Skip to main content

Автор: Мишел Наумоски

gradinka decinja

Охридските образовни институции ги следат препораките за заштита од грип

Post Views: 67Подобро да се спречи отколку да се лечи. Така некако можат да се опишат последните препораки на Комисијата за следење на сезонскиот грип. На нивна препорака, Државниот санитарен и здравствен инспекторат до сите образовни институции достави решенија со предлог мерки за заштита од сезонскиот грип. Бидејќи дечињата се најподложни на грипот, а и работат во големи друштвени средини, со крајот на нивниот зимски одмор, овие мерки и тоа како се важни за нивната заштита.„Предлагаме да се засили хигиенизација во училиштата и предучилишните установи, редовно користење на течен сапун,...

Продолжи со читање

fenerce

Ќе се вратат ли фенерчињата во стариот дел на градот?

Post Views: 84Поставени пред околу триесетина години, фенерчињата во форма на стара охридска куќа ги осветлувале старите охридски сокаци. Се сметаат за заштитен знак на стариот дел на Охрид, но нив за жал се помалку ги има. Наместо ова традиционално обележје, сега локалната самоуправа поставува обични канделабри во форма на топка. Иако првичната намена им е иста, се чини шармот на старата охридска куќа е далеку посилен.„Поставени се пред сигурно повеќе од 30 години, во меѓувреме најголемиот дел од куќите во стариот дел на градот ги обновуваа фасадите или ги реновираа комплетно куќите, а...

Продолжи со читање

ulicno osvetluvanje

Дел од „Марко Нестороски“ подолго време во мрак-се жалат жителите

Post Views: 100На дел  од улицата „Марко Нестороски“ подолг период не функционира уличното осветлување. Во близина на улицата се наоѓа и основното училиште „Христо Узунов“ каде гравитираат голем број на млади и деца. Еден жител на оваа улица ни се пожали дека во вечерните часови, на овој дел од „Марко Нестороски“ ништо не се гледа. Велат дека дефектот одамна бил пријавен.„Околу два и пол до три месеци месеци. Интервениравме до општина Охрид, до раководителот Сашо Велјаноски. Бевме известени дека наводно корпата била расипана. Денес, утре, секој ден така. Неделно се јавуваме по еднаш, два...

Продолжи со читање

avtopat

Кинескиот кредит за автопатот до Охрид влегува во собрание

Post Views: 82Започнува постапката околу кинескиот кредит за изградба на автопатското решение од Кичево до Охрид и патниот правец од Охрид до Свети Наум. Овој кредит кој македонската и кинеската влада го потпишаа уште во месец Ноември минатата година, наскоро ќе добие и собраниски легитимитет. Владата на Република Македонија, на 9ти овој месец до Собранието го испрати предлог-законот за ратификација на договорот за економска и техничка соработка во областа на инфраструктурата помеѓу Владата на Република Македонија и Владата на Народна Република Кина.„Денес ексклузивно го овјавувам во...

Продолжи со читање

sparrow

Sparrow-охридска игра за Windows 8 и Windows телефон

Post Views: 60Sparrow е името на новата игра за Windows 8 оперативниот систем и Windows паметниот телефон на гигантот Мајкрософт. Зошто е ова значајно за нас? Затоа што нејзини креатори се тројца млади студенти од Универзитетот за информатички науки и технологии „Свети Апостол Павле“ од Охрид.  Рахим Исламоски, Ертај Шашко и Абдула Алиоски, оваа интересна апликација ја програмираа за само 48 часа на огромниот Wowzapp настан организиран токму од Мајкрософт. Таму, на таканаречениот „хакатон“ или маратон во програмирање, охридскиот универзитет настапи со 4 тима.„Овој настан е прифатен од...

Продолжи со читање

preku ezeroto

„Преку езерото“, проект за унапредување на интеркултурниот дијалог

Post Views: 62Активностите од проектот „Преку езерото“ на Младинскиот совет од Охрид земаат свој облик. Овој проект за изработка на интеркултурна стратегија за општините Охрид и Поградец, денес резултираше со средба помеѓу институциите и организациите кои потенцијално би биле учесници во неговото спроведување. На денешната средба претходеше формирањето на двете работни групи составени од средношколци, и студенти обучени на разни теми корисни за реализацијата на овој проект.„Тие две групи подготвија база, односно листа на потенцијални организации и институции кои ќе бидат вклучени во...

Продолжи со читање

pismo

Дали доцнат вашите писма и пратки?

Post Views: 72Во динамичноста на секојдневното живеење, луѓето се повеќе зависат од точноста и ажурноста, не само вашите сопствени, туку и на останатите. За разлика од минатото,  сега светот си има развиена мрежа на комуникации каде доставата се случува за само миг, или барем така би требало да биде. Во нашата држава, главен писмоносец е претпријатието Македонски пошти, па оттука, нивната ажурност е од големо значење за македонскиот граѓанин. Ова е особено важно не само поради пратките и писмата, туку поради фактот што голем дел од сметките на граѓаните доаѓаат токму по пошта. А ако...

Продолжи со читање

mikseta

Се стиска обрачот околу ММИ

Post Views: 70Ќе се плаќа или нема да се плаќа за јавно емитување на македонска музика? Сеуште нема разрешница на ова прашање, а во меѓувреме, кај медиумите се поголем отпор против Македонската музичка индустрија, здружението кое наметна нова давачка за сите оние кои јавно ќе емитуваат македонски фонограми. Атмосферата уште повеќе ја вжештија националните медиуми, откако деновиве јавно покренаа иницијатива за одземање на дозволата на ова новоформирано здружение. Вчера трите национални медиуми, Сител, Канал 5 и Алсат-М, ја добија подршката и од останатите свои колеги.„Вчера во Битола...

Продолжи со читање