Skip to main content

Автор: Мишел Наумоски

„Најуспешен спортист во Охрид“ годинава со новитети

Post Views: 7 Охрид и годинава ќе добие најуспешен спортист. Оваа спортска манифестација која привлекува особен интерес, годинава, ќе има повеќе новитети. Меѓу другото, организаторите од Сојузот на спортови од Охрид, побараа од охридската јавност самата да дава предлози околу начинот, терминот, местото и сценариото на оваа манифестација. „Планираме јавноста, останати личности, продуцентски куќи, поединци, било кој, да се јават на еден наш повик кој што го имаме оваа година предвидено, да оваа манифестација биде малку поинаква него оние стандардни во Охрид, само доделување и...

Продолжи со читање

Што е тоа управување со ризикот во претпријатијата?

Post Views: 3 Студенти, осигурителни компании, како и регулаторни тела од областа на осигурувањето, изминативе два дена имаа можност да слушаат за управувањето со ризикот во претпријатијата. Семинарот на тема „Транзицијата од класично, во управување со ризици во претпријатија“ беше воден од страна на професор д-р Том Ајупа, долгогодишен соработник на Факултетот за туризам и угостителство и експерт од областа на управувањето со ризиците.„Учесниците добиваат сертификати за присуство на семинарот, но она што е поважно е тоа дека добиваат знаење кое што им се пренесува од врвен...

Продолжи со читање

Охрид и Скопје конечно ќе бидат автопатски поврзани

Post Views: 12 Автопатското решение кое години наназад беше само пуста желба, конечно ќе биде и реализирано. Најавен како еден од проектите во манифестот на владејачката гарнитура од ВМРО-ДПМНЕ уште во 2011 година, поврзувањето на Скопје и Охрид имаше свои препреки. Поради големиот износ на  финансиски средства потребни за изградба на вакво автопатско решение, првичната идеја на Владата била овој патен правец да биде даден под концесија, но токму тука настанува и застојот бидејќи кај потенцијалните концесионери немало интерес. Решението на проблемот од транспорт и врски го...

Продолжи со читање

ДПМНЕ Охрид реагира на огласот за нови вработувања во општината

Post Views: 8 ОК на ВМРО-ДПМНЕ со остра реакција на јавниот оглас за вработувања во општинската администрација. Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ од Охрид, Никола Митровиќ смета дека новите 32 вработувања ќе бидат на директен товар на граѓаните на Охрид. Митровиќ додава вработување на нови кадри во ситуација кога јавните претпријатија се пред банкрот е само знак на недомаќинското работење на локалната самоуправа.„Фактот што општина Охрид и Петрески распишуваат оглас во пресрет на локалните избори, ни дава за право да се сомневаме дека СДСМ и Петрески ја отвораат вратата за нови партиски...

Продолжи со читање

Преку енергетска ефикасност, до заштеди во општинските буџети

Post Views: 7 Како до енергетска ефикасност во општините низ државава? Прифаќањето на овој концепт во функционирањето на општините, за резултат треба да  има огромни заштеди во општинските буџети. Овие средства понатаму би можеле да се искористат за финансирање на други сектори кои се од значење за граѓаните, од изградба на канализации, до водоводи и локални патишта. Министерството за локална самоуправа, преку Комисијата за меѓуопштинска соработка и Директорите на осумте центри за развој, ќе ги насочува општините до најповолните начини за финансирање на проекти кои се енергетски...

Продолжи со читање

Децата од стариот дел на градот, добија ракометна школа

Post Views: 21 Триесетина дечиња од стариот дел на Охрид конечно добија ракометна школа во своја непосредна близина. Името на школата е „Седмерец“, а официјално започна да функционира од 1ви овој месец. Под будното око на нивните тренери, дечињата своите тренинзи ги одржуваат два пати неделно, а сега-засега посветуваат внимание на основните вежби.„Учиме да шутираме, учиме позиции, како да топкаме, водење на топка.“„Малку тешко е, ама ќе се подготвиме. Сега малку треба да вежбаме за да покажеме дека сме клуб.“„Овде вежбам околу девет дена и интересно ми е. Омилен ракометар ми е...

Продолжи со читање

Охрид доби електронска продавница за продажба на рачни изработки

Post Views: 9 Изработки од дрво, резби, икони, орнаменти, декорации, охридски бисери, накит, филиграни. Ова се само дел од прекрасните рачни изработки кои охридските занаетчии можат да им ги понудат на туристите, биле домашни или странски. Од денес, и официјално ваквите рачни изработки се достапни насекаде низ светот со само еден клик на вашето глувче. www.macеdonian-handicrafts.mk e веб страната на првата интернет продавница за рачни изработки во Охрид, а втора во државава.„Идејата е да се промовира занаетчиството како гранка која што е во изумирање, односно е слабо застапена во...

Продолжи со читање

Младите уметници ја возобновуваат старата уметност, иконографијата

Post Views: 8 Охридските зографи се прочуени по нивната умешност, по убавината на нацртаните фрески и икони кои ги красат нашите цркви. Оваа, по малку заборавена уметност ги пронајде своите возобновувачи. Млади, талентирани уметници, со стручна наобразба во уметничките центри во Белград, Софија, Букурешт, со својата мирна рака ги сликаат делата достојни на нивните надалеку познати претходници. Дел од нивните дела се изложени во Куќата на Робевци.„Во разговори со младите уметници, дојдовме до заклучок дека е паметно да се направи една таква изложба, и оваа изложба е трета по...

Продолжи со читање