Автор: Мишел Наумоски
Post Views: 7 Се ситнат деновите до еден од најголемите православни христијански празници-Богојавление-Водици. Охрид ги прави последните подготовки околу самата организација како би им понудил на сите верници, туристи и посетители незаборавно доживување. Димитри Пендоски, од организациониот одбор на здружението „Богојавление“ вели дека тие нивните подготовки за оваа манифестација ги прават во текот на целата година. Пендоски изрази благодарност до кумот за водици 2012та, проф. Д-р Ванчо Чифлиганец за неговиот придонес во оваа значајна манифестација, а со своите активности започна...
2012 успешна, во 2013 нови предизвици за ЕК „Бофор“
Post Views: 5 Едриличарите од охридскиот клуб „Бофор“ изминатава година со своите едрилици пловеа низ многу води. 2012 година воглавно ја сметаат за успешна година, пред се поради своите бројни настапи. По одредени класи, едриличарите од „Бофор“ зеле учество и на европски и на светски првенства. Тоа учество го сметаат за драгоцено искуство за во иднина. Освен што учествуваат со свои едра, тие се покажаа и како добри домаќини.„Организацијата на Илинденската регата оваа година беше во помал обем, поради помалото присуство на гостите од другите држави бидејќи беше и олимпијадата во...
Охридските адвокати нема да штрајкуваат без одлука за генерален штрајк
Post Views: 14 Законот за адвокатски маркички ги налути адвокатите. Охридската заедница на адвокати барем засега својот револт нема да го искажува со штрајк чекор на кој пак се одлучија нивни колеги од неколку градови во државава. Претседателот на охридската заедница на адвокати, Љупчо Наумовски вели дека немаат легитимитет самостојно да носат одлуки за штрајк, но доколку таква одлука донесе управниот одбор на Адвокатската комора на Македонија, тие во секој случај ќе им се придружат на своите колеги. Револтот кај адвокатите го предизвика контроверзниот Закон за адвокатски...
Ротаријанците со хуманитарни пакети за социјалните семејства
Post Views: 4 Нова хумана акција на Ротари и Ротаракт клубот од Охрид. Денес ја организираа веќе традиционалната добротворна акција во која тие помагаат на социјално загрозените семејства од Охрид. Акцијата ја нарекоа мала и скромна, но нејзиното значење веројатно најдобро го разбираат оние кои се всушност и целта на оваа акција. Од Ротари клубот „Охрид“ велат дека на нивно задоволство во изминативе две години, акцијата станува се помасовна и поуспешна.„Се работи за составување на годинава веќе повеќе од 100 пакети со основни прехрамбени продукти и средства за хигиена за...
ФЗОМ-Охрид-сите здравствени картички треба да бидат издадени до Јуни 2013
Post Views: 5 Процесот на замена на старите здравствени книшки со новите електронски картички е во тек. Според плановите на Фондот за здравствено осигурување, Јуни 2013 година би требало да биде крајниот рок за завршување на овој процес. Од таму велат дека во моментов работат на прибирање на барањата од фирмите во градов. Како за сите останати категории, и кај фирмите работата оди бавно. За да се забрза процесот, од Фондот овозможиле, поголемите фирми електронски да ги достават своите барања. Досега Фондот стапил во контакт со околу 25 поголеми фирми со над 50 вработени или...
ВМРО-ДПМНЕ од Охрид денес го ширеше празничниот дух
Post Views: 4 Едно пакетче не чини многу, но една насмевка е бесценета. Денес функционерите од општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ го ширеа празничниот дух низ Охрид. Како поинаку освен со новогодишно пакетче. За таа цел тие денес ги посетија децата од центарот за згрижување на деца со посебни потреби во црквата Света Ѓорѓија. Децата со насмевка на лицето им посакаа добредојде, и им ги честитаа новогодишните празници.„Нема поголемо задоволство, нема поголема радост, ниту општествена сатисфакција кога на некои категории на лица кои живеат во општеството или на деца со посебни...
Две подводни елки ќе го красат Охридското езеро
Post Views: 5 Не една, туку две подводни елки годинава го красат Охридското езеро. Денес, околу дваесетина нуркачи од нуркачкиот центар „Амфора“, од Сојузот за подводни активности на Македонија, но и нуркачи од соседна Албанија ја одржаа единаесетгодишна традиција на поставување на подводна елка за новогодишните празници. Годинава, акцентот го ставија на најмладите љубители на нуркањето.„Чувството е неверојатно и многу убаво си поминавме под вода.“„По втор пат учествувам и чувството е супер. Желба си замисливме, здравје, среќа, мир во целиот свет.“-рекоа младите нуркачи.Д-р Горан...
Емигранти-претстава за човечкиот апсурд
Post Views: 5 Четврта театарска премиера на Народниот театар од Охрид за прекрасно заокружување на 2012 година. Брилијантните актери на охридскиот театар продолжуваат со претставите по текстови на Славомир Мрожек. Овој пат на дневен ред е претставата „Емигранти“ која е режирана од младата и талентирана режисерка, Ирена Стеријовска. „Нашата репертоарска политика е како што реков создавање на традиција и на гледање на класици, гледање на нешто што е висококалорично и од друга страна, добро наместено во супер адекватни простори и мислам дека тоа е еден од главните просперитети на...