Автор: Мишел Наумоски
Post Views: 1.027 Ако сте за пократко, без грижи, и според новиот правилник за издавање на боледувања брзо ќе добиете боледување. Пациентите лесно и на поедноставен начин ќе доаѓаат до своето боледувања ама до седум дена. До овие седум дена потребен им е само матичниот лекар. Над седум дена, односно до и над 15, до 30 или 60 дена малку потешко-велат матичните лекари. Новиот правилник ќе стапи на сила од 1ви Април, а во себе содржи цела низа критериуми кои мора да бидат исполнети за да се дојде до очајно потребното боледување. „Потребни се комплет стандардни лабораториски испитувања...
Младинскиот центар од Струга од денес под општинска капа
Post Views: 201 По две и пол години активно функционирање под капата на УНИЦЕФ и Цивилниот мировен сервис од Германија, Младинскиот центар од Струга, од денес доби самостојност. Барем до 2015 година, за работењето на центарот ќе се грижи општина Струга. Младинскиот центар, во изминативе две и пол години работеше на унапредување на меѓуетничките односи во мултиетничка Струга.„Јас сум многу благодарен што градоначалникот Мерко се согласи да ги покрива трошоците на Центарот до 2015 година. Тоа е многу важно, тоа е одговорност на сите лидери, да направат се што можат за заедниците да...
Врзете ги појасите, не чека интересна седница на Совет
Post Views: 187 Годишните сметки на јавните претпријатија под лупата на советниците. Утрешната четириесет и петта седница воглавно ќе мине во знакот на финансиите. Дваесет и пет точки се најдоа на дневниот ред за утрешната седница на Советот на општина Охрид. Ќе се расправа околу годишните сметки и финансиските извештаи на охридските основни и средни училишта, кои по навика знаат брзо да бидат усвоени. Она што привлекува особено внимание, се годишните сметки и финансиските извештаи на охридските јавни претпријатија и тоа „Охридски Комуналец“, „Градски пазар“, „Погребални услуги“,...
Младите охриѓани ќе го фалат Охрид пред туристите
Post Views: 202 Како младите охриѓани го доживуваат својот град? Ова е прашање на кое за многу брзо ќе добиете одговор, и тоа не било каков. Учениците од средното угостителско училиште „Ванчо Питошески“ се фатиле во костец со науките за туризмот, културното наследство, историјата, биологијата. Преку нив ќе се обидат да стигнат до суштината на огромното охридско културно наследство, но што е уште поважно, тоа ќе го стават и во употреба. Заедно со своите ментори се пријавиле за проектот на УНЕСКО „Светското наследство во рацете на младите“. Ова се нивните активности и причините зошто...
Како студираат нашите студенти?
Post Views: 219 Како студираат нашите студенти? Ова е прашањето кое треба да добие одговор по ревизијата на Болоњскиот систем, или попознатиот ЕКТС систем. Беше најавуван на голема врата низ Европските земји, за многу брзо да стане дел и од нашиот високообразовен систем. Сега, ревизијата се случува и кај нас. Што добија студентите од него, а што изгубија? Колку новиот систем на студирање успеа да го разбуди потенцијалот на македонските студенти, колку им помогна во студирањето, не само во земјава, туку и во странство. Еве што мисли поранешниот студент и сегашен демонстратор на Факултетот...
Кандидатите за директори на Охридско лето-строго чувана тајна
Post Views: 224 Уште само 124 дена. Да, толку останува до почетокот на новото издание на „Охридско лето“. Фестивалот и натаму без директор. Претходниот многу брзо го напушти бродот, што само не тера да помислиме дека веќе никој не сака да седне на жешкото столче. Конкурсот за нов директор почна и заврши во рекордно време, за само осум дена. Потрагата по директор започна на 24 Февруари, а заврши на 3 Март, кој се пријави, се пријави. Единствената информација која јавноста ја доби од Министерството за култура е дека се пријавиле 6 кандидати од кои, неофицијално, само тројца ги исполнувале...
Ќе тргне ли занаетчиството?
Post Views: 290 Тоа не е за занемарување со оглед на фактот што немаат сопствени простории за држење состаноци. Тие испратиле и допис до градоначалникот Петрески за остварување на средба во која од локалната ќе побараат да им обезбеди деловен простор за држење на редовните состаноци. Во меѓувреме комората се снаоѓа и што е поважно донесува сериозни одлуки меѓу кои најважна е онаа за плаќањето на членарината.„Ако за 2011 година претходното раководство успеало да собере 22.000 денари по основ на членарина, само во Февруари ние успеавме да собереме преку 14.000 денари што не е малку....
Кој треба да го чисти каналот „Студенчишта“?
Post Views: 208 Во чија надлежност е чистењето на каналот „Студенчишта“? Ова е прашањето кое се наметна по досегашните препукувања поврзани со актуелните случувања околу снабдувањето со вода, пресушените Билјанини извори и поморот на плашицата. Пандорината кутија која ги исфрли сите зла помеѓу Охриѓани, не остави да се прашуваме кој треба да ги засука ракавите и да го исчисти каналот. Побаравме одговор од Министерството за транспорт и врски. Во дописот кој го испратија до нашата телевизија тие се повикуваат на член 3 и член 9 од Законот за комунални дејности каде комуналниот ред...
Коалицијата за соживот со предлог-измени на Законот за локална самоуправа
Post Views: 179 Подобри услови за функционирање и работа на комисиите за односи помеѓу заедниците е само една од целите кон која тежнее Коалицијата за соживот. Денес тие беа во Струга во обид да го слушнат мислењето на граѓаните околу предложените измени на Законот за локална самоуправа. Се работи за предлог измени на членовите 41 и 55 од овој закон, а со кои сметаат дека ќе влијаат кон подобрување на самиот закон.„Целта на овој настан организиран од Коалицијата за соживот, коалиција во која има дваесет организации предводени од организацијата Институт за развој на заедницата од Тетово,...
Струшките невладини организации против геј бракови
Post Views: 177 Невладините организации од Струга се изјаснија против легализирањето на геј браковите, а особено против посвојувањето на деца од родители со исти пол. Едногласно членовите на невладините Езерка, Светлина, Дом за сите, Енхалон, Рурбан Култ од Струга, реагираа и на најавите од одредени невладини организации во земјава за тужба против министерот за труд и социјална политика, Спиро Ристовски. „Ги почитуваме сите традиционални вредности бидејќи сме против сите стереотипи и предрасуди, но ги почитуваме сите вредности и човекови права. Не се мешаме во определбата на тие луѓе,...
Почесната конзулка од Флорида воодушевена од Струга
Post Views: 181 Почесниот конзул на македонската амбасада на Македонија во Флорида, Дејна Клејн ја посети Струга. На заедничка маса со претставниците од струшката општина разговараа за продлабочување на соработката на Струга и Корал Гејблс од Флорида. Градоначалникот на Струга, Рамиз Мерко вели дека овие два града имаат убава заедничка иднина преку соработки во економијата, културата и други области.„Денеска ние сме тука со тимот на секторот за Локален економски развој на општина Струга. Ќе им ги предложиме сите можни проекти кои ние ги нудиме на инвеститорите, како домашни, така...
ДПМНЕ Струга-Нема промена на имиња на улици без Бадентер
Post Views: 202 ВМРО-ДПМНЕ од Струга ги сефтоса просториите на новиот општински комитет. Оттаму се огласи претседателот на струшкиот огранок, Перо Петкоски. Тој им порача на стружани дека имињата на улиците нема да бидат променети. Одлуката за промена на имињата на струшките улици ги разбранува духовите на последната седница на советот на општина Струга, но Петкоски дециден дека ВМРО-ДПМНЕ е категорично против било каква промена на имиња на улици, институции, плоштади. Велат законот и статутот на општина Струга се на нивна страна, но доколку таа промена сепак се случи, имаат и резервен...