Skip to main content

Автор: Мишел Наумоски

Академиците со осврт кон делото на Гане Тодоровски

Post Views: 11 Лесно е да се сеќаваш на оние кои оставиле голема оставнина зад себе. Посебно ако оставнината се сите дела и размисли, запишани од единствениот поет и академик, Гане Тодоровски. Неговото име и неговото творештво добија посебен осврт на 39та меѓународна конференција за македонски јазик. Голем број поети, професори и академици, но и негови блиски пријатели ги споделија сопствените сеќавања на поетот, но и начините на кои неговата поезија допрела до секој еден од нив. Огромно влијание поезијата на Гане Тодоровски има и врз неговиот син, Бојан кој вели: „Тој беше голем...

Продолжи со читање

Музичaри од целиот свет на натпреварот „Охридски бисери“

Post Views: 10 Натпреварот на млади музичари „Охридски бисери“ се ближи кон прекрасно финале. Изминативе неколку дена во импозантниот концертен простор на црквата Света Софија, повеќе од 118 млади музичари од најразлични земји, ги демонстрираа својот талент и музичка умешност. „Охридски бисери“ се одржува по единаесетти пат, а од организациониот одбор се задоволни од досега прикажаното. „Па можам да кажам дека од разговорот со жирито оваа година има еден навистина висок квалитет поготово во А и Ц категорија каде се кршеа копјата кој ќе ја добие првата награда. Би кажал исто и...

Продолжи со читање

Адвокатите-заштитници на работничките права

Post Views: 8 Македонија и Франција ја потпишаа ревидираната европска социјална повелба. Овој значаен документ кој ги регулира работничките права, како и нивната заштита, беше потпишан од Адвокатската комора на Република Македонија и Францускиот амбасадор во Македонија, Жан-Клод Шлумберже. Амбасадорот задоволен што конечно се реализира и конкретна активност од договорот, кој со адвокатската комора на Македонија го потпишале во месец Февруари.„Веќе знаете дека Франција отсекогаш ја поддржува европската перспектива на Македонија и ја охрабрува да ги спроведе сите неопходни...

Продолжи со читање

Охриѓани го слават својот чудотворец Свети Еразмо Охридски

Post Views: 12 Црквата на Свети Еразмо вчера и денес вистинско збиралиште на христијаните. Автомобили од сите страни, врвици на луѓе кои пеш тргнале да се поклонат и да запалат свеќа на големиот свештеномаченик. Овој голем христијански празник има посебно место во срцата на охриѓани бидејќи се смета дека токму Свети Еразмо ја има можеби најголемата улога во ширењето на христијанството во некогашен Лихнидос или денешен Охрид. Во пештерската црква на Свети Еразмо на излезот од Охрид, православните христијани редовно доаѓаат, посебно за овој ден.„Секогаш, секоја година и кога ќе ми...

Продолжи со читање

ЕХФ ќе ја оценува подобноста на салата „Билјанини извори“

Post Views: 8 Ќе биде ли Македонија домаќин на  врвен женски ракомет годинава? Европското првенство за жени остана без домаќин откако Холандија се откажа од организацијата. Сега се бара нов. Меѓу пријавените земји кои се заинтересирани, некако се најде и нашата. Ракометната федерација на Македонија ја пријавило земјава како можен организатор на првенството. Како адут за добивање на организацијата на ова првенство нашата ракометна федерација ги наведе релативно добрите сали кои би можеле да ги исполнат критериумите на ЕХФ. Ако организираме сами, тогаш предложени се салата Борис...

Продолжи со читање

Започна проектот „Охрид град на цвеќето“

Post Views: 27 Охрид несомнено ќе биде град на цвеќето. За тоа ќе се погрижи јавното претпријатие „Охридски комуналец“ во чии раце е спроведувањето на проектот кој носи наслов „Охрид град на цвеќето-2012“.Трајан Љаткоски, раководител на „Паркови и зеленило“ смета дека помина времето кога туристите се воодушевуваа само од културно-историските споменици, туку дека се повеќе тие застануваат и се сликаат пред зеленилото и цвеќињата во Охрид. „Оваа година ЈП Охридски комуналец се одлучи Охрид, 2012та да биде град на цвеќето. Тоа значи дека покрај тие 300 жардињери што ги доделивме, ЈП...

Продолжи со читање

Охриѓани имаат голема желба да бидат полициски службеници

Post Views: 27 Позицијата полициски службеник навистина посакувана професија. Охриѓани посебно загреани за јавниот оглас кој го објави Министерството за внатрешни работи за нови вработувања. Со овој оглас, се бараат 300 нови полициски службеници, а пријавувањето се врши во секторите за внатрешни работи во Скопје, Куманово, Тетово, Велес, Штип, Струмица, Битола и Охрид. Во СВР Охрид, само во изминативе три дена биле примени околу 220 апликации. Со оглед на бројките, од СВР Охрид до крајот на огласот очекуваат полни раце работа.„Согласно распишаниот јавен оглас кандидатите треба да...

Продолжи со читање

Срушена плоча поклопи двајца работници во населба Рача

Post Views: 7 Жителите од населбата Рача претпладнево беа вознемирени од сериозен инцидент. При изведување на градежни зафати на летна кујна се срушила бетонската плоча на објектот и ги поклопила двајцата работници кои работеле во моментот. На местото на настанот веднаш пристигнале екипите на првата помош како и противпожарната единица кои успеале да ги извадат повредените од под рушевината. Двајцата работници потоа беа пренесени во специјалната болницата за ортопедија и трауматологија „Свети Еразмо“-Охрид. Дополнително на местото на настанот, пристигна и екипа од секторот за...

Продолжи со читање