Skip to main content

Автор: Мишел Наумоски

Утре започнува вакцинацијата од сезонски грип

Post Views: 1 Сезоната на грипови сеуште не започнала, но затоа започнува обидот за намалување на бројот на заболени од сезонски грип. Од утре официјално, во Центарот за јавно здравје во Охрид, ќе започне општата имунизација на граѓаните од Охрид, Струга и Дебар. Секоја година се јавува познатата дилема дали воопшто да се прима оваа вакцина и колку е таа корисна. Директорот на Центарот за јавно здравје Д-р Атанаско Михаилов смета дека не постои никаква оправданост за овој сомнеж. „Ако не е корисна оваа вакцина, тогаш Светската здравствена организација и сите здравствени работници...

Продолжи со читање

Борците се присетија на НОВ

Post Views: 6 Утре се навршуваат 71 година од почетокот на НОВ на Македонија против фашистичкиот окупатор. Токму затоа 11 Октомври е датум со огромно значење за секој македонец. Но за оние кои со свои раце ја извојуваа денешната слобода, овој датум има едно посебно значење. Сојузот на борци и продолжувачи на делото од општините Охрид и Дебрца, денес имаа свечена средба и предавање за делото на генерал Михајло Апостолски, командант на генералштабот на НОВ. Втората светска војна останува запаметена по тажни статистики и фрапантни бројки. Еден ваков податок добивме и од еден од...

Продолжи со читање

Финансиска инјекција за малите и средни претпријатија

Post Views: 5 Македонската банка за подршка и развој  како лек за рецесијата,  нуди поволни кредитни линии. Овој пат пациенти се малите и средни претпријатија од областа на земјоделието. Од Стопанската комора пак посредуваат во објаснувањето на условите за користење на овие кредитни линии како и потребната документација за истите. Тие сметаат дека кредитните линии се поволни и дека треба максимално да бидат искористени, посебно во услови на рецесија од која сите се зафатени.„Па нормално кај малите и средни претпријатија е поизразен тој притисок од рецесијата што еве ја зафати и...

Продолжи со читање

Митот за животното осигурување

Post Views: 6 Луѓето работат за иднината, за своите деца, за нивното образование. Оттука најчестото прашање кое си го поставуваат е како да ја обезбедат нивната иднина. Одговорот може да го пронајдат во животното осигурување. Навидум тежок за разбирање поим, но во суштина сепак едноставен. Според луѓето од Граве осигурителната компанија, животното осигурување не е само инструмент за заштита, туку и начин на обезбедување на заштеда за некој иден период. Еве што значи тоа.„Со самото тоа што сте направиле животно осигурување во одреден момент, вие имате одредена заштеда. Значи после...

Продолжи со читање

Се најде ли решение за проблемот со греењето во ОУ „Климент Охридски“?

Post Views: 6 Се наѕира ли конечно решение за проблемот со затоплувањето во основното училиште „Свети Климент Охридски“? Како причина број еден за овој сериозен проблем, се смета старата и дотраена дограма во ова основно училиште. Според зборовите на првиот човек на градов, градоначалникот Петрески, за скоро време и овој проблем би требало да добие своја разрешница. „Свети Климент училиштето ние имаме намера да ја смениме дограмата бидејќи е стара, дрвена дограма и бевме до пред некој месец убедени дека со Норвешката амбасада имавме проект дека тие ќе вложат како амбасада за тоа...

Продолжи со читање

Цветан Грозданов-Цел живот посветен на наука и истражување

Post Views: 7 Зборовите „Златен јубилеј“ не се доволни да се објасни сјајот на една долга и успешна кариера. Цели педесет години, академик Цветан Грозданов, со сето свое знаење и искуство стекнато со макотрпна работа, стои прв на фронтот на откривањето и презервацијата на македонските најзначајни културно-уметнички дела. За нас, охриѓани, Грозданов е двојно позначаен поради фактот што е наш сограѓанин. Од детството поминато во Света Софија, преку значајот на Охридската архиепископија, ликот на Свети Климент е негова најчеста размисла. Според академик Грозданов, токму овој период...

Продолжи со читање

Архитектнонските бариери, проблем број еден за лицата со инвалидитет

Post Views: 4 Лицата со телесен инвалидитет и натаму мака мачат со архитектонските бариери. Пристапот до јавните институции, установи, објекти станува невозможен, доколку тие не се адаптирани или пак изградени по стандарди кои предвидуваат пристапност за лица со инвалидитет. „Почетокот, основата за разрешување на одредени права за лицата со инвалидитет, тргнува од пристапноста, од можноста овие лица самостојно да се придвижат и пристапат кон институција која им е во интерес во даден момент.“-вели претседателот на националниот сојуз на лица со телесен инвалидитет, Бранимир...

Продолжи со читање

Младите германци невработени како врсниците од Македонија

Post Views: 9 Помалку работни часови, повеќе време со своите семејства, поголема плата, поголема можност за професионално усовршување. Сигурно ви звучи познато. Ова е веројатно сонот со кој секој млад македонец го започнува своето стручно образование. Но овие неколку убави желби не се само наши, туку се желби на сите млади насекаде низ светот. А светот во обидите да стигне до достоинствена работа, најпрво морал да се бори за своите работнички права. За прв пат, организирано и македонската младина се приклучува кон таа мисија, го одбележа, Светскиот ден на достоинствена работа,...

Продолжи со читање