Автор: Мишел Наумоски
Post Views: 10 Охриѓани повторно добиваат градски превоз. Локалната самоуправа вакво нешто најави уште минатата година, кога всушност беше извршено и бележење на автобуските постојки на неколку локации низ градот. Иако се работи за релативно мал град, граѓаните во минатото често реагираа и бараа градски линиски превоз, особено постарата популација која живее подалеку од централното градско подрачје. Се чини наскоро и нивната, и желбата на сите граѓани, ќе биде остварена.„Постапката веќе е завршена комплетно. Имаме двајца оператори кои ќе работат, кои ќе возат. Едниот е Галеб, а...
Програмери од целиот свет-Обединете се! Започна CODEFEST
Post Views: 4 Започна CODEFEST. Ако помисливте дека се работи за некој зимски фестивал, сте згрешиле. Codefest е 24 часовниот маратон во програмирање, на кој студенти од повеќе информатички универзитети ќе се обидат своите идеи за игри, апликации или веб страни и фактички да ги реализираат. Codefest има натпреварувачки карактер. На него учество ќе земат студенти од универзитетот Свети Апостол Павле од Охрид, кои се воглавно и домаќини и организатори на настанот, како и студенти од ФИНКИ и ФОН универзитетите и центарот за едукација СИВУС. Идејата за овој 24 часовен натпревар,...
Премиерот Груевски дециден, нема предвремени парламентарни избори
Post Views: 8 „Ако Бранко сака избори и ако сака мерења на довербата, има мегдан и тоа многу брзо.“ Вака порача премиерот Никола Груевски на вчерашната промоција на нивната програма за настап на престојните локални избори. Груевски го обвини лидерот на социјал-демократите, Бранко Црвенковски дека исценирал инцидент со кој опозицијата би добила алиби за спас од локалните избори. Премиерот уште еднаш дециден околу барањето на опозицијата за предвремени парламентарни избори кои би се одржале заедно со локалните.„Утре ќе сме кажеле ќе има предвремени избори, прифаќаме. Јас не знам...
Лозарите го зарежаа лозјето, денес е Свети Трифун
Post Views: 6 Денес е свети Трифун, познат и како свети Трипун пијаница. Овој великомаченик, е светецот кој во православието е познат по своите добри дела, скромност и верба во Христа. Свети Трифун е заштитникот на лозјето и на овошките. Токму затоа на овој ден, лозарите ги посетуваат своите лозја и ги зарежуваат сеуште незапупените гранчиња. Ова се верува дека ќе донесе богат род, благо вино и дека ќе го штити лозјето од штетници и невремиња. По зарежувањето, стеблото од лозата се полива со вино и ракија од ланската берба. Во православното христијанство, свети Трифун е познат по...
Кои невработени се активни, а кои пасивни баратели на работа?
Post Views: 14 Невработените лица почнаа да се соочуваат со новата поделба на активни и пасивни. Сите оние кои од декември навака го посетиле Центарот за вработување со цел да се пријават, веќе добија пријави за запишување во регистарот во кои треба да се изјаснат во која група припаѓаат. Невработените на пасивната листа ќе се пријавуваат само за да имаат статус на невработени заради добивање на потврда дека се во евиденцијата на Центарот за вработување.Нема да имаат некои посебни обврски освен обврската на секои 6 месеци да се пријавуваат во подрачниот Центар за вработување. Но...
Д-р Бакрачески: Време е за градење подобар Охрид
Post Views: 3 „Дојде време да се обезбеди пристоен живот за сите охриѓани“. Со овие зборови, кандидатот за градоначалник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, д-р Никола Бакрачески ја започна денешната прес конференција, на која порача дека време е да се обезбеди пристоен живот за сите охриѓани. Д-р Бакрачески најави дека програмата која тој и неговата партија ја подготвиле за Охрид, неизбежно води кон тоа.„Ние кои што живееме во Охрид ја имаме таа привилегија да бидеме заробени од неговата духовна аура и безгранично го сакаме. Но тоа не е доволно. Да се сака Охрид, значи неуморно да се...
Младите претприемачи-иднина на европскиот бизнис
Post Views: 7 Младите претприемачи се иднината на балканскиот бизнис. Токму тоа е причината за одржувањето на една од серијата работилници на тема „Корпоративен идентите“ кои се дел од проектот за Економска соработка помеѓу Рајнската област-Фалц и земјите од југоисточна Европа. Млади претприемачи, но и претприемачи кои долго време се занимаваат со бизнис, добија сознанија за тоа како функционира претприемништвото во Европа.„Јас сум повеќе насочена кон стручниот дел на работата. Овој дел, маркетиншкиот дел ми е послаба страна и затоа сум дел од оваа работилница, да добијам малку...
Основците од „Григор Прличев“ му оддадоа почит на својот патрон
Post Views: 8 Младите ученици од основното училиште „Григор Прличев“ на достоен начин го одбележаа патронот на нивното училиште. Свечената приредба беше навистина свечена, а за тоа да биде така, се погрижија токму учениците од ова училиште и нивните ментори. Центарот за култура кој исто така го носи името на охридскиот ловороносец, беше местото на кое се собраа родители, наставници, ученици за да му оддадат почит на големиот поет. „Колку и да зборуваме за делото и животниот пат изминат од нашиот патрон, никогаш нема да бидат доволни зборовите, туку треба само да ги продолжуваме...