Автор: Мишел Наумоски
Post Views: 70Во Македонија има добар хидролошки режим, но сеедно се дава придонес во насока на справување со климатските промени-вели министерот за животна средина и просторно планирање, Абдулаќим Адеми.Проблемот со климатските промени ги засега сите држави во светот, па оттука и справувањето со нив е задача и обврска на сите. Петтата BALWOIS меѓународна конференција за води, клима и животна средина се занимава токму со овие прашања. Неа ја отвори министерот за животна средина и просторно планирање на Република Македонија, Абдулаќим Адеми кој изрази надеж дека оваа конференција ќе заврши...
Каде оди мојот град-на трибина запраша ВМРО-ДПМНЕ
Post Views: 66Каде оди мојот град? Ова е краткото прашање кое го поставија членовите на ВМРО-ДПМНЕ од Охрид. Одговорите кои ги понудија на денешната трибина беа далеку побројни и пообемни. Се дискутираше за културата, туризмот, функционирањето на локалната самоуправа, урбанизмот. „На Охрид му требаат промени, кадровски, промени на менталниот склоп, му треба младина која сака да дава, а не да зема од градот.“ -вели Дејан Паноски-советникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ. Како клучен проблем во функционирањето на општината тој ги наведе јавните претпријатија.„Стоиме на ставот дека јавните...
Безбедноста-императив за Западен Балкан
Post Views: 61Нато и Европската унија се иднината на Западен Балкан пред се од безбедносен аспект. Ова е една од поентите истакнати на денешната меѓународна конференција. За „Безбедноста и евроатлантските перспективи на Балканот“ со свој говор се обрати министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска. Таа потенцираше дека делувањето на безбедносните институции на Република Македонија истовремено делува и на сопствената, но и на регионалната безбедност.„Во изминатиот период во Македонија беше конституирана една мошне солидна регулативна и институционална основа за натамошна надградба...
Германски искуства: Охрид да тежнее кон одржлив туризам
Post Views: 61Културно-историската вредност на Охрид е непроценлива и мора да се чува. Одржливиот туризам е насоката во која градов треба да се движи, барем според советите на германците од универзитетот за одржлив развој од Еберсвалде и фондацијата за заштита на природата. „Во Охрид доаѓаат многу туристи кои ја менуваат и и наштетуваат на природната средина, затоа ние сакаме да реализираме проекти кои ќе го поддржат развивањето на одржливиот туризам во Охридскиот регион.“-смета д-р Улрих Вите, генерален секретар на германската фондација за заштита на природата. „Јас не можам да кажам што...
Европски и Крив слатководен рак-наши малку познати соседи
Post Views: 167Astacus astacus и Potamon fluviatile, изгледаат чудно исто како што звучат. Ова се двата видови на слатководни ракови кои што живеат кај нас. Првиот, Astacus astacus или Европски слатководен рак се среќава почесто, додека Potamon fluviatile или Кривиот слатководен рак е далеку поредок. Европскиот рак може да се сретне низ целото Охридско Езеро, додека Кривиот се среќава исклучиво на територијата помеѓу Калишта и Радожда, а го има и во целиот албански дел. Овој рак пред околу 25 години го имало во многу поголеми количини, но отприлика во тој период во скоро сите води во...
Охриѓани без вода-ПРОАКВА чистеше резервоари
Post Views: 63Охриѓани денес во најголемиот дел од денот останаа без вода. Причина: најавената акција на меѓуопштинското јавно претпријатие „ПРОАКВА“ за чистење од талог на градските резервоари. Службите на претпријатието пред се ги сервисираа главните резервоари на локалитетот „Студенчишта“ преку кој, околу 70 проценти од градот се снабдува со вода за пиење, а има капацитет од над 3000 метри кубни. „Денес во Проаква презедовме една поширока акција која е неминовна еднаш во годината мора да ја извршиме. Се работи на неколку сегменти, прво и основно се чистат главните резервоари, втора...
Фондот за пензиско очи в очи со Охриѓани
Post Views: 75Само дваесетина пријавени граѓани за средбата со претставниците од Фондот за пензиско и инвалидско осигурување. Заинтересираните граѓани, оние кои имаат реални проблеми поврзани со Фондот, имаа рок до 18ти овој месец да ги достават своите прашања со што Фондот би добил време да го разгледа нивниот проблем. Или Охриѓани немаат никакви проблеми околу своите пензиски права или се слабо информирани или пак се незаинтересирани. Од оние присутните, најмногу прашања имаше околу непризнаените години работен стаж и неостварените права од странски пензии.„Бидејќи се ова регионални...
Спортски празник за пензионерите од југозападниот регион
Post Views: 81Над 130 пензионери во 11 спортски дисциплини си ги одмерија силите. 17тите по ред регионални спортски пензионерски натпревари ги опфатија здруженијата на пензионери од Охрид и Дебрца, Струга и Вевчани, Дебар и Центар Жупа, Кичево и Македонски брод. Се трчаше на 60 и 80 метри, се фрлаше ѓуле, се тегнеше јаже и уште многу други дисциплини. Фаворити на овој регионален натпревар, се разбира домаќините.„Во претходните 16, Здружението на пензионери на Охрид и Дебрца ги освојуваше првите места екипно и се надевам и оваа година тоа ќе се случи бидејќи без скромност сме припремени...







