Автор: Мишел Наумоски
Post Views: 49Низ забава, игра, организирање работилници, на еден спонтан начин, полека но сигурно меѓуетничкиот дијалог застанува на нозе. Ова барем според резултатите од петмесечниот проект на Локалната агенција за развој од Струга за зајакнување на меѓукултурниот дијалог помеѓу младите. Учениците од средните општински училишта „Д-р Ибраим Темо“ и „Нико Нестор“ од Струга, кои зедоа свое учество во овој проект, не само што слушаа, туку и самите беа ставени во улога да предаваат на своите врсници.„Стекнавме многу знаења. Сето тоа знаење потоа се потрудивме да го пренесеме на нашите...
ЈП „Билјанини извори“ конечно ги доби паркинзите во градов
Post Views: 76Бидна и тоа. Јавното претпријатие „Билјанини извори“ ги доби паркинзите во Охрид. Ваквата одлука денес беше едногласно изгласана од Советот на општина Охрид. Со тоа, ова јавно претпријатие, по стапувањето на сила на оваа одлука, ќе биде носител на правото на располагање со 12 стари паркинзи низ градот, но и со четири нови од кои два лоцирани во Лагадин, и по еден кај Горица 3 и хотелот Бетон. Сепак директорот на ЈП „Билјанини извори“, Боро Шајн вели дека ќе ги задржат само најпрофитабилните паркинзи.„Ако ние ги задржиме сите паркинзи, тогаш по нашите проценки ќе ни бидат...
„Скопје ремикс“-девет филмови една целина
Post Views: 70Секој мозаик има повеќе мали составни делчиња кои ја даваат целата слика. Така и „Скопје ремикс“ филмот за културниот ритам на градот под Калето преку девет кратки филма се обидува да го дофати духот на една генерација. „Скопје ремикс“ е сложувалка на чие составување во изминативе две и пол години работеа десет млади македонски режисери меѓу кои Борјан Зафировски, Дарјан Пејовски, Огнен Димитровски Срѓан Јанакиевиќ, Ѓорѓе Ставрески, Саша Станишиќ, Јане Алтипармаков, Вардан Тозија, Бојан Трифуновски и Синиша Ефтимов. Водечка сила на филмот е музиката, музиката создавана од...
Матичен лекар кога ќе ти притреба
Post Views: 79Или двосменско работење или работење во различни смени со замената. Од сега вака би требало да функционира примарната здравствена заштита во градов, но и во земјава. На овој начин Фондот за здравство се обидува да обезбеди континуирана здравствена заштита за пациентите. Ова особено добро ќе им помогне на интернистите при Општата болница во Охрид кои велат дека имаат прекумерна работа, но и дека непотребно трошат скапоцени ресурси. Причина: Голем дел од пациентите кои доаѓаат кај нив всушност требало да отидат кај својот матичен. „Тоа ќе биде задача на Фондот да ги стави во...
Охриѓани доминираа на регионалните хорски смотри
Post Views: 65И основните и средните училишта од Охрид одлично се покажаа. Овие смотри секоја година се одржуваат во рамките на основното училиште „Христо Узунов“. Учествуваа 16 хорови и 11 оркестри од основните и средните училишта од Охрид, Струга и Кичево. Првото место кај средните училишта убедливо го освои младинскиот мешан хор при ОСУ „Свети Климент Охридски“, додека кај основните првото место им припадна на хористите од основното училиште „Христо Узунов“, а со прво место, но во категоријата оркестри се закити оркестарот од ОУ „Свети Климент Охридски“-Охрид. Двата прво пласирани...
Работничките права-најподложни на непочитување
Post Views: 66Светот денес го одбележува меѓународниот ден на човековите права. „Мојот глас одлучува“ е мотото под кое денес се обединуваат државите во светот со цел да покажат дека битката за почитување на човековите права е постојана и никогаш не запира. Со ова се согласува и Драгица Попоска од невладината организација „Езерка“ од Струга. Но, од она што како искуство го има оваа невладина организација, Попоска вели дека барем на територијата на Струга, граѓаните доколку им било прекршено некое право, помош бараат во невладините организации, а не во институциите. Додава дека невладините...
ФТУ со американски искуства до подобри предавања
Post Views: 73Културниот диверзитет, различните народи и култури од големо значење за развојот на туризмот и угостителството. Ова е хајлајтот од четиридневниот семинар на кој учествуваа професори од Факултетот за туризам и угостителство и претставниците од Комјунити колеџите од САД. Целта е да се разменат искуства и во теоретските знаења, но посебно во практичното работење на наставниот кадар.„Тие добиваат знаења за начинот на пренос на знаењата во САД, пренос на практичниот начин на работење она што ние се обидуваме да го воведуваме што повеќе во нашите предавања. Контакт со нашите колеги...
Одржана манифестацијата „Детски семафор 2012“
Post Views: 69Во последно време се подолу се спушта границата од која може активно да се учествува во сообраќајот.“ Оттука одржувањето на ваквите манифестации е особено важно за всадување на сообраќајните правила во младите детски глави. „Се она што не е дел од редовната настава секогаш повеќе ги привлекува децата а згора на тоа и самиот факт што децата уште од млади години стануваат реални учесници во сообраќајот, значи не теоретски дел или некаде настрана одвоени туку точно учесници како велосипедисти, како мопедисти, пешаци па и мотористи од млади години во реалниот сообраќај каде се...







