Skip to main content

Автор: Мишел Наумоски

Странските туристи збунети од сезонскиот линиски превоз

Post Views: 10 Ќе се става поголем ред во сезонскиот линиски превоз. Нема веќе да ја гледаме честата слика кога странски туристи збунето прашуваат од еден до друг кога им тргнува автобусот или до каде ќе ги носи.Во тоа не им помагаат дури и оние мали табли на кои е испишана дестинацијата, а кои стојат на средствата за јавен превоз. Често проблем е и тоа што тие се испишани на кирилично писмо кое е неразбирливо за туристите кои не доаѓаат од Балканот. За таа цел локалната самоуправа ќе поставува информативни табли со возниот ред и дестинациите до кои се патува по теркот на...

Продолжи со читање

Спортистите ги споделија спортските маки со градоначалникот Бакрачески

Post Views: 13 Спортистите од Охрид заедно со Сојузот на спортови ги споделија своите маки со градоначалникот Никола Бакрачески. Целта на денешната средба според градоначалникот е да се стави фокусот врз најчестите проблеми и пречки на кои наидуваат спортските друштва при вршењето на нивните редовни спортски активности во текот на една сезона. Најави поинтензивна соработка со спортските работници.„Она што јас како градоначалник на Охри и како локална самоуправа можам да кажам е дека ваквите средби во иднина ќе бидат многу чести. Ова ќе биде начинот на кој ние комуницираме со...

Продолжи со читање

„И ние сме деца на Македонија“-прв студиски албум на „Билјана Јуниор“

Post Views: 13 Шестчлениот ансамбл „Билјана Јуниор“ го издаде своето прво цд. Нивното првенче е работено во три охридски студија, а екипата на неговото снимање работела во изминативе 6 месеци. По примерот на нивните ментори од ансамблот „Билјана“, младите музичари направиле избор од некои од најубавите охридски староградски песни.„ЦД-то е составено од 14 песни. Една турска, една влашка и едно оро има. Другите се македонски староградски песни од охридскиот крај. Исто така насловот на ЦД-то е „И ние сме деца на Македонија“ од песната „Налеј, налеј.“-рече Петар Паскали од ансамблот...

Продолжи со читање

Со брошурата „Инвестирајте во Охрид“ ќе привлекуваме странски инвестиции

Post Views: 6 „Invest in Ohrid“, краток и јасен наслов за брошурата која ја подготвува секторот за туризам и локален економски развој за привлекување на странски инвестиции. Во неа ќе бидат систематизирани сите материјали и податоци со кои располага општина Охрид во однос на интересот на странските инвеститори. Досега, во работната верзија се вметнати податоците за локациите и проектите кои се во сопственост на општината, а од денес стартуваше и јавниот повик до сите заинтересирани граѓани кои имаат некоја нереализирана бизнис идеја која би можела да се вметне во брошурата.„Со...

Продолжи со читање

Несекојдневниот УФО фестивал ќе ја отвора летната кино-бавча

Post Views: 6 Млади, но афирмирани уметници ќе ја добијат честа да ја отворат сезоната во летната кино-бавча. Од утре па се до недела малата сцена ќе биде вистински центар на урбаната уметност. Овие три дена ќе се одржува УФО фестивалот кој ќе понуди еден интересен спој на уметности. Не станува збор за класичен фестивал на кој публиката и уметниците се статични, туку повеќе се работи за еден целокупен интерактивен перформанс.„Ќе имаме еден несекојдневен фестивал. На исто место ќе се цртаат графити, ќе има музички перформански, оригами работилница, изложби на слики, изложба на...

Продолжи со читање

Фолк Фест Спасовден, од локален настан, до фестивал со меѓународни фолк ѕвезди

Post Views: 10 Пред три години, на денот на големиот христијански празник Спасовден, лесковчани срамежливо но сигурно започнаа една нова традиција поврзана со нивната селска слава. Пред три години здруженито на граѓани „Спасовден“ од Лескоец за прв пат го организираше фестивалот на препеани македонски фолк песни „Фолк Фест Спасовден“. Но она што тогаш започна како мал, локален настан, полека се претвора во нешто многу поголемо, а од годинава добива и меѓународен карактер.„Годинава успеавме да добиеме најавено присуство на врвни имиња од македонската естрада, а имаме чест и да ни...

Продолжи со читање

„Македонија е најдобро чуваната тајна на светот“

Post Views: 7 Шест студенти по реклама и односи со јавноста од Поинт Парк универзитетот од Питсбург ќе го промовираат нашиот град во САД. Тие летово ќе го поминат во Охрид запознавајќи се со нашата култура и традиција, а за време на нивниот престој ќе создаваат промотивна кампања за зголемување на бројот на туристи од САД во Македонија. Студентите во Охрид доаѓаат заедно со нивниот ментор, професорот Јохан Ејсел кој веќе ја имал можноста да ја посети нашата земја. Воодушевен од она што го видел, побарал од студентите да работат посветено затоа што доаѓањето во Македонија за нив...

Продолжи со читање

Малите охриѓанчиња другаруваа на хуманитарната „За посреќно детство“

Post Views: 15 Хуманитарната спортско-рекреативна и едукативна манифестација, „За посреќно детство“, вистински празник за малите охриѓанчиња. Собрани во огромен број на градскиот плоштад, но и во делот пред Охридско лето, децата другаруваа, спортуваа, учеа, слушаа приказни, песни и имаа безброј други активности. Сашо Точков, претседателот на Црвениот крст од Охрид, кои се јавуваат како организатори на оваа интересна манифестација вели дека децата има и што да видат, и што научат на секој еден од поставените штандови на градскиот плоштад.„ Голем број на луѓе можат да се забавуваат...

Продолжи со читање