Автор: Мишел Наумоски
Post Views: 3 Воспоставување на директна соработка во сегментот на економски развој на Охрид најави Министерот за странски инвестиции, Бил Павлески. Тој денес имаше работна средба со новоизбраниот градоначалник на Охрид, Никола Бакрачески со кој разменија идеи околу полињата на идна соработка. Павлески потенцираше дека приватниот сектор ќе биде носител на развојот на Охрид бидејќи според него токму тоа е секторот кој нуди најголем потенцијал и во поглед на отворање на нови фирми и нови работни места.„Во приватниот сектор ги дискутиравме секторите за развивање на локалната...
Васил Ристески со честитки за изборната победа на д-р Никола Бакрачески
Post Views: 7 Честитки за остварената победа до новиот градоначалник, д-р Никола Бакрачески денес упати неговиот довчерашен конкурент, Васил Ристески. Тој изрази огромна благодарност до сопствените гласачи и истакна дека ја почитува волјата на своите сограѓани. Ристески изрази и надеж дека новиот градоначалник ќе добива поголема подршка од централно ниво.„Верувам дека господинот Бакрачески, новиот градоначалник целосно ќе се посвети за потребите на поубав Охрид и подобар живот на нашите сограѓани. Доколку му се допадна дел од програмата, нашата изборна програма, му стоиме на...
Црвениот крст од Словенија, на гости кај колегите од Охрид
Post Views: 6 Македонската организација на Црвениот крст е една од најдобрите во светот. Нема подобар доказ за тоа од бројните соработки кои нашата национална, но и општинските организации ги имаат со колеги од целиот свет. Денес, во посета на Охридскиот Црвен крст беше делегација од националната организација на Црвениот крст од Словенија. За нив, фактот што Македонскиот црвен крст е првата организација која ја положила меѓународната проверка со одлични оцени е мотив повеќе да се споделат искуствата. Велат дека ова е првиот чекор за да се надомести заостанувањето кое го имаат зад...
Искршен штаб на Сојузот за иднината во населбата Воска
Post Views: 4 Портпаролот и кандидат за советник од Сојузот за иднината, Дејан Блажески вели дека и во гладијаторските борби постојат правила кои треба да се почитуваат. Тој смета дека во Република Македонија нема политичка зрелост и почитување на најсветото. „Притисоците и заканите продолжуваат и понатака. Изминатава ноќ демолиран е штаб на Сојузот за иднината во населбата Воска. Случајот е пријавен во охридската полиција, истражните органи биле на местото на настанот, направен е записник и како Сојуз за иднината бараме брзо расветлување на настанот. Затоа ви го приложувам како...
Петрески предупреди: „Нечистата кампања врвот ќе го достиге во петок и сабота“
Post Views: 2 Тој е убеден дека Охрид ќе биде преплавен со недолични пароли, плакати, текстови и фотографии. Петрески со обвинувања дека не е дозволиво министрите да се мешаат во изборната кампања. Тој уште еднаш потсети дека противкандидатот Бакрачески сеуште не прифатил дуел со него и додаде дека треба храброст за да се стори тоа. Петрески се осврна и на обвинувањата кои беа упатени до него, дека локалната е виновна за покачувањето на цените на комуналните услуги, вклучително и цената на водата. „Зборува за покачената цена на водата, а не знае за што зборува. Во тоа му...
Намалување на цените на комуналните давачки-вети д-р Бакрачески
Post Views: 4 Тој рече дека Охрид ќе го развива како град на задоволни жители, со развиена инфраструктура и улици. Додаде дека тој, и неговиот тим ќе имаат поинаков пристап во водењето на јавните претпријатија. Бакрачески вети намалување на цените на комуналните и другите услуги кои се под надлежност на локалната. „Ниту еден ден од мандатот нема да помине а да не се донесат мерки и одлуки во интерес на Охрид.“-порача Бакрачески.„Граѓаните на Охрид многу добро паметат дека локалната самоуправа на СДСМ преку мнозинството во Советот изгласа неколку Одлуки со кои без никакво...
Поврзување на Охрид со градови од соседните држави-најави кандидатот за градоначалник Ристески
Post Views: 7 Збратимување на Охрид со градовите од соседните држави во најбрз можен рок. Ова го најави кандидатот за градоначалник, Васил Ристески. Тирана, Драч, Солун, Атина, Софија, Пловдив, Белград, Ниш. Овие, но и соработка со многу други градови од Европа и пошироко доколку тој седне во градоначалничката фотелја. Ваквата соработка, според Ристески ќе значи сериозно поттикнување на развојот на стопанството во Охрид.„Тоа ќе биде секако дополнителен инпут или дополнителна инфузија за севкупниот стопански развој на Охрид, пред се на туризмот како примарна стопанска гранка, а и...
Професори го обвинија Петрески за политички притисок врз нивни колеги
Post Views: 6 Тројца професори, Марија Голабоска, Звонко Трпески и Илија Стојаноски излегоа со обвинувања упатени кон актуелниот и кандидат за иден градоначалник, Александар Петрески за вршење притисоци во политички цели врз просветни работници односно да гласаат за него на престојните избори. Во изјава за медиумите, синоќа тие тврдеа дека имаат сознанија дека ќе се врши политички притисок врз нивните колеги, на состанокот на просветните работници со градоначалникот Петрески.„Во Големата сала на општината се повикани голем број на вработени во образованието со цел врз нив да се...