Автор: Мишел Наумоски
Post Views: 16 Успеси, успеси и само успеси. Уште еден гастрономско-туристичко успех на средношколците од Ванчо Питошески. Овој пат ја освоија Словенија на Гатус 2012, или гастрономско-туристичките средби во Ново Место. Учениците се натпреварувале во три дисциплини, и тоа послужување на маса, готварство и презентација на својот град како туристичка дестинација. Најатрактивна од овие дисциплини секако онаа каде што се подготвува храна. Целта: Да се зготви најдобро јадење во котле. Намирниците исти, условите исти. Рокот за подготвување 2 до 2 и пол часа, а нашите охриѓани...
Добредојде и со среќа на новите студенти-почна академската година
Post Views: 6 Започна новата академска година. Двете високообразовни институции во градов, Универзитетот за информатички науки и технологии-„Свети Апостол Павле“ и Факултетот за туризам и угостителство „Свети Климент Охридски“ им посакаа добредојде на новите студенти. Со емотивен и мотивирачки говор, пред бруцошите од Универзитетот „Свети Апостол Павле“ се обрати претседателот на Република Македонија, Ѓорѓе Иванов.„Вистинска чест е можноста да ве поздравам на првиот академски час за академската 2012/2013 година. Искрено ме радува тоа што толку многу млади луѓе одлучиле да се...
Втора етапа од проектот на младинската организација УФУК
Post Views: 5 Мир и соживот на Балканот е пораката која синоќа ја пренесоа високите турски функционери, професорот Булент Араш од Институтот за стратешки истражувања од Турција и Ѓурсел Донмез од Агенцијата за соработка на турската дијаспора. Нивната посета на Охрид е дел од реализацијата на втората етапа на проектот на турската младинска организација УФУК од Македонија „100 години од Балканските војни“. Професорот Араш го потенцираше значењето на соработката помеѓу народите на Балканот во чија насока се движи и моменталната надворешна политика на Турција.„Турција се грижи за...
Курајчани ќе маршираат во чест на војводата Аргир Маринчев
Post Views: 13 Куратица утре маршира во чест на револуционерот Аргир Маринчев. Претседателот на месната заедница од Куратица, Горан Ангелоски вели дека оваа идеја отсекогаш постоела и се негувала во Куратица, но годинава сакале таа да биде понагласена. Нивниот марш започнува од средсело, а учесниците ќе треба да поминат четирикилометарска патека се до вечното почивалиште на Маринчев, каде на 13ти Септември далечната 1903 година, овој револуционер загинал заедно со својата чета.„Целта на тој настан е промовира, да се запознае јавноста со еден настан што се случувал во охридскиот...
Ликовниот караван „Најубавите мои сништа“ доаѓа во Охрид
Post Views: 15 Прекрасните слики, скулптури и графики на Интернационалниот ликовен караван конечно во Охрид. Оваа ликовна изложба која традиционално се одржува секоја година по завршувањето на Струшките вечери на поезијата, откако ги воодушеви стружани, сега доаѓа да го освои и Охрид. Се работи за вкупно 35 дела кои вклучуваат слики, графики и скулптури на уметници од Македонија, Србија, Германија, Бразил, Унгарија и Русија.„Овој циклус ќе трае десет години, до 2020 година. Првата беше интересна за жените тема, „Жената-најфината творба на природата“, а и оваа тема. Многу уметници...
Заврши осумгодишниот пост во ловењето со блинкер
Post Views: 9 Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Димовски, сигурен дека доделувањето на концесиите за рекреативен и стопански риболов ќе помогнат во зачувувањето на рибниот фонд. Министерот призна дека навидум тоа изгледа контрадикторно, но смета дека тоа е вистинскиот начин не само за соочувување, туку и за проширување на рибниот фонд во езерото. „Дојдовме до констатација дека постоечката ситуација е неодржлива и дека е потребно сепак да има еден организиран начин на рибарење би реков во Охридското Езеро, во водите на Охридското Езеро, но тоа да биде...
Охридските кајакари одлични на регатата Охрид 2012
Post Views: 10 52,50 поени им беа потребни на струшките кајакари од кајак кану клубот „Црн Дрим“ за да го освојат првото место во вкупниот пласман на единаесетата меѓународна регата Охрид 2012. Само половина поен зад стружани се пласираа кајакарите на кајак кану клубот „Стрмец“ од Охрид, а третата позиција во вкупниот пласман ја освоија уште едни охриѓани, и тоа кајакарите од кајак кану клубот „Ехо“ со 35,50 бода. Ова единаесетто издание на регатата во кајак на мирни води, својот меѓународен карактер го одржа со натпреварувачите од Зрењанин-Србија и кајакарите од Софија,...
Македонците одлични на Охридскиот атлетски маратон
Post Views: 6 Одличен епилог за македонските претставници на Охридскиот атлетски маратон. Триумфално низ целта пред Домот на култура помина охриѓанката Јована Целеска, а после неа пристигна и Ивана Младеновска од Скопје. Иако во женска конкуренција имаше само три натпреварувачки, сепак самото завршување на маратонот претставува голем успех. Во машка конкуренција пак со време од два часа и четириесет секунди, заеднички, целта ја минаа и првите двајца македонци. Кокан Јаневски и Јовица Ристовски завршија официјално на четвртото и петтото место.„Како се одвиваше трката? Имам...