Skip to main content

Автор: Мишел Наумоски

Ѓурѓовден, празникот кој ги обединува етникумите во Македонија

Post Views: 11 Освен втор ден Велигден, денес православните христијани го слават и денот на свети Ѓеорѓиј Победоносец или Ѓурѓовден. Овој великомаченик според православната црква е еден од најпочитуваните светци во христијанството. Свети Ѓеорѓиј кој бил родум од Кападокија, во име на верата се подложил на бројни измачувања, а поради чудата кои ги правел, многу незнабошци го попримиле христијанството.„Денес на гробот од свети Ѓорѓи се случуваат безброј чудеса. Честопати свети Ѓорѓи знае да им помогне на сите оние кои имаат потреба од телесно здравје, духовно спасение. Еве и ние се...

Продолжи со читање

Отстранета мини депонијата од градските гробишта

Post Views: 11 Се подобрува состојбата на градските гробишта, барем што се однесува на естетскиот дел. Мини депонијата која пред само недела дена го грдеше изгледот на просторот во и околу гробиштата, сега веќе не е таму. Денес увид во состојбата со градските гробишта, на лице место направи и градоначалникот на Охрид, Никола Бакрачески. „Јас сум денес, од она што претходно го имав како фотодокументација добиено од моите стручни служби и од моите помошници, пред да се почне со оваа акција, доста задоволен сум од она што го гледам, гледам дека се улиците исчистени, измиени и гледам...

Продолжи со читање

Денес е Велики Четврток-нека ни е за многу години

Post Views: 37 Денес е Велики Четврток, денот кога православните христијани рано наутро, уште пред изгревањето на сонцето, ги вапцуваат првите велигденски јајца. На овој начин всушност се објавуваат последните денови од животот на Исус на земјата. Токму вапцувањето на јајцата со црвена боја е најприфатената традиција од страна на црквата која верниците ја практикуваат.„Вапцувањето на првото Велигденско јајце е нешто што се случува денеска и тоа црквата го благословува и на тој начин треба секој православен христијанин да постапува. Сведоци сме дека многу луѓе денес носат и дарови...

Продолжи со читање

СВР порачува: Мотоциклисти носете кацига-спасува живот

Post Views: 11 Штом се затопли времето очекувано во патниот сообраќај се вклучуваат се повеќе мотоциклисти. Но токму тука настануваат и проблемите. Од полициската станица за безбедност во сообраќајот на патиштата велат дека според анализите кои ги направиле во поглед на безбедносната состојба, во овој период зачестени се прекршоците кои ги прават мотоциклистите, пред се околу неносењето на заштитните кациги. Токму поради тоа, од полициската станица за безбедност во сообраќајот велат дека ќе зачестат контролите на неколку пунктови низ градот. Доколку еден мотоциклист не носи...

Продолжи со читање

Бакрачески: Да продолжи урбанизацијата на Бејбунар, но согласно законите

Post Views: 12 Атрактивниот локалитет Бејбунар 2 повторно во фокусот. Деталниот урбанистички план за скапиот  стамбено деловен комплекс кој е предвиден на тоа место беше оспорен од Уставниот суд поради повреда на постапката при изведување и носење на истиот. Судот ги стопираше градежните работи во Бејбунар. Но неколку дена по одлуката на Уставен, градоначалникот на Охрид, Никола Бакрачески, со став дека урбанизацијата на овој локалитет треба да продолжи.„Јас ќе се заложам заедно со моите служби да се поведе повторно една постапка, меѓутоа законска постапка, каде што ќе се...

Продолжи со читање

Бакрачески: Сахарајан Македонија, ќе се гради по сите еко-стандарди

Post Views: 10 „Сахара груп“ сеуште заинтересирана за изградба на големиот туристички комплекс „Сахарајан Македонија“ во Љубаништа. Вака уверуваше градоначалникот Никола Бакрачески. Уште кога прв пат беше најавен, овој голем градежен зафат наиде на остри критики кај дел од екологистите, но и кај граѓаните кои беа загрижени околу ефектот кој би го имал објект врз Охридското езеро. Во таа насока, градоначалникот Бакрачески дециден дека овој туристички комплекс ќе се гради според сите позитивни туристички, градежни и еколошки стандарди.„Околу тој аспект можам да упатам еден...

Продолжи со читање

Јајцата и јагнешкото поефтини од минатиот Велигден

Post Views: 11 Останаа уште неколку дена до еден од најголемите христијански праници. Велигден е празникот кој се карактеризира со големи и богати трпези, со јагнешко и со многу вапцани јајца. Таква ни е традицијата, такви ни се и желбите. Но најчесто за македонскиот граѓанин, длабочината на џебот не соодветствува со желбата за еден пристоен Велигденски ручек со своето семејство. Двата најбарани продукти околу Велигден се секако јагнешкото месо и јајцата. И едниот и другиот продукт, изминативе години со своите цени и тоа како знаеја да ги шокираат граѓаните. Само да се...

Продолжи со читање

Дали високите кирии ги затвораат бизнисите во чаршијата?

Post Views: 7 Купи ден-помини. Така за жал функционира последниве години нашата сакана охридска чаршија. Се помалку се луѓето кои поседуваат дуќани во чаршијата, а се повеќе оние кои земаат дуќани под наем. Но и тоа не е најстрашното. Најстрашно е што за разлика од минатото кога чаршијата беше место на кое бизнисите цветаа, сега се повеќе од дуќаните се затвораат. Многумина ја обвинуваат светската економска криза и беспарицата за затворањето на бизнисите, но голем дел од дуќанџиите се жалат и на превисоки кирии. Можеби тука лежи и причината зошто добар дел од дуќаните кои се на...

Продолжи со читање