Skip to main content

Автор: Мишел Наумоски

Сојузот за иднината најави натпревар на идеи и потенцијали

Post Views: 5 Сојузот на иднината или здружената опозиција ги презентираше кандидатот за градоначалник како и кандидатите за советници во идниот општински совет. Од здружената опозиција децидни дека дваесет и тројцата кандидати за советници на нивната листа се избрани демократски и едногласно наспроти сите шпекулирања во јавноста. „Натпревар на идеи, натпревар на аргументи и на потенцијали“-најави проф. д-р Јован Стојаноски, носител на листата на советници. Тој истакна дека мора да се истрае во определбата Охрид да се гради по принципите по кои досега се градел. Најави чесна и...

Продолжи со читање

Март, месец на филмови за деца во Центарот за култура

Post Views: 7 Во месец Март, граѓаните на Охрид ќе имаат можност да уживаат во актерското мајсторство на членовите на Народниот театар од Охрид. Од добрите претстави никогаш не може да биде доволно, па затоа, охриѓани ќе можат повторно да ги проследат претставите „Полицајци“, „Емигранти“, „Ајде да си речиме уште една“ и „Малограѓанска свадба“. Изведбите на овие театарски претстави ќе бидат секои петок и сабота.„Секако тука не заостанува и филмската програма. Можевме да проследиме повеќе филмови и во претходниот период. Интересно е што од 12ти Март започнуваат филмови, детски...

Продолжи со читање

Министерството за информатика ќе дава бесплатни информатички курсеви

Post Views: 8 Министерството за информатичко општество и администрација ќе обезбеди бесплатни курсеви за канцелариско работење и интернет. За оваа цел, министерот Иво Ивановски, денес потпиша меморандум за соработка со деканите на педагошките факултети од земјава. Токму студентите од овие факултети ќе бидат задолжени да ги спроведуваат овие курсеви на министерство. Според министерот Ивановски, овие курсеви ќе бидат корисни и за граѓаните, но и за студентите.„Се работи за продолжување на иницијативата на Министерството за информатичко општество и администрација за бесплатни обуки...

Продолжи со читање

Бакрачески: Тула по тула, блок по блок, заедно ќе градиме подобар Охрид

Post Views: 20 Во еуфорична амтосфера, пред голема бројка насобран народ, пред своите симпатизери и подржувачи, вчера од градскиот плоштад во Охрид, ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата за подобра Македонија ја започнаа изборната кампања. Први честа да се обратат пред охриѓани ја имаа лидерите на коалиционите партнери на ДПМНЕ, Кенан Хасипи од Демократската партија на Турците, Павле Трајанов од Демократската партија како и претставникот од Социјалистичката партија, министерот Љупчо Димовски. Од локалниот тим, честа прва да се обрати пред охриѓани ја доби д-р Јованка Точко, како носител на...

Продолжи со читање

1500 апаратчиња за мерење шеќер за охриѓаните со дијабетес мелитус

Post Views: 8 Со оваа акција, ќе биде обезбедено сите пациенти на Центарот за дијабетес, кои имаат дијагноза дијабетес мелитус, да ги добијат овие апаратчиња. Со нив, пациентите ќе можат дневно да ја следат својата здравствена состојба. „Ќе ги добијат исклучиво пациентите кои се на инсулинотерапија. Со тоа го заокружуваме проектот да секој пациент има апаратче во домашни услови. Правиме еден голем исчекор, затоа што ваква акција години наназад не е случувана. Ние секоја година на два-три наврати сме давале гратис апаратчиња, но тоа било во помали количини. Сега ќе ја опфатиме...

Продолжи со читање

Независниот носител на советничка листа, Зоран Стевоски ја започна кампањата

Post Views: 4 Од родното Долно Лакочереј, носителот на независната советничка листа, Зоран Стевоски, ја започна својата кампања за престојните локални избори. Според него, селото Долно Лакочереј е село кое во послените 20 години рапидно уназадува. Стевоски вели дека во минатото, ова село доминирало во сите сфери, и во спортот, и во културата, и во земјоделието.„Со ова сакам да порачам дека не само Долно Лакочереј, туку и сите села во општина Охрид, вклучувајќи ги и селата од поранешната Коселска општина, ќе се заложиме ние како советничка група да го добијат своето вистинско...

Продолжи со читање

Полска комедија ќе ги промовира убавините на Охрид

Post Views: 7 Конрад Коморничак, Томаш Нивински и Павел Грабовски се тројца млади и талентирани филмски работници од Полска и тие се фасцинирани од нашиот град. Оваа фасцинираност, тие нема да ја зачуваат само како спомен од едно патување, не, тие со своите знаења и уметничка душа, убавините на Охрид ќе ги овековечат во игран филм. Идејата им е тоа да биде комедија за млади луѓе од Полска кои притиснати од финансиски, семејни проблеми и притисоци доаѓаат во Охрид и откриваат едно одлично место за забава. Еве како дошле на идејата, главната ѕвезда на нивниот филм да биде нашето...

Продолжи со читање

Реализацијата на ланскиот буџет ги раскара охридските советници

Post Views: 17 Извештајот за реализацијата на ланскиот буџет, ги раскара советниците на власта и опозицијата. Токму оваа точка на дневниот ред на денешната 59та по ред седница на советот на општина Охрид, предизвика лавина обвинувања и остри реторики и од едната и од другата страна. Според советничката група на ВМРО-ДПМНЕ, реализацијата на ланскиот буџет, точно покажува колку Охрид бил неуспешен минатата година. Од ДПМНЕ ја обвинија локалната самоуправа за несериозност и неинвентивност и потенцираа дека и од технички и од политички аспект минатогодишниот буџет е неуспех за Охрид...

Продолжи со читање