Skip to main content

Автор: Мишел Наумоски

Подобра Дебрца-најзначаен проект за градоначалникот Трајкоски

Post Views: 4 Прво јавно обраќање на новиот градоначалник на општина Дебрца, Игор Трајкоски. За него, 7ми Април е датум кој претставува пресвртница за општина Дебрца, бидејќи по 16 години, за прв пат на власт доаѓа градоначалник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ. Според Трајкоски, 7ми Април ќе биде значаен датум и за жителите на Дебрца.„Јас сум човек кој даде ветувања, знаејќи дека ќе ги исполни, затоа верувајте целосна ќе биде мојата подршка која ќе ја дадеме за жителите на Дебрца. Тоа ми е основна цел во понатамошното мое делување. Народот е најголем коректор и критичар за...

Продолжи со читање

Ромите од Охрид го прославија 8ми Април, меѓународниот ден на Ромите

Post Views: 12 Со пригодна свеченост, вчера, ден порано, беше одбележан меѓународниот ден на Ромите. На малиот коктел организиран од партијата Демократски сили на Ромите, не само симпатизерите и членови на оваа партија, туку и воопшто сите кои се чувствуваат како припадници на заедницата на Ромите, го одбележаа овој свој празник. Во меѓународни рамки, овој ден за прв пат се прославил во 1971та година во Лондон, на кој биле избрани химната, знамето и денот, 8ми Април, за светски ден на Ромите. За химна на ромската заедница е избрана песната „Џелем, џелем“, додека знамето се состои...

Продолжи со читање

Верификувани мандатите на новите членови на Советот на општина Охрид

Post Views: 20 Се одржа конститутивната седница на новиот општински совет. Традиционално, најискусниот член на советот, овој пат советникот Љубомир Чаулев, ја имаше честа да ја води оваа свечена седница. Најпрво беа избрани членовите на верификационата комисија. Токму на предлог на советникот Чаулев, за претседател на комисијата беше избран Иљат Ибраим од Демократската партија на Турците, додека за членови на комисијата беа избрани Томислав Тунтев од СДСМ и независниот советник, Павел Попоски. По потпишувањето на мандатите и давањето на свечената заклетва, и официјално беше...

Продолжи со читање

Многу дружење, многу математика и одлични резултати

Post Views: 4 Виктор Блажески е само еден од многуте мали охриѓанчиња-љубители на математиката, а тоа одлично го докажа минатава сабота. На регионалниот натпревар по математика, во својата категорија, односно 6то одделение, тој се пласираше на првото место, а ја освои втората награда со најмногу бодови кај шестоодделенците. Тој вели дека задачите биле тешки, но дека е навистина задоволен од постигнатиот успех.„Во другите школи најчесто ги избираат со училишен натпревар, а кај нас наставниците ги избираат посебно тие ученици што имаат секако петки и што се најуспешни. Убаво...

Продолжи со читање

Прелевања во колекторот поради високиот водостој на Охридското езеро

Post Views: 9 МЈП Проаква деновиве со полни раце работа. Високиот водостој на Охридското Eзеро прави проблеми во функционирањето на колекторскиот систем. Од МЈП Проаква велат дека ситуацијата е алармантна веќе неколку денови, а предупредуваат дека доколку продолжат врнежите таа ќе стане уште посериозна. Директорот на ова јавно претпријатие, Златко Старкоски вели дека постојано ја следат состојбата и ги преземаат сите мерки кои се во рамките на нивните можности како не би дошло до поголеми прелевања во колекторскиот систем и поплави.„Доставивме барање до кризниот штаб во Струга со...

Продолжи со читање

Педијатрите предупредуваат-децата се премногу чувствителни на алергии

Post Views: 3 Пролетните месеци се познати како месеци на алергии и алергиски реакции. Веројатно најпознати се реакциите на поленот и зеленилото, но тука се и храната, домашните миленичиња, инсектите. Според последните истражувања, статистиките говорат дека околу 30 % од децата имаат алергиски манифестации, што според педијатрите е загрижувачка бројка. Дел од оваа статистика во последниве години е и нашиот град. За жал, најподложни на алергиите се децата. „Имунолошкиот систем е еден важен фактор кој е одговорен за настанување на овие имуни реакции. Затоа што алергијата е една...

Продолжи со читање

Трајкоски најави сигурна победа на ДПМНЕ во Дебрца во вториот круг

Post Views: 7 Иако доживеа минимален пораз со разлика од 61 глас во првиот круг, Игор Трајкоски, кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на Дебрца задоволен од постигнатото. „Им честитам за храброста на моите дебрчани што прв пат по децентрализацијата во Дебрца гласаа за да победи духот за подоброто.“-изјави Трајкоски. Тој рече дека фактот што се оди во втор круг на гласање во Дебрца е доказ дека таму може да се оствари нова власт за подобра Дебрца.„Би сакал да им изразам благодарност на сите кои во Игор Трајкоски, неговиот тим и во советничката група на ВМРО-ДПМНЕ препознаа...

Продолжи со читање

ОИК ги соопшти конечните изборни резултати

Post Views: 7 Општинската изборна комисија ги официјализираше резултатите од одржаните локални избори 2013 година. Никола Бакрачески, кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За подобра Македонија“, со освоени 21.004 гласови, во првиот круг е избран за нов градоначалник на Охрид. Од неговите противкандидати, Александар Петрески од СДСМ и Сојузот за иднината освои 13.250 гласови, Александар Митрески од СДПМ, освои 471 глас, Фетах Елмази од ДПА освои 351 глас и Васил Ристески од СДУ освои 235 гласови. ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата освоија и најмногу гласови за советничката листа односно...

Продолжи со читање