Skip to main content

Автор: Мишел Наумоски

Традиционални коњички трки во Велгошти

Post Views: 338 Секој со својата традиција. Во тој дух и гостопримливите Велгоштани не почестија со нивните традиции по повод големиот христијански празник Велигден. Години наназад со сопствени напори, но и средства собрани преку спонзорства тие организираат коњички трки кои секоја наредна година добиваат на се поголема популарност.„Вчера имавме коњички трки. Порано се одржуваа на друга локација, сега моментално се одржуваат во атарот на црквата Света Петка така да беше доста добро задоволително и мислам дека тоа ќе ни остане и во иднина и плус тоа денес, на вториот ден од Велигден...

Продолжи со читање

Зголемени субвенции за одгледувачите на пчели

Post Views: 584 Колку-толку, барем повеќе од лани. Одгледувачите на пчели годинава ќе добиваат 600 денари субвенција. Средствата кои ги определило Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство се дел од Програмата за финансиска подршка во земјоделството и руралниот развој. Сепак како најголем проблем пчеларите го наведуваат несигурниот пласман на произведениот мед. „Пчеларите во Македонија воопшто немаат пласман, државен пласман да знае каде го носи медот и која цена би бил. Пчеларите на милост и немилост оставени го носат медот по пазарите од мене до тебе и така се оставени...

Продолжи со читање

Ќе има ли јагнешко на Велигденската трпеза?

Post Views: 171 Што е Велигден без јагнешко? Ова е некое реторичко прашање кое навистина нема потреба да се поставува…или сепак има? Македонската трпеза за големиот христијански празник Велигден традиционално во себе го содржеше јагнешкото месо. Дали од адет, дали поради религиозни побуди или нешто друго, Велигден не може да се замисли без печено јагне. Во последниве години за жал трпезата на обичниот граѓанин се повеќе осиромашува. Ги запрашавме oхриѓани дали тие можат да си дозволат печено јагне за големиот празник.„Тешко, тешко дека ќе имаме јагнешко за Велигден. Како што...

Продолжи со читање

Еко-свест од најмала возраст

Post Views: 220 Човекот најдобро учи од природата. Слично како дрвцето јасен кое како семка сме го засадиле, така и еко-свеста на децата се засадува во најраната возраст. Тоа добро го знаат основците од „Христо Узунов“ кои денес садеа семки јасеново дрво. „Прво се зема пластичен сад, и се става подлога на дното. Се прават неколку дупчиња, се става еден сантиметар песок во саксијата, а над неа ровка земја. Ја притискаме малку земјата па со остар предмет правиме дупка од 2-3 сантиметри. Во дупката ја ставаме семката јасен и ја покриваме со земјата.“-токму вака дечињата внимателно ни...

Продолжи со читање

Дупка по дупка-до безбедни улици

Post Views: 176 Такси превозниците се жалат на состојбата на такси станицата пред „Уни Банка“. Велат: „Со толку насобрана вода, ниту еден патник не би влегол во наше возило.“ Тие не излегоа пред камера бидејќи се плашеле дека ќе ги загубат своите лиценци, но раскажуваат дека ситуацијата оди до таму што еден од нивните патници се здобил со повреда на ногата стапнувајќи во една од нерамнините на асфалтот. Од одделението за сообраќај и улици велат дека се работи на проблемот.„Едно е тоа што таксистите што го кажуваат, дека во одредени периоди кога има обилни врнежи на дожд, на еден дел...

Продолжи со читање

Љубезен персонал за љубезни гости

Post Views: 196 Се чини помина времето кога Охриѓани важеа за најгостопримливи домаќини. Работите како да фатија некоја удолница, но за среќа има и светли точки. Угостителите од градов сложно прифатија дека некои нешта треба да се променат за да ни тргне работава. Ако не сите, тогаш повеќето угостители, седнаа на иста маса и учеа бон-тон од Агенцијата за протокол. Дел од нив сметаат дека ова што се предава на обуката не е ништо ново, но дека навистина му е потребно на градот.„Бадијала е ако еден угостител отворил врвен локал, најдобар, а персоналот не му е обучен. Ова ни недостигаше...

Продолжи со читање

Охриѓани си го чуваат здравјето

Post Views: 510 Како некој Марфиев закон, се чини најмногу си го сакаме здравјето кога ќе го изгубиме. Охриѓани за среќа добро си го чуваат. Оној бурен, современ живот кој се практикува изминативе години, си го зема данокот, а ни носи некои нови болести. Тажната тенденција на се повеќе млади кои заболуваат од условно „болести на постарата генерација“ се чини е доволно предупредување за охриѓани. Тие се почесто се одлучуваат за вршење на редовни здравствени прегледи. „Да, често. Но треба поредовно да се прават прегледи.“„Превентивни прегледи не вршиме, а кога имаме мака трчаме. Треба...

Продолжи со читање

Стерилизација, а не убивање на кучињата бездомници

Post Views: 219 Велат дека најдобар пријател на човекот е кучето, но за жал, се помалку, човекот е најдобар пријател на кучето. Несовесни сопственици наместо да се грижат за својот миленик го пуштаат на улица каде го демнат бројни опасности. Претставниците од здружението за заштита на животните, Анима Мунди, токму овде ги лоцираат основните причини зошто има неконтролирана бројност на бездомни кучиња низ улиците. Покрај несовесните сопственици, уште и достапните извори на отпад, непрактикувањето на законската регулатива и непостоењето на системска стратегија скоро подеднакво придонесуваат...

Продолжи со читање

Кријте ги гаќите, ја грделе зградата!

Post Views: 216 Билјана платно белеше ама немаше каде да го пружи за сушење. Ако претпоставиме дека хероината на нашата позната песна живеела во стан, од 1ви овој месец ќе беше во голема мака. Според правилникот за домување во станбени згради, помеѓу сите членови стои и оној кој вели дека пружењето алишта на терасите од зградите е забрането, односно не треба да се пружат алишта на места кои не се определени за таа намена. Каде ако не на тераса? Верувам ова е прашањето кое секој граѓанин кој живее во зграда си го поставува деновиве. Законски одговор има, меѓутоа во пракса спроведувањето...

Продолжи со читање

Кој треба да се грижи за лифтот во вашата зграда?

Post Views: 186 Некаде функционираат, а некаде не. Лифтовите во Охридските згради може да ви бидат или најдобар пријател или најголем кошмар. Сето тоа зависи од редовноста со која тој лифт се одржува. А кој да плаќа за негово одржување ако не станарите кои секојдневно го користат. Охрид за среќа или за жал е туристички град во кој голем дел од становите немаат домашни сопственици. Тука се создава голем проблем за заедницата на станари која според Законот за домување треба да ја има секоја зграда.„Сега функционираме, барем досега додека не беше донесен законот, на повик, кога ќе имаше...

Продолжи со читање

Закон за Билјанини извори и Студенчишко блато

Post Views: 194 Билјанини извори со закон ќе бидат прогласени за споменик на природата. Со друг закон пак, ќе се овозможи целосна заштита на Студенчишкото блато во постојните граници. Барем навидум конструктивна средба се одржа помеѓу претставниците на риболовното друштво Свети Апостол Петар, Билатералниот секретаријат за заштита на Охридското езеро и пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски. „Тоа е законска рамка која што ќе ни овозоможи и да го заштитиме Охридското езеро и неговите вредности, и да го одбраниме од нападите и секако да го туристички валоризираме...

Продолжи со читање

Да или Не за стопанската концесија на езерото?

Post Views: 179 Да се стопира конкурсот за доделување стопанска концесија. Ова барање на спортско риболовното друштво Свети Апостол Петар сеуште актуелно. Од таму ни велат дека сите научни истражувања покажале дека Охридското езеро во моментот нема капацитет за да биде експлоатирано во поголеми размери. Количината на риба во езерото велат не е доволна за да може да се сноси со товарот на една стопанска концесија, а во минатото ваквата концесија се покажала како уништувачка за рибниот фонд.„Ние како спортски рекреативни риболовци уште пред месец дена најавивме дека ќе се бориме до...

Продолжи со читање