Автор: Мишел Наумоски
Post Views: 9 Се ситнат деновите до најлудата ноќ во годината. Новата година која некогаш сите со нетрпение ја очекуваа, сега некако губи на интензитет и жар кај граѓаните. Сепак сите ја прославуваат на овој или оној начин. Излеговме помеѓу охриѓани да запрашаме каде тие ќе ја поминат најлудата ноќ? Дали тоа ќе биде некој хотел, ресторан, кафе бар или нешто друго?„Дома, нема пари, скапо е прескапо. Се нема, толку е!“„Дома. Со мали деца сме.“„Скопје, некаде, Штип, лево-десно, Парк.“„Никаде…“-рекоа дел од нив.Хотелиерите пак интензивно се подготвуваат и за Дочекот, и за...
Студентите од ФТУ со дипломи под рака-кон иднината
Post Views: 5 Околу двеста студенти од Факултетот за туризам и угостителство од Охрид, денес зачекорија кон својата иднина. По неколкуте години стручна наобразба, денес ги добија своите дипломи како сведоштва за вложениот труд. Имаше и додипломци и новопечени магистри, секој со своите планови за иднината. Очекувањата позитивни, исто како поминатото искуство во текот на студентските денови. Сега, пред нив стојат нови предизвици.„Во иднина очекувам дипломава да ми донесе многу успех, за да можам понатака да продолжам со дипломава. Образовниот процес одеше многу добро, многу...
Повеќе снег, повеќе работа
Post Views: 12 Наврна и првата поголема количина на снег. Децата со сигурност му се израдуваа, но возрасните негодуваат поради низата проблеми кои доаѓаат со него. Затоа пак надлежните служби крајно мобилизирани. Вработените од јавното претпријатие „Охридски комуналец“ задолжени за чистењето на снегот низ охридските улици, уште од три часот изутрина излегле на терен. Најпрво пристапиле кон чистење на наносите од снег по улиците, а потоа кон посипување на абразивна мешавина од сол и песок.„Со специјални машини го исчистивме пристапот до Горна порта, и од Илинденска до Света...
Семејството Чифлиганец подели 50 хуманитарни пакети
Post Views: 7 Продолжува хуманата мисија на актуелниот кум на манифестацијата „Водици“, проф. Д-р Ванчо Чифлиганец. Тој, заедно со своето семејство денес во соработка со Црвениот крст од Охрид и локалната самоуправа донираа 50 социјални пакети за најзагрозените семејства од општините Охрид и Дебрца. Ова е трета ваква хуманитарна акција на семејството Чифлиганец. Вакви пакети тој додели и за празниците Богојавление и Велигден минатата година. „Морам да кажам дека не само за оваа година додека бев кум за Водици, секогаш кога ќе имате потреба и кога ќе бидам во можност, а сега сум...
ВМРО-ДПМНЕ: Подржуваме инвестиции, но ДУП-от за Свети Стефан е незаконски
Post Views: 10 Потенцираа дека доколку градоначалникот не ги почитува препораките на инспекторатот и издаде дозвола за градба, ќе следува кривична пријава. Неправилностите во врска со урбанистичкиот план за Коњско, дел од туристички комплекс Св Стефан, кои ги утврдил Државниот инспекторат за урбанизам и градежништво се само доказ дека овој ДУП незаконски бил донесен, обинуваат од ОК на ВМРО-ДПМНЕ. Од ДПМНЕ потенцираа дека во неколку наврати укажувале токму на тоа.„Петрески насилно го истурка планот за комплексот Св.Стефан без да води сметка за Охрид и за самиот инвеститор. Ние...
Хуманитарен ракометен натпревар во СРЦ „Билјанини извори“
Post Views: 12 Љубителите на ракометот ги очекува вистинска ракометна бајка. Ветераните на охридскиот ракомет и сегашните сили на ракометниот клуб Охрид 2011 ќе водат тешка ракометна битка. Дуелот на титаните ќе го играат од најстари до најмлади. На овој натпревар ќе настапат членови од првите ракометни клубови во Охрид од екипите на „Галеб“, „Полет“ и „Локомотива“ па се до најмладите јуниори од школите на „Седмерец“ и ракометниот клуб „Охрид 2011“.„Сите оние кои на некој начин допринесле да живее ракометот во Охрид, ќе се соберат на едно место, со една хуманитарна цел. Ќе...
Избран новиот кум на „Водици“
Post Views: 10 Стојан Ѓоргоски е новиот кум на „Водици“. Оваа најмасовна верска манифестација со огромна традиција, години наназад собира огромна толпа на верници, почитувачи, туристи, и од државава, но и од соседството. На свечената седница на Здружението за целосна афирмација на МПЦ, „Богојавление“, едногласно беше избрана апликацијата на нашиот сограѓанин Стојан Ѓоргоски за кум на „Водици 2013“. Ѓоргоски е познат бизнисмен и претприемач од Охрид, сопственик на претпријатието за сателитски антени „Зора“. При соопштувањето за добиеното кумство, Ѓоргоски и неговата сопруга, беа...
Граѓанските организации учеа како да лобираат кај властите
Post Views: 26 Напредните граѓански организации кои делуваат на национално ниво, денес учеа како да лобираат кај властите за да добиваат поддршка за нивните проекти. Оваа обука е дел од TACSO програмата за јакнење на капацитетите на граѓанските организации. Обуката има за цел да им ги посочи на граѓанските организации сите алатки и методи кои им стојат на располагање за поуспешно и поконкретно лобирање кај властите било локални или национални.„Ние имавме отворен повик на кој што отворен повик, во три групи на организации, и тоа локални организации, кои делуваат на рурално...