Автор: Мишел Наумоски
Post Views: 11 Богатата историја си го прави своето. Охрид, културниот и световниот балкански Ерусалим, изобилува со споменици почнувајќи од словенскиот период, па се до НОБ. Просветители, писатели, преродбеници и револуционери, добар дел од важните историски личности добиле свој монумент кој говори за нивното значење. Сепак се поставува прашањето колку внимание се посветува на нивното одржување. Охриѓани со поделени мислења.„Сметам дека доволно се посветува внимание. Прилично добро. Заинтересирани се поголем број на институции, поединци. Во Охридов посебно е прилично добро.“ ...
Конечно електронски катастар во Охрид
Post Views: 7 Двојно повеќе шалтери во Катастар , за барем се надеваме, двојно побрза работа. Охридското подрачно одделение за катастар на недвижности денес ги промовираше новите работни простории. Покрај трите стари, сега и три нови шалтери во Катастар. Со пуштањето на реновираните простории во употреба, подрачното одделение во Охрид добива една репрезентативна шалтерска сала-вели портпаролот на Агенцијата за катастар на недвижности, Валентина Христова-Стефановска. Заедно со новите шалтери, во Охрид започна со работа и електронскиот катастар кој треба да ја олесни работата и на...
Охридскиот Црвен крст го слави роденденот на Динан
Post Views: 10 Со положување на цвеќе пред неговата биста, кон одбележувањето се приклучи и општинската организација на Црвениот крст од Охрид. Инаку мотото на Црвениот крст на Македонија годинава е „Младите се на потег“ па во тој дух како дел од денешните свечености, Охридскиот црвен крст организираше и отворен, Инфо-ден наменет за најмладите, децата од охридските градинки.„Активностите кои што денеска ги спроведовме со најмладите беа токму подготвени за нивно ниво, значи тоа беше интересна приказна тие беа многу љубопитни, поставуваа многу прашања, беа воодушевени од потегот на...
Секое задоволство чини пари или?
Post Views: 12 Обично не ни помислуваме на нив во остатокот од годината, но штом се приближи летото е дури тогаш јавните градски чешми стануваат поинтересни. Со порастот на температурите, жедта настапува многу побрзо, па се што сакате е само да се напиете од ладната течност која живот значи. Ама каде? Можеби ќе ја побарате најблиската јавна чешма. Кога ќе стигнете таму, што гледате? Редица луѓе од тука па до Струга. Ете ваквите сцени не натераа да се запрашаме дали имаме доволно јавни чешми низ градов. Еве што Охриѓани мислат за тоа.„Многу бедно, многу малку чешми. Овој народ па...
Велосипедски празничен викенд во Охрид
Post Views: 9 Сончевото време околу 1ви Мај го донесе до совршенство велосипедскиот празничен викенд во Охрид. Патешествијата започнаа на 28ми Април со Велокамп 2012, каде учесниците имаа организирано ноќевање, за да продолжи наредниот ден со државниот друмски натпревар кој носи бодови на ранг листата на Македонија. Натпреварот се одржа на релацијата Охрид-Струга-Дебар, односно по течението на реката Црн Дрим. Инаку оваа патека се вози за прв пат по 20 години. На 30ти Април се одржа и рекреативен маратон низ неколку струшки села, за на 1ви Мај да се одржи веќе познатиот натпревар...
Што празник беше денес?
Post Views: 11 Пролетери од целиот свет обединете се!!! Вака гласи најпознатиот слоган на Карл Маркс, но не верувам дека мислел на првомајските скари и прослави, а ако мислел на тоа, богами буквално сме го сфатиле. Но еве не сега, 20 години после осамостојувањето на државава, живееме во еден друг систем, со други вредности. А од прославите се помалку останува. Не толку како Ден на трудот, туку повеќе како Ден за оддишка на обичниот граѓанин, ден за бегство во високите планини и шуми каде не допираат секојдневните проблеми. 1Ви Мај се повеќе го губи и ова значење, и станува...
Портокалово, портокалово и пак портокалово
Post Views: 10 Познато сценарио, познати актери. Насмеани, ведри, облечени во карактеристичната портокалова боја, холандските туристи денес имаа можност далеку од дома да го прослават денот на холандската кралица. Плажата Куба Либре и овој пат беше домаќин и организатор на најважниот празник во холандската култура. На прославата беше присутна и првата дама на холандската дипломатија во Македонија, Мариет Шурман.„Не ми е прв пат тука во Охрид, но точно ова ми е прв пат да сум во Охрид за денот на кралицата. И денес е денот Д, 30 Април па ние го прославуваме нашиот национален...
Ниту турски, ниту грчки, туку oхридски варен ѓеврек
Post Views: 15 Веројатно сте запознаени со најновите несогласувања помеѓу Грција и Турција околу тоа каде е татковината на ѓеврекот. И додека Грција тврди дека кулурито како што тие го викаат потекнува од византиски период, турците тврдат дека нивниот симит е она вистинското. Оваа навидум бесмислена препирка не заинтересира и нас па надевајќи се дека ќе ни помогнат во оваа дилема, решивме да ги запрашаме нашите граѓани кој ѓеврек нив им е најпознат. Еве што ни одговорија.„За мене само охридскиот, варениот ѓеврек.“„Јас варениот го сакам.“„Па во Охрид сум, ќе речам охридскиот варен...