Автор: Мишел Наумоски
Post Views: 8 Охридскиот плоштад денес зрачеше со позитивна енергија. Точно на пладне, буквално сите охридски матуранти го изиграа матурскиот танц. 400 деца во сини и црвени маички заедно со нивните врсници од неколку европски земји го играа „квадрилот“, а и добро се забавуваа. Оваа година помасовно од било кога матурантите од нашиот град, потоа од Струга, Ресен, Струмица, Гевгелија и Скопје, тргнаа во поход кон Гинисовиот рекорд во групно танцување. Еве дел од нивните импресии.„Супер беше, прекрасно. Малку беше напорно, ама сепак одлично. Се надевам и дека ќе го срушиме...
Трошоци за живот или трошоци за преживување?
Post Views: 7 Цените растат, буџетот на обичниот граѓанин закован за дното. За жал се поплитки стануваат џебовите на македонецот, па се повеќе основните потреби стануваат луксуз. Ако некогаш се знаеше кои се основни, а кои луксузни потреби, сега и таа граница како полека да се брише. Од месец во месец трошоците на живот се зголемуваат, а платите не мрдаат од место. Овој период не зафатија и матури, а токму цените на облеката и обувките најмногу скокнале во споредба со претходниот месец и тоа за 2,3 проценти. Ех да беше само тоа, ама не е. И храната и пијалоците скокнале за 1,6...
Очните болести веќе не се болест на постарите
Post Views: 23 Дијабетичната ретинопатија, глаукомот и сенилната дегенерација се трите најчести причини за појава на слепило во Република Македонија. Но ако некогаш очните болести биле сметани за најчесто старечки болести, сега таа граница скоро и да не постои. Кај младата генерација намалувањето на видот е најчесто како последица на вродени рефракциски аномалии односно кратковидост, далекувидост и кривење на очите. Зголемените сончеви и космички зрачења, седењето во зачадени, климатизирани простории како и минување многу време пред компјутер или телевизор се само дел од...
Предновогодишна музичка магија во струшката чаршија
Post Views: 7 Онаму каде што допира музиката, не успева да допре ништо друго. Музика, ноти, хармонии кои ја загреваат душата и празничната атмосфера ја прават да биде токму празнична. Втора година со ред, за празничниот дух, се погрижија талентираните средношколци од државното средно музичко училиште „Тодор Скаловски-Тетоец“ од Струга.„Лани овој концерт помина добро, народот дојде и не слушна, виде дека постоиме, па се одлучивме и оваа година да го направиме истиот концерт во близина на новогодишните празници и се надевам дека ова ќе ни прерасне во традиција, да создадеме еден...
Пензионерите од Охрид и Дебрца се размрдаа
Post Views: 7 Спортски викенд за пензионерите од Охрид и Дебрца. Загреани за спортот, тие се натпреваруваа во неколку дисциплини. Фрлаа пикадо, стрелаа со воздушни пушки, а удрија и по некоја партија шах и табла. Овие натпревари на охридските пензионери се дел од седумнаесетите по ред спортски пензионерски натпревари. А нашите пензионери добро се покажале и на регионалните, но и на републичките натпревари.„Ова е согласно програмата на Здружението на пензионери од Македонија на овие натпревари кои што се изборни за регионалните, а потоа и за републичките, се присутни околу 140 до...
Прекрасен хепенинг на Црвениот крст од Охрид
Post Views: 5 Продолжуваат целонеделните активности на Црвениот крст од Охрид. Неделата на Црвениот крст и Црвената полумесечна започнаа токму на роденденот на основоположникот на оваа организација, Анри Динан, 8ми Мај, а завршуваат на 15ти Мај. Бројни волонтери на Црвениот крст беа присутни на овој хепенинг и се погрижија за тој да помине во најдобар ред.„Денеска се одвива и традиционалната крводарителска акција под покровителство, помош и подршка на спортската обложувалница премиер голем број на крводарители се одзваа на нашиот повик, навистина им благодарам на хуманоста а и...
Со арбитража до пократки правни спорови
Post Views: 9 Што е тоа арбитража? Ова е поим кој навистина е малку познат помеѓу граѓаните. Ако ве асоцираше на фудбалски меч, па и не сте премногу далеку од вистината. Арбитражата или арбитражното решавање на споровите е всушност еден алтернативен начин на решавање на споровите каде двете странки си бираат по еден арбитар, а еден арбитар назначува и претседателот на арбитражата. Арбитражната постапка се поведува се со цел да се избегнат некогаш и бесконечните судски постапки кои ви го трошат и вашето време и вашите пари. За жал овој начин на решавање на споровите сеуште не е...
Денот на Европа на Охридски начин
Post Views: 5 За Европа да не биде само пуста желба потребна е активна вклученост на граѓанинот во сите демократски процеси. А само едуциран граѓанин може да биде столб на европската иднина на земјава. Додека Европа слави 62 години постоење, кај нас сеуште се дебатира на тема нашите перспективи за членство во големото европско семејство. Младинскиот Совет од Охрид во соработка со Работничкиот универзитет „Кузман Шапкарев“, и локалната иницијативна група на граѓани, организираше средба на која се разгледуваа Европските перспективи на Македонија и улогата на локалната заедница кон...