Автор: Мишел Наумоски
Post Views: 11 Значајните културно-историски објекти во Струга во завршна фаза од процесот на нивна ревалоризација. Иако станува збор за очигледно помал број на објекти кои ќе бидат реставрирани за разлика од она што се работи во Охрид, министерката за култура, Елизабета Канческа-Милевска негира дека станува збор за некаква селективност кај министерството. Таа вели дека средствата од буџетот на министерството се распределуваат на конкурс и дека тие не можат да одвојат средства за некоја институција ако таа не се јавила на конкурс или не аплицирала со проекти.„ Нашите национални...
Матурантите од Јахја Кемал вистински дипломати
Post Views: 8 Соодветен код на облекување, став и држење, следење на официјален протокол но пред се дружба, размена на идеи и мислења. Матурантите од приватното средно училиште “Јахја Ќемал” организираа симулација на дипломатски прием кој навистина изгледаше уверливо и впечатливо. Тие рекоа дека ова за нив е еден интересен и возбудлив настан, но и настан кој ќе им помогне многу во нивните идни кариери. “Сметам дека е прилично важен манир, јас планирам да ги продолжам моите студии на меѓународно право или меѓународни односи, нешто во тој стил, затоа ова би ми...
Женскиот автобус против насилството врз жените пристигна во Струга
Post Views: 22 Прекини ја тишината, проговори гласно, стави точка на насилството. Ова се пораките кои гласно одекнаа денес низ струшката чаршија. Женскиот автобус на клубот Зонта од Скопје пристигна во Струга, во рамки на кампањата за борба против насилството врз жените. Портокалови маички, шалчиња, флаери, торбички, се делеа на граѓаните како би се зголемила видливоста на проблемот со насилството врз жените. “Женскиот автобус патува низ Македонија, за сите овие 16 дена, почетниот настан беше на 25ти во Скопје, завршниот повторно ќе биде во Скопје, на 10ти декември, а...
Експерти: Соодветна опрема, а не само теоретска подготвеност на службите за заштита и спасување
Post Views: 9 Локалните капацитети за заштита и спасување освен теоретската и практична подготовка, мора да поседуваат и соодветна опрема за дејствување во случај на некоја катастрофа. Според претставникот на Данската агенција за управување со вонредни ситуации, ДЕМА, проф.д-р Шефик Мухиќ, предвидувањето на можните последици, како и оперативните акции за минимализирање на истите, е еден од најважните процеси во спречувањето на катастрофите или барем сведување на материјалните штети и загубата на човечки живот на најниско можно ниво. “Тука мора да се пронајде еден...
Според едни водата во Струга е хлорирана, според други не, и не треба да се пие
Post Views: 7 Пронајдени патогени бактерии во водата за пиење во струшко Франгово и Октиси, а неисправна за пиење е и водата од струшкиот водовод, тврди директорот на Центарот за јавно здравје од Охрид, Атанаско Михаилов. Тој вели дека состојбата со резидуалниот хлор во водата за пиење во Струга будно се следи, водата постојано ја испитуваат, а денес биле земени и мостри кои ќе треба да покажат дали и во струшкиот водовод, водата за пиење содржи ешерихија коли и ентерококи бактерии како во Франгово и Октиси. Михаилов вели дека за резултатите ќе биде известена и Агенцијата за...
Дебата на МОСТ за еколошките прашања во Струга
Post Views: 8 Целта на настанот е преку директна комуникација со избраните претставници отворено да се разговара за овие прашања со оглед на фактот дека ова се прашања кои ги засегнуваат сите граѓани на Струга. Загадувањето на животната средина од локалната депонија негативно влијае и на здравјето на граѓаните како и на економскиот развој и туризмот во регионот. Дополнително загрижувачки се и последните информации за загадената вода за пиење. Дебатата е јавна и на неа можат да присуствуваат сите заинтересирани граѓани. На дебатата ќе говорат пратеници, како и претставници од...
Последни подготовки за велосипедската тура Тур де Галичица
Post Views: 9 Скоро се е подготвено за големата велосипедската тура Тур де Галичица 2016та. Оваа исцрпувачка и авантуристичка тура за велосипедисти која се вози по падините на Галичица, од ресенска страна е исклучително тешка и не се препорачува за почетници. На главниот настан, односно велосипедската тура му претходи забавен дел со кампување, музика и диџеи, логорски огнови и дружба.„На 19ти почнува турата од 9 часот, стартот е од плоштадот во Ресен, кај јаболково што си велиме ние по наше. турата е обележана некаде 85 %, пак има уште некои ситници да се поминат ама тие не се...
Прогласување на Јабланица за национален парк за да се решат проблемите со крадењето на дрва и неправилната сеча
Post Views: 12 Политичарите и надлежните посериозно да ги сфатат проблемите со неправилната, нелегална сеча и криволовството на Јабланица, бараат од Македонското еколошко друштво. Ѓорѓе Иванов, проектен менаџер во оваа невладина организација смета дека сите овие проблеми многу лесно би биле надминати доколку конечно се прифати нивната иницијатива за прогласување на планината Јабланица за национален парк во границите кои тие ги предлагаат. „Проектот или самата иницијатива за прогласување на јабланица за НП отприлика веќе трае седум осум години и за сево ова време Македонското...