Skip to main content

Автор: Мишел Наумоски

Нови можности за вработувања на лицата со хендикеп

Post Views: 7 „Ова се врските кои се создаваат во семејството, на работното место, и ова се врските кои ние ги создадовме изминативе три дена“. Со оваа скоро поетска мисла, психологот Шпела Реш на лицата со хендикеп им покажа колку се значајни врските на работното место, комуникацијата, себепретставувањето пред работодавците, а се со цел или нивно полесно вработување или полесна и покоренита интеграција на своето работно место. Овие вештини, тие ги учеа на работилницата која деновиве се одржува во Охрид, како дел од проектот на Европската унија за социјална инклузија на лицата со...

Продолжи со читање

Повлекувањето на езерото носи нов предизвик-наезда на глодари и инсекти

Post Views: 7 Повлекувањето на водите и во Охридското езеро, но и во реките, од една страна спас од поплави, но од друга можност за проблеми со појава на глодари, инсекти и други штетници. За спас од овој нов предизвик, Центарот за јавно здравје вели дека е потребно да се преземат серија превентивни мерки за заштита на населението од заразните заболувања кои комарците и глодарите ги пренесуваат. Според директорот на Центарот за јавно здравје, д-р Атанаско Михаилов, изминатите години, граѓаните често реагирале и тврделе дека забележале глодари, особено глувци и во делови од...

Продолжи со читање

Шахистите од школата Ласкер од Охрид вистински велемајстори

Post Views: 10 Пролетна проверка на знаењата за шахистите од школата „Ласкер“ од Охрид. Тие одиграа одлично на пролетниот турнир против добро познатите противници од шаховската школа „Алкалоид“ од Струга. Младите шаховски мајстори од Ласкер, забележаа сигурна победа над своите противници против кои одиграа четири кола, и постигнаа резултат од 5:3 во поени. Еве како дел од нив го доживеаа овој турнир.„Не може да се каже дека беше лесно, треба размислување, противниците беа тешки. За да се изигра еден потег добар, околу една минута треба, а за да научиме, да се извежбаме убаво да...

Продолжи со читање

Учениците од „Христо Узунов“се покажаа како вистински научници

Post Views: 7 Ѓоко Маркоски како млад биолог и Михајло Најдески како млад физичар и двајцата од ОУ „Христо Узунов“ се покажаа големи научници. На 50та јубилејна олимпијада на млади техничари и природници која се одржа во Битола, тие со своите проекти освоија две трети места. Но не е толку до местата, колку до покажаната креативност и способност за аналитичко размислување. Ѓоко во Битола се покажа со резултатите од направеното двонеделно истражување на патогените бактерии кои ги има на најчесто користените површини од страна на децата. Ова истражување било правено во рамките на...

Продолжи со читање

ЈП „Нискоградба“ во акција за санација на кејот

Post Views: 3 Започна санацијата на шеталиштето долж кејот на Охридското езеро. Почнувајќи од вчера, вработени во јавното претпријатие „Нискоградба“ започнаа со процес на замена на бекатон подлогата  која беше оштетена во невремињата кои го зафатија Охрид. Високите бранови изминативе недели направија големи штети долж кејот кој во најголемиот дел беше поплавен, а бекатон плочките беа расфрлани по шеталиштето. Со подобрувањето на временските услови, особено вчера и денес, се очекува и забрзување на темпото на работа околу санацијата на кејот. Денес затекнавме и дел од екипата која...

Продолжи со читање

Водата за пиење безбедна, водата во Охридското езеро со различен квалитет

Post Views: 9 Центарот за јавно здравје самоиницијативно го испита квалитетот на водата во Охридското езеро, но и квалитетот на водите во охридскиот, струшкиот и дебарскиот водовод. Причина за тоа е поголемиот дотек на вода во Охридското езеро изминативе три месеци кој предизвика повеќе проблеми и во колекторскиот систем и на охридското крајбрежје. Центарот за јавно здравје примероците вода од Охридското езеро ги зел од повеќе локации кои ги сметале за покритични. Еден примерок бил земен кај пумпната станица Метропол од каде градот се снабдува со вода за пиење, еден примерок бил...

Продолжи со читање

The Seven-прв литературен дострел на младата Викторија Пановска

Post Views: 7 Прва трага врз ѕвезденото небо на литературата оставена од младата Викторија Пановска. The Seven е името на ова прво и толку значајно литературно остварување, кое како што веќе кажува насловот е целосно напишано на англиски јазик. Викторија вели дека така и било полесно за пишување, а и делото било отворено кон поширока публика. А за каков вид на литературен обид станува збор, ќе слушнете од самата авторка.„Станува збор за една мистерија која се случува на остров за кој никој не знае. На островот има едно школо, а во школото секоја година се избираат неколку деца за...

Продолжи со читање

Изборите се веќе зад нас-партиите имаат седум дена да расчистат зад себе

Post Views: 3 Помина и првиот и вториот круг од локалните избори 2013 година. Како и секоја година, политичките партии, од локалната самоуправа добија неколку локации низ градов на кој може бесплатно да ги рекламираат своите кандидати. Но сега откако изборите се веќе зад нас, партиите треба да си ја исполнат и својата законска обврска. Плакатите и пропагандниот материјал кој тие го поставуваа кај хотелот Силекс, кај полигонот за мали спортови и кај охридската гимназија, сега треба да се отстрани. Според Изборниот законик, организаторот на изборната кампања е должен во рок од 30...

Продолжи со читање