Автор: Мишел Наумоски
Post Views: 7 Согласно Меморандумот за соработка на земјите од Дримскиот басен, Македонија, Црна Гора, Грција, Косово и Албанија, деновиве се формираа работните групи кои во наредните години ќе работат на состојбата на животната средина во Дримскиот басен и околу подобрување на сите услови. Формирани се три групи и тоа една за имплементација на Рамковната директива за води на Европската унија, втората за мониторинг на водите во Дримскиот басен и третата за заштита на биодиверзитетот и екосистемот.„Работата на тие групи ќе биде оценета на 20ти Ноември, на состанокот на Дрим Кор...
Со купена фотографија-до нов инвентар за градинката „Јасна Ристеска“
Post Views: 5 Ако ја љубите фотографијата, а сакате и да помагате, тогаш еве ви можност да уживате во двете работи истовремено. Во понеделник, 5ти Ноември, во лаунџ барот Објектив, ќе се случи хуманитарна изложба на фотографии во изработка на Петар Боев. Инаку станува збор за 47 фотографии кои се сликани од месец Април па наваму, а се дел од проектот „Охрид, град на цвеќето 2012“. На фотографиите доминира цвеќето како мотив, со карактеристична охридска позадина. Фотографирани се градскиот парк и околината, а направени се фотографии и од акцијата за украсување на куќите во стариот...
ЕВН ја исклучи струјата во наплатната служба на Охридски комуналец
Post Views: 7 Температурите паѓаат, часовникот се врати еден час наназад, па и брзо се стемнува. Ако ова не ви изгледа како некој проблем, тогаш замислете да немате струја во просторијата во која работите. Стана малку пострашно нели? Токму со ваков проблем се соочуваат вработените во јавното претпријатие Охридски комуналец поради неплатен долг кон ЕВН. Но не се само тие. Истиот проблем го делат и вработените во наплатната служба на јавното претпријатие Градски гробишта бидејќи се сместени токму во просториите на Комуналец кај градскиот пазар. Побаравме одговор од портпаролот на...
Не е само до казните, потребна е ресоцијализација на престапниците
Post Views: 5 Сигурно сте ја слушнале во соопштенијата на СВР-Охрид, често употребуваната фраза „сторителот на делото и е добро познат на полицијата.“ И тоа навистина е така. Според бројките на СВР, добар дел од престапниците кои извршиле некое кривично дело, повеќе од еднаш се сторители на такви дела. Во периодот од 2001та до 2011 година, овие бројки рапидно се зголемувале и тоа од 623 престапници-повторувачи во 2001та до 1435 во 2011 година за територијата на Охрид, Струга, Кичево и Дебар. За среќа, годинава во изминатите 9 месеци, оваа тенденција, барем во Охрид е...
Недоизградена атмосферска канализација-проблем број еден за Нискоградба
Post Views: 5 Недостигаа малку пообилни врнежи за повторно да се појават старите проблеми. Охрид никако глава да крене од честите поплавувања на улиците. Од ЈП Нискоградба кои се задолжени за одржување на атмосферската канализациона мрежа, велат дека работат постојано, седум дена во неделата, со цел да можат да се справат со инцидентните интервенции, а паралелно со тоа работат и на превентивно одржување на системот за одведување на отпадни урбани води. Сепак често проблемите успеваат да ги преплават.„Посебно во овие есенски периоди, кога имаме обилни врнежи, а во исто време...
Жестоките охридски боксери-атакуваат на врвот на „Златен гонг 2012“
Post Views: 9 Работа, работа и само работа. Ова е мислата водилка која охридските боксери и покрај потешкотиите ги води до успеси. Тие деновиве тренираат понапорно од обично бидејќи се подготвуваат за учеството на големиот меѓународен турнир во бокс, „Златен гонг 2012“. Велат дека има голема конкуренција, но и дека не се плашат од никого. „Златен гонг е еден од појаките турнири во Европа. Пред две години се сеќавате на Кубанците. Има доста конкренција. Оваа година ќе бидат Британците, кои имаа најмногу медали на Олипијадата и Русите се тука. За другите не знам, поканети се доста...
Субвенционирани комунални давачки за ранливите категории?
Post Views: 6 Дали општината ќе ги субвенционира комуналните давачки за ранливите категории? Ова прашање уште на минатата седница на Советот на општина Охрид беше покренато како иницијатива од страна на советничката група на ВМРО-ДПМНЕ, а веќе утре може да биде и конкретно реализирана. Општината оваа предлог одлука ја стави на дневниот ред на утрешната седница, а доколку е комплетна, од советничката група на ДПМНЕ велат дека ќе ја подржат.„Поведени бевме од таа иницијатива пред се како одговор на одлуките на мнозинството на Советот и на Управните одбори на јавните претпријатија...
Кој го реконструира патниот правец Лескоец-Скребатно?
Post Views: 4 Кој го реконструираше патниот правец Лескоец-Скребатно? Дали Владата или Локалната, или пак и едните и другите. Приказната започнува во 2009та година кога Владата на Република Македонија со цел да им помогне на општините во подобрување на локалната патна инфраструктура, аплицирала за кредит до Светската банка и Европската банка за подршка и развој, кредит во износ од 100 милиони евра кој таа е обврзана да го врати. За таа цел, Владата ја ангажирала Агенцијата за државни патишта, иако тоа не и е надлежност, да достави барање до сите општини за одредување на...