Автор: Мишел Наумоски
Post Views: 6 Се одбројуваат деновите до најлудата ноќ во годината. Охрид традиционално е еден од најукрасените градови во државата. Светкави украси, лампиони, сијалички…навидум безначајни предмети кои го подигнуваат празничниот дух на најдобар можен начин. Новогодишната еуфорија ги понела и охридските дуќанџии, па тие ги дотерале излозите на своите бутици во духот на она што претставува Нова година. Некои повеќе, некои помалку креативни, но со подеднаква желба да ја доловат празничната магија и да ги привлечат купувачите во своите дуќани. „Јас мислам дека ако еден дуќан е...
Нов хуман гест на АД „Макпетрол“
Post Views: 5 Продолжува општествено одговорното делување на компанијата АД „Макпетрол“ од Скопје. Нивната хуманост денес се покажа со новата донација која ја доделија на специјалната болница за ортопедија и трауматологија „Свети Еразмо“ од Охрид. Тие донираа 11 нови лцд телевизори, како и постелнини за што е можно поудобен престој во оваа болница.„Би сакал да изразам голема благодарност до АД „Макпетрол“ од Скопје, за дадената донација која што е трета по ред во нашата болница, каде што со оваа донација ќе се подобрат условите за престој во детскиот оддел, на најмладите пациенти...
Граѓаните со католичка вероисповед го слават Христовото раѓање
Post Views: 8 Припадниците на католичката вероисповед и сите верници кои го прифатиле новиот календар, денес го прославуваат Бадник. Со таканаречената „Миса Полночка“, вечерва од 21 часот, во црквата посветена на „Свети Кирил и Методиј“ и „Свети Бенедикт“ во Охрид, верниците ќе го започнат чествувањето на Христовото раѓање, најсветлиот момент во христијанската религија.„Тоа е една свечена литургија, свечена миса. Се пејат нормално Божиќни песни и целата таа миса е проследена со пеење, со славење, радосно, се чествува раѓањето Христово.“-вели отец Оливер Тантушев.Католичкиот Божиќ...
Охрид ќе добие двокатен панорамски автобус од Владата
Post Views: 6 И Охрид ќе си добие двокатен панорамски автобус. Владата на последната седница донела одлука на општината да и додели еден од овие отворени двокатни автобуси. Тој ќе има капацитет од 60 седишта, а неговата намена се состои во промовирање на туристичките вредности на Охрид. Ќе се употребува за превезување на туристите од еден до друг туристички локалитет. Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ ја поздрави ваквата одлука на владата. Од таму велат ова е еден од елементите кој на Охрид му недостасуваат во поглед на туризмот. „За да можеме институционално тоа да го решиме, и...
Матичните лекари со нов режим за препишување лекови од 2013
Post Views: 11 Новини во договорите кои Фондот за здравствено осигурување на Македонија ги потпишува со матичните лекари. Овие договори кои се потпишуваат секоја година, од почетокот на 2013 година ќе имаат повеќе измени меѓу кои и нов режим на издавање на лекови од страна на матичните лекари. Склучувањето на договорите е во тек, а веќе од почетокот на новата година, тие договори ќе стапат и на сила.„Има режим на препишување на лекови во кој режим на препишување, е строго дефинирано од страна на еминентни стручњаци, кажано е кој лек-кој го препишува, кој лек-како се дава, како се...
Од натпревар по англиски, до стипендии за „Јахја Кемал“
Post Views: 4 Осмоодделенците од Христо Узунов растураат по англиски. Нивната постојана работа на усовршување на овој јазик се исплаќа на најдобар можен начин. Тие постигнаа одличен успех на регионалниот натпревар по англиски јазик и се закитија со прво, второ и четврто место. Младите Петар Пипоски и Ѓорѓи Ристески се осмоодделенците кои ги освоија првите две места на овој натпревар во огромна конкуренција.„Тестот беше поделен во два дела. Првиот дел имаше да одредиш кој збор каде треба да се вметне. Имаше текстови да ги прочиташ, па потоа прашања имаше да ги одговориш од тие...
Празничните попусти непознат поим за охридските трговци
Post Views: 7 Празничната потрошувачка еуфорија и попустите и до 70 проценти од западниот свет, непознати за нашите трговци и потрошувачи. На само десетина дена до Новата година, во охридската чаршија срамежливо ѕиркаат само неколку налепничиња за попусти. А и тие што се не е сигурно колку и дали се вистински попусти или само маркетиншки трикови.Празничната потрошувачка еуфорија тешко ги зафаќа и продавачите и купувачите. Кај нас нема големи предновогодишни попусти како во западниот свет. Мала прошетка низ охридската чаршија ни покажа дека многу ретко и срамежливо, од по некој...
Искра надеж за македонскиот спорт
Post Views: 6 Младите се движечката сила на промените, особено во спортот. Иако состојбите во македонскиот спорт се онакви какви што се, се чини има некаква надеж за сето тоа да се промени. Токму унапредувањето на македонскиот спорт е целта на новоформираното здружение Центар за едукација и менаџмент во спортот. Нивниот претседател, Бојан Захариев, па и сите негови соработници сметаат дека развојот на спортот започнува токму од младите и од раната училишна возраст кога децата се определуваат за некој од спортовите. Но по основното образование, оваа пасија и оваа врска со спортот...