зонирањето е во три зони, тоа е уредено по улици. Првата зона се плаќа 300 денари, втората зона 200 и...
СВР Охрид со превентивни мерки за безбеден сообраќај летово
Post Views: 7 Со цел подигнување на безбедноста во сообраќајот, охридската полициска станица за безбедност во патниот сообраќај отпочна со зајакнати мерки и контроли на сите учесници во сообраќајот кои не ги почитуваат законските одредби за безбедност во патниот сообраќај. Во текот на вчерашниот ден, во времето од 13 до 19 часот активностите на СВР-Охрид беа насочени кон возачите на моторни возила и моторцикли при што биле контролирани вкупно 120 учесници од овие категории. И покрај досегашните укажувања, насоки и апели од страна на СВР Охрид, и понатака евидентна и несфатлива е...
Дечињата од градинката „Јасна Ристеска“ ги откриваа убавините на шахот
Post Views: 7 Велат дека првиот допир шаховската игра знае да биде посебно доживување. Денес и се уверивме во тоа. Дечињата од централната градинка „Јасна Ристеска“ се запознаваа со шахот, со фигурите, со нивното движење по шаховската табла. За некои од нив ова беше прва средба со оваа античка игра, додека некои веќе знаеја по нешто за шахот.„Јас знам да играм шах, брат ми ме научи и секогаш ме победува. Некогаш мене ме победува, некогаш јас него.“„Со црните се фаќа белото, а со жолтото се фаќа белото.“-рекоа дел од нив.Ова запознавање на малите дечиња со шахот е всушност...
Двокатниот автобус за брзо се става во функција
Post Views: 11 Двокатниот автобус кој општина Охрид го доби од Министерството за транспорт и врски за брзо започнува да функционира. Од јавното претпријатие „Билјанини извори“ информираат дека во моментот се работи на негово брендирање, а за два-три дена тој и формално ќе биде ставен во функција. „Тоа ќе е слободен превоз. Доколу вие сакате да го закупите и имате желба да одите до одредено место, ние тоа ќе го удоволиме. Инаку се подготвува теренот да може до Заливот на коски, до Свети Наум да оди автобусот, но тоа ќе зависи од клиентите со оглед дека се работи за слободен...
ЈП „Билјанини извори“ од денес започна да наплаќа за паркинг
Post Views: 9 ЈП „Билјанини извори“ започна да наплатува за паркинг. Опфатени се паркизите кои се наоѓаат на улицата „Македонски просветители“ во делот од пред маркетот Тинекс до пресекот со „Кеј Маршал Тито“, како и кружниот тек на плоштадот. Овие паркинзи влегуваат во Зона А. Додека улицата „Кеј Маршал Тито“до пресекот со улицата „Ванчо Николески“, улицата „Партизанска“ до „План Б“, паркингот кај хотелот „Ривиера“, паркингот на улицата „Кузман Јосифовски-Питу“ пред „Стопанска банка“ како и вториот дел од улицата „Македонски просветители“ од поштата до семафорите кај Охридска...
КУД „Ѓердан“ слави 45 години игри, песни, музика, историја
Post Views: 9 Генерации и генерации, сегашни и минати членови на културно уметничкото друштво „Ѓердан“, денес слават прекрасен јубилеј. Носителите на една култура, на македонски фолклор, на убава музика, на дружби, на радосни мигови и мигови на тага, со промоцијата на една убава монографија напишана од етнологот Оливера Мишева, го започнаа прославувањето на 45 годишното постоење на КУД „Ѓердан“. Неговиот претседател, Методија Бараковски-Менде, вели дека невозможно е накратко да се раскаже историјата на „Ѓердан“, дека за тоа би биле потребни денови и денови. За монографијата „45...
Концесионерите на плажите ги кажаа своите маки на локалната самоуправа
Post Views: 14 Локалната самоуправа денес се запознаваше со актуелните проблеми на концесионерите на охридските плажи. Локалната од една, концесионерите од друга страна заеднички разговараа со претставници од Охридската капетанија, полицијата, Црвениот крст како и јавните претпријатија „Охридски комуналец“ и МЈП „Проаква“. Од локалната самоуправа велат дека целта на оваа средба е да се подготви една успешна, но и безбедна летна туристичка сезона. Капетанот на Охридската капетанија, Горан Устијаноски потенцираше дека направиле безбедносни анализи на лице место и откриле што според...