Автор: Мишел Наумоски
Post Views: 5 Годинава во намален состав, но затоа со стандардно високи резултати се одржа општинскиот сообраќајно-воспитната манифестација „Детски семафор“. Организирањето на овој општински натпревар е дел од редовните активности на општинскиот совет за безбедност во сообраќајот на патиштата. Овој натпревар е воедно и подготовка и вид на селекција на учесниците за регионалниот натпревар.„Општинскиот совет ја организира сообраќајно-воспитната манифестација „Детски семафор“, т.е општинскиот натпревар во кој учество зедоа четири основни училишта од општината и нормално целиот...
Започна најголемиот детски музички спектакл „Распеано рибарче 2013“
Post Views: 12 Дојде и моментот кој малите охриѓанчиња со нетрпение го очекуваа. Денес започна нивниот омилен детски музички фестивал, „Распеано рибарче“. Многу играње, многу музика, песна и забава. Денес ја одржаа првата претстава наменета за дечињата од приградските населби. Уловивме две од дечињата кои се подготвуваа за настап. Андреј и Јана беа видно возбудени, но сепак не можеа да дочекаат да излезат на сцена и да покажат што знаат.„Немам трема, а песната е убава. Се вика „Јас сум Андреј.“„Мојата песна ја напиша Драган Мијалкоски, а аранжманот го направи Даниел Јованоски и...
Галичица дел од „Динарските паркови“ и новиот туристички бренд
Post Views: 6 Националните паркови „Галичица“, „Маврово“ и „Пелистер“ ќе бидат „Динарски паркови“. Овој голем, меѓународен проект, под една капа ќе ги стави вкупно 75те национални паркови и паркови на природата од поранешна Југославија, плус Албанија. Главната цел е вмрежување на парковите, нивно брендирање и нивна подеднаква промоција во светски рамки. Новата поврзаност помеѓу парковите која треба да ја обезбеди овој проект, понатака ќе треба да значи работење и на други вакви и слични проекти и во иднина, обуки на вработените и воедно поголемо и подобро искористување на...
Хендикепот не може да ја спречи уметноста
Post Views: 5 Уметноста не познава и не признава граници и препреки. Каде поголем доказ за тоа, од веќе традиционалната меѓународна ликовна колонија за лица со телесен инвалидитет. Од самите почетоци на колонијата, нејзин редовен учесник е Роза Мојсовска. Таа нема функција на долните и горните екстремитети, но вели дека никогаш не дозволила тоа да и биде проблем. Со уметност се занимава уште од рана возраст, но од 2006 година почнала да работи посериозно. Таа црта со акрилни бои на платно и вели дека сака да се бори, и да им докаже на луѓето дека инвалидитетот не е ги спречува во...
Основците од „Христо Узунов“ со поезија, драма и музика за својот патронат
Post Views: 11 „Длабока резба на душата“ е темата под која основците од „Христо Узунов“ синоќа го одбележаа својот патронен празник. Со прекрасни песни кои се разлеаа од грлата на хористите, со поетските рецитали и прекрасни поеми, со одличното свое актерство, учениците од ова основно училиште покажаа како се чествува својот патронен празник. За сето ова да изгледа и да звучи толку убаво, потребна им била макотрпна работа.„Обично се подготвуваме, почнаа подготовките второто полугодие, со изборот на тема на која што ќе се работи патронатот, музичкиот дел и рециталот. Исто така и...
Љубителите на пишаниот збор, денес го слават светскиот ден на книгата
Post Views: 12 Некогаш таа беше најверен пријател на човекот. Книгата, со сите свои богатства, мистерии, пораки и поуки, напишана на многу или помалку страни, но секогаш со подеднаква страст, со подеднаква љубов. Некогаш и некаде, далеку од овде, книгата е најбараното богатство, но сега и овде, кај нас, за жал многу помалку. Денес, на Светскиот ден на книгата, можеме барем накратко да се потсетиме дека таа е сеуште тука и ја чека својата публика да ги открие нејзините тајни. Но и многу повеќе. Постарата генерација носталгична по старите вредности, барем засега е најверен...
Охридските основци весело и разиграно за Денот на планетата земја
Post Views: 8 Основните училишта во Охрид, денес, во знакот на екологијата и рециклирањето. Со својата несопирлива креативност, денес, на денот на планетата земја тие пренесоа еколошки пораки, секое училиште на својот начин. Во основното училиште „Христо Узунов“ малите основци, заедно со своите наставници возеа велосипед и ролерки до месноста Горица. Под мотото „Можеме и без автомобили“ тие сакаат да ја подигнат еколошката свест не само кај учениците, туку и воопшто кај сите граѓани.„Како љубител на велосипедот, кој многу често го користам како средство за движење низ нашиот...
Глувите и наглуви лица ги покажаа своите кулинарски вештини
Post Views: 5 Жените од здруженијата на глуви и наглуви лица од републикава, денес ја покажаа својата магија во кујната. Натпреварот „Жена домаќинка“ кој веќе стана традиционален натпревар во готвење, понуди многу различни јадења, вкусови и мириси кои ги почувствуваме веднаш штом стигнавме до кујната на хотелот Далјан кој е домаќин на оваа манифестација. А богами имаше и што да се види.„Оваа манифестација се одржува години наназад и веќе премина во традиционален. Општинските здруженија кои учествуваат на овој натпревар ги има 15 кои се тука. Интересен натпревар помеѓу глувите...