Автор: Мишел Наумоски
Post Views: 103Владата ќе го ревидира тарифникот ММИ за јавно емитување на македонска музика. Овој контроверзен правилник кој го предложи новоформираното здружение Организација на македонска музичка индустрија или скратено ММИ, од неговото донесување па наваму сериозно оспоруван. По многубројните и бурни реакции од страна на локални и национални медиуми, како и од страна на здружението за угостителство и туризам при Стопанската комора на Македонија и други субјекти, Владата на Република Македонија одлучи да изврши негова ревизија. За таа цел тие одредиле дека Министерството за култура...
Месноста Мауцкер доби нови дрвца од акцијата Ден на дрвото
Post Views: 67И во Охрид се засадија дрвца. Десетти пат по ред, подмладок беше посаден во месноста викана „Мауцкер“ на излезот од Охрид. Во акцијата подадоа рака волонтери, граѓани но и функционерите од ВМРО-ДПМНЕ кои потекнуваат од охридско. „Основната поента е да ја разелениме Македонија и да дадеме можност на нови дрвца да растат во иднина. Оваа акција е од исклучително значење затоа што вака ние ставаме до знаење дека сепак иднината ни е важна и слоганот на денешниов ден е „Спортски е да се сади“, така да во тој дух денеска ние сме тука да ја засадиме својата иднина.“-вели Сашо...
Проституција и дрога откриени во стан во Охрид
Post Views: 88Полициските службеници , успеала да открие и опојна дрога марихуана сокриена во машина за перење во станот во кој била организирана проституција. СВР-Охрид против три од приведените лица ќе поднесе и соодветни кривични пријави.Фатена група која организирала проституција во приватен стан во Охрид. Во синоќешната акција спроведена од страна на СВР-Охрид биле приведени шест лица. Во текот на денешниот ден од СВР најавија и преземање на дополнителни активности со кои ќе се заокружи акцијата и ќе биде прекинато дејствувањето на групата. Против тројца од шестмината приведени,...
Глувите и наглуви лица од земјава, ловеа риба во каналот Студенчишта
Post Views: 8012 здруженија на глуви и наглуви лица од целата држава, денес ловеа риба во Стденчишкиот канал. Претставници од Охрид, Скопје, Гевгелија, Битола, Кавадарци, Прилеп, Гостивар се натпреваруваа кој ќе улови повеќе риба. Овој државен натпревар се одржува веќе втора година по ред. Риболовците се натпреваруваат поединечно и екипно, а ќе добијат медали и пехари. Претседателот на Националниот сојуз на глуви и наглуви лица, Васко Марков, изрази надеж дека победникот на овој натпревар нема да запре тука.„Се надевам дека кој ќе го освои првото место, понатаму ќе продолжи со...
Екологистите против идејата за аеродром на вода во Охридското езеро
Post Views: 87Идејата за изградба на аеродром во водите на Охридското езеро, наиде на остра осуда кај еколозите. Тие сметаат дека наместо вакви проекти, треба повеќе да се размислува за редуцирање на пловните објекти во Охридското езеро кои користат течно гориво. Ѓоко Зороски од Здружението на еколози „Грашница“ вели дека за ваков тип на проекти треба да се праша и другата страна, односно соседите од Албанија со кои го делиме езерото. Зороски вели дека според ЕСПО конвенцијата за прекугранични влијанија, секој проект кој може да предизвика штетни последици од евентуална хаварија, мора да...
Остеопорозата, тивок крадец на коските
Post Views: 74Го носи епитетот „тивок крадец на коските“, ги напаѓа повозрасните граѓани, претежно жените, остеопорозата е болест која често поминува незабележано. Оттука превенцијата на оваа болест е од големо значење во намалување на нејзините драматични ефекти. Се наоѓаме во месецот на остеопорозата во кој се организираат најразлични активности, насекаде низ земјава со цел подигање на нивото на информираност за начините на превенција, но и последиците од нетретирањето на остеопорозата. „Остеопорозата претставува системско скелетно заболување кое се карактеризира со ниска коскена маса и...
Охридскиот сојуз на синдикати солидарен со европските колеги
Post Views: 82Денес Европа масовно штрајкува против мерките за штедење наметнати од Владите. Подршка добија и од охридската регионална канцеларија на Сојузот на синдикати на Република Македонија. Претседателот на општинскиот синдикат, Драган Цветаноски вели дека борбата за работнички права треба да има заеднички именител насекаде низ светот. Стандардите кои важат во Европа, да важат и овде. Ова е ден кога синдикатите се мобилизираат и силно спротиставуваат на мерките на владите кои одат против европскиот социјален модел.„Во услови на пазарна економија, конкуренција, светска економска...
Кој-по што, е најмногу познат во Советот на општина Охрид?
Post Views: 88Предлог одлуките по кои советниците дискутираат, додатно знаат да ја вжештат атмосферата. Советничкиот микрофон се чини најмногу го љубат координаторите на двете најголеми политички партии, Томислав Тунтев од СДСМ и Дејан Паноски од ВМРО-ДПМНЕ кои имале најмногу излагања од сите останати советници. По нив следуваат советниците Јованка Дамоска-Секуловска, Јоне Станкоски, Љубен Буџакоски, Борис Стефаноски и Величе Маркоски. А пак срамежливи пред микрофонот се советниците Александар Попоски, Кирил Пецаков, Џемал Рахман и Љупчо Настоски. Тие, во периодот од 43та до 49та седница...







