Skip to main content

Автор: Мишел Наумоски

60 години ансамбл „Билјана“

Post Views: 18 Неповторливите изведби на  старите охридски песни од нашиот познат ансамбл „Билјана“ овековечени преку нивните настапи, со години ги воодушевувале почитувачите на староградската музика. Овој пат по повод еден прекрасен јубилеј, мајсторските звуци на овој ансамбл ќе ни ги пренесат нивните подмладоци од групата „Билјана Јуниор“.„Ова е музички хепенинг по повод шеесет години постоење на ансамблот „Билјана“ кој го организираме ние, групата Билјана јуниор во нивна чест. Ќе се одржува во месноста Сараиште на 8 Септември со што воедно се приклучуваме и кон одбележувањето...

Продолжи со читање

По едногодишна пауза, годинава повторно Охридски атлетски маратон

Post Views: 10 Педесетина маратонци, утре на денот на независноста на Република Македонија, ќе го трчаат познатиот Охридски меѓународен атлетски маратон. Тешката маратонска делница започнува од граничната караула во Свети Наум, а завршува во градот, пред Домот на култура, и е во должина од 30 километри. „Оваа година, организациониот одбор на Охридскиот атлетски маратон реши да продолжи една долга нишка која што за жал минатата година беше прекината од финансиски причини. Меѓутоа оваа година решивме повторно да го возобновиме и тоа е веќе 26ти по ред Меѓународен охридски атлетски...

Продолжи со читање

Каде на дополнителна-во редовна или приватна школа?

Post Views: 15 Неизмерна е желбата на родителите да ги видат своите деца како успеваат во животот. Таа желба никогаш не губи на интензитет но со текот на времето добива разни форми на манифестација. Веќе неколку години, во земјава како тренд се јавува запишувањето на децата во приватни школи за дополнителни часови  по јазици, математика, или некој друг предмет. Бројни се  школите кои им стојат на располагање, но и причините поради кои родителите се одлучуваат на овој чекор.„Со текот на времето сите тие причини се искристализираа во едноставни причини, а ние од туторски образовен...

Продолжи со читање

Во Далјан се гради на парцела без сопственик-тврдат жителите

Post Views: 14 Жители на улица Сатеска во населбата Далјан се пожалија дека во нивна непосредна близина се гради, наводно, бесправна градба. Лицето кое овие зафати ги започнало во Саботата, им тврдело дека поседува документи за парцелата на која го гради објектот кој најверојатно треба да биде гаража, но истите не ги приложил. Сомневајќи се во овие тврдења, тие веднаш се јавиле во општинскиот инспекторат, меѓутоа велат дека од таму досега никој не дошол да направи увид.„Ни рекоа дека понеделник ќе се дојде на увид меѓутоа и вчера не дојде никој. Ние и вчера бевме таму, во...

Продолжи со читање

Фејзо Шемо-единствен ром-државен службеник во Охрид

Post Views: 9 Ако не се обидеш, нема ни да успееш. Веројатно никој не го знае тоа подобро од Фејзо Шемо од охридската канцеларија на Државната дирекција за заштита и спасување. Се чини полека станува минато времето кога припадниците на ромската заедница беа закотвени на маргините на македонското општество. Благодарение на Декадата на ромите, но и личната упорност, Фејзо Шемо веќе четврта година е државен службеник и посветено и успешно ја врши својата работа на помлад референт за обука, тренинг и мобилизација. За оваа позиција тој случајно аплицирал на отворениот конкурс на...

Продолжи со читање

Највкусните балкански јадења на Софра 2012

Post Views: 12 Музика, дружба и прекрасна храна. Се чини ова е рецептот за вистинска забава кој Софра 2012 толку успешно го зготви. Овој фестивал на храната кој го собра Балканот во мало, и пријателска Русија, ги понуди најубавите јадења и специјалитети од Македонија, Србија, Бугарија и Русија. Мирисот на јадењата кои секоја држава ги подготвуваше едноставно носи на едно прекрасно место. Вистинска штета што екранот на вашиот телевизор не знае тоа да го пренесе. Сепак ќе се обидеме да ве однесеме најблиску што може до оваа прекрасна манифестација. Ова се учесниците, и нивните...

Продолжи со читање

Лесковчанец ќе чека сезона на дождови за да добие вода

Post Views: 12 Ќе се стави ли крај на проблемите со недостиг на вода во Лескоец? Овој пат до нашата телевизија се обрати жител на улица Илинденска во стариот дел од селото. Славчо Цветкоски револтиран затоа што како што вели цели две недели се соочува со голем недостиг на вода, а се пожали и дека често се случува и воопшто да ја нема оваа драгоцена течност. Цветкоски вели дека ги информирал надлежните за неговиот проблем.„Јас се јавував на неколку пати во Проаква, барав помош значи да се направи начин да имаме вода или рестрикција или да се провери каде оди повеќе вода, да имаме...

Продолжи со читање

Пеењето може да започне!

Post Views: 15 Хоровите од 15 европски земји можат да го започнат своето претставување пред жирите, но и пред љубопитната публика. Јубилејното петто издание на Охридскиот хорски фестивал, вчеравечер беше означено за отворено на најдобар можен начин. Директорот на фестивалот, Александар Димовски, вели дека овој фестивал сведочи за долгата музичка и хорска традиција на нашиот град и изрази надеж дека настапот на овој фестивал сите учесници ќе ги потсетува на нивниот престој во Охрид. Покрај ревијалните настапи и натпреварувачкиот дел, Димовски вели ќе има и други активности.„Во...

Продолжи со читање